Ако пиеш од скоро антидепресиви, тие така реагираат додека да ти се научи организмот, значи ќе се чуствуваш омалаксана, ќе ти се спие, ќе имаш зголемен апетит и ќе се осеќаш како гомно, ќе немаш желба од кревет да станеш.
Ако ги пиеш подолго време (повеќе од месец дена) и сеуште се осеќаш исто, појди си кај матичниот психијатар и нека ти смени терапија.
Совет не се затварај дома, гледај денот да го исполниш со обврски, пријателки, кафица, спортување, пешачење, чистење по дома и креветот нека ти биде потреба само ноќе кога ќе треба да спиеш.
Дури и кога ти е тешко и немаш желба овие работи да ги правиш, смогни сили и прави ги. Најбитно од се е мозокот да ти биде зафатен, дека ако само лежиш и спиеш ќе си направиш полошо за себе, психата е заебана ствар.