Андреј Јакимовски

  • Креатор на темата Креатор на темата okumamen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јануари 2023
Мислења
137
Поени од реакции
144
Не успеав да најдам тема посветена на Андреј, ако ја има би ве замолил да го префрлите постот.

Андреј 3 години беше во колеџот "Вашингтон Стејт" во НЦАА 1 лига, во Колорадо ја одигра последната сезона во колеџ кошарка.

Од оваа сезона прв пат игра како професионалец и мислам дека одбра одличен тим, кој игра и во силната Сериа А и во Еуро куп.

Навистина здравје само, има одличен можност во само една сезона да стекне сериозно искуство.

Андреј се наметна како еден од лидерите во екипата, бележи двоцифрен број на поени, добар е и во скок игра.

Дефинитивно со Ненад Димитриевиќ представува најдодоброто од македонската кошарка 1000005380.jpg1000005382.jpg1000005384.jpg
Автоматски споено мислење:

1000005375.jpg1000005378.jpg
 
Screenshot_20260127_221443_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpg
Screenshot_20260127_221506_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpg
 
Screenshot_20260202_083527_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpgScreenshot_20260202_083608_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpgScreenshot_20260202_083550_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpg
 
Андреј Јакимовски уште поблиску до портите на Евролигата.

pretkvalifikacii-za-ep-kosarka-makedonija-azerbejdzhan-5.jpg

Шпанскиот кошаркарски клуб Валенсија би можел да добие значајно засилување за следната сезона, откако македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски е сè поблиску до трансфер во редовите на овој евролигаш, пренесуваат странските медиуми.

Крилниот кошаркар зад себе има солидна сезона во дресот на Тренто, каде што покажа значителен напредок и зрелост во играта, што го позиционира како подготвен за следниот чекор во кариерата, тоа е настап на највисоко европско ниво.

Пред враќањето во Европа, Јакимовски помина пет години во САД, каде што четири сезони настапуваше за Вашингтон Стејт, а потоа една година беше дел од Колорадо Бафалос во НЦАА лигата. По тоа искуство, тој се одлучи за враќање на европската сцена, каде брзо го привлече вниманието со своите настапи. Во домашното првенство, Јакимовски бележи просек од 9,2 поени и пет скокови по натпревар, додека во Еврокупот има уште поимпресивни бројки – 10,8 поени и 6,1 скок по натпревар, што дополнително ја зголеми неговата вредност на пазарот.


Валенсија, предводена од тренерот Педро Мартинез, оваа сезона се вбројува меѓу најпријатните изненадувања во Евролигата. Шпанскиот состав се наоѓа во самиот врв и има место во плеј-офот.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom