ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
„Славомакедонците“ се малцинство што живее во Илиријада. ФИРОМ е држава во која живее „славомакедонско“ население што зборува на јужнословенски јазик што се нарекува македонски, а според религиозната припадност се дел од српското православие. Преспа е национален парк, кој се протега на територијата на Грција, Албанија и на Бугарија.
Ова е само дел од лошиот пропаганден материјал што во изминативе месеци исплива од познатите светски енциклопедии, од официјалните веб-страници на европските институции и од приватните интернет-страници на извесни поединци и организации. Се чини дека нас, Македонците, не не загрижува фактот дека од осамостојувањето на нашата држава, веќе цели 15 години, на различни начини се врши пропаганда со која се уриваат нашето име, нашиот јазик и култура, нашето минато.
Дали станува збор за ненамерни грешки или за контролирани и насочени пораки до светската јавност со кои се негира нашето постоење е проблем на тие што ја вршат оваа пропаганда. Меѓутоа, правилото дека и ноторните лаги стануваат вистина откако ќе се повторат по илјада пати, реално и се случува на Македонија во една континуирана, глупава и минатовековна практика на негирање на постоењето на една нација. Доказ за тоа е интернет-мрежата што денес е медиум број еден во светот. Доволно е на пребарувачите да го впишете името Македонија и да ги споредите бројот на излистаните страници што содржат реални или измислени податоци за нашата земја. Факт е дека без разлика дали се работи за бугарски, албански, грчки или за какви било извори, на оваа мрежа има повеќе „факти“ и податоци за нашето непостоење отколку за вистината за нашиот народ и за нашата држава.
Се поставува прашањето дали сме ние кадарни да реагираме соодветно во одбрана на нашиот идентитет. Дека е тоа потребно е повеќе од очигледно, не толку поради провокативните содржини што различни усвитени глави ги пласираат на Интернет, туку најмногу поради „умните“ глави од Европа и од светот, кои внимателно ги подготвуваат најпознатите енциклопедиски изданија. Во повеќе случаи се покажа дека тие податоци на кои подоцна им верува светското население ги црпат произволно и секаде. Факт е дека ние институционално не можеме да се бориме против лагите за Македонија, кои ги има во изобилство на интернет-мрежата. Меѓутоа, можеби Владата, министрите, секретарите, учителите, студентите, учениците, бизнисмените, иселениците ... ти, јас и сите ние што имаме пристап до парче хартија и пенкало, или пак колкав-толкав пристап до Интернет, треба да реагираме и најкратко, во две реченици, да напишеме дека грешат сите што мислат дека Македонија и Македонците се измислени поими и оваа кратка порака да ја испратиме до сите познати и непознати адреси во светот. Неколку корекции, кои следуваа по нашите пишувања за грешките, како тие во „Енциклопедија Британика” или на веб-страницата на ЕУ, не уверуваат дека трудот не е залуден и дека поправките се можни. Нашите институции чија задача е да се грижат за државните интереси може да извлечат поука од тоа.
-Kako da se borime protiv ovaa svoevidna agresija vrz Makedonija i Makedonskiot narod?Site dobronamerni idei i soveti se dobrodojdeni tokmu na ova mesto.