Јас колку што сум упатен, разликата е во следново. Кај аналогниот од графичката дигиталниот сигнал се претвора во аналоген, додека кај DVI сигналот останува дигитален цело време, односно ја нема таа конверзија дигитален-аналоген каде што е можно да се појават загуби на квалитет на сликата.
За преносот знаеме која е разликата меѓу дигитален (кој се состои од 0 и 1 и неможе да има загуби, едноставно има слика или нема) и аналогниот (кој зависи од повеќе работи).
Иначе колку што имам читано скоро и да нема разлика во сликата кога би споредувал 2 слични монитори еден до друг едниот со аналоген, а другиот со дигитален влез.