Ја читав темава и се одлучив да вметнам еден текст за едукација.
Од сите сексуални активности, аналниот секс предизвикува најмногу страв и погрешни сфаќања. И покрај статистичките податоци кои говорат дека скоро секоја четврта жена го испробала аналниот секс, таа активност и понатаму е табу тема, посебно меѓу понежниот пол. Многу жени воопшто не сакаат да го испробаат аналниот секс бидејќи своето знаење го темелат на митови и погрешни сфаќања. Со малку проучување, не е тешко да се сфати дека и во аналниот секс и тоа како може да се ужива. Анусот е преполн со осетливи нерви, всушност тој е една од најерогените зони. Било каква стимулација на анусот може да предизвика силно чувство на уживање. Пред засекогаш да се откажете од аналниот секс, проучете кои митови ги следите и зошто тие се погрешни.
Аналниот секс е валкан
Вагината ја опеале многу познати поети, додека за анусот секогаш се користат груби и валкани зборови. Ако ја одржувате нормално хигиената на телото, анусот е чист како и кој било друг дел од телото. Вистина е дека анусот содржи некои свои специфични бактерии кои му служат како заштита. Поради тоа не е препорачливо прво да се допира анусот, а потоа вагината бидејќи тоа може да предизвика вагинална инфекција.
Аналниот секс е болен
Нема никаква причина аналниот секс да биде болен, ако се сè работи како што треба. Ако пред експериментирањето ги научите вистинските техники, тогаш ќе уживате во аналниот секс. За уживање во аналниот секс клучно е да сте научиле дека мора да сте многу опуштени. Секако, при рака морате да имате и лубрикант. Анусот е цевка опкружена со два слоја на мускули. Надворешниот слој е под ваша контрола, а внатрешниот автоматски се стиска и опушта. Опуштањето на надворешниот слој на мускули е болно и аналниот секс го прави незгоден. Анусот нема можност за влажнење, па поради тоа ќе ви треба лубрикант, а што повеќе лубрикант тоа повеќе уживање.
Аналниот секс е штетен и нездрав
Многу жени се плашат дека аналниот секс ќе им предизвика хемороиди, пукнатини или други оштетувања. Удобен анален секс не го оштетува ни анусот, ниту ректумот. Ако вашиот партнер е здрав, немате зошто да се плашите. Сепак, во анален секс не треба да се впуштате со партнер кој не го познавате доволно и за кој не сте сигурно дека е здрав. Секако, за тоа постојат кондоми, но избегнувајте ги оние со спермициди бидејќи можат да ве иритираат.
Аналниот секс е перверзен и неприроден чин
Аналниот секс се практикува со векови, но последните години за него се говори јавно. Во некои култури, жените се впуштаат во анален секс поради задоволство и уживање, но и за да си ја зачуваат невиноста. Тешко е да се говори што е природно а што не. Тоа зависи од самиот човек и вие морате да одлучите што за вас е природно, а што не. Ако навистина аналниот секс го доживувате како нешто неприродно. Запомнете, вашата сексуалност е во ваши раце.
Аналниот секс е само за хомосексуалци
Аналниот секс долго се сметал резервиран само за хомосексуалците. Меѓутоа, факт е дека во аналниот секс уживаат многубројни хетеросексуални парови. Аналниот секс е само еден од начините кои луѓето можат да го практикуваат сексот и да уживаат. Тој нема никаква врска со сексуалната определеност. Како и секогаш кога станува збор за секс, правете го само она што вие сакате и тоа што на вас ви носи задоволство и уживање. Аналниот секс никогаш нема да биде добар ако на него ве присилува партнерот. Изборот е на вас. Ако сакате да експериментирате, секако пробајте го. Ако целата идеја за анален секс ви се чини одбивна, тогаш немојте.