Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
„Њу имиџ“, чие седиште е во Лос Анџелес, се смета за една од најпознатите Б-продукциски куќи, кои главно снимаат комерцијални акциски филмови со познатите холивудски ѕвезди, како Силвестер Сталоне, Николас Кејџ, Брус Вилис
Американската продуцентска куќа од висока Б-категорија „Њу имиџ“ е заинтересирана за снимање на своите филови на локации во Македонија. Откако ги откупија бугарските студија „Бојана“, „Њу имиџ“ се заинтересирани да влезат и во Македонија под услов да им бидат обезбедени соодветни даночни олеснувања, вели првиот човек на Филмскиот фонд на Македонија, Дарко Башевски.
„Њу имиџ“, чие седиште е во Лос Анџелес, се смета за една од најпознатите Б-продукциски куќи, кои главно снимаат комерцијални акциски филмови со познатите холивудски ѕвезди, како Силвестер Сталоне, Николас Кејџ, Брус Вилис... Само во Бугарија досега снимиле 170 филма. Просечниот филмски буџет на оваа куќа е околу два и пол милиони долари по еден филм.
Нивниот интерес за регионов потекнува пред сé од економската исплатливост, која ја гарантираат даночните олеснувања за странските продуценти. Имено, од септември и Бугарија ќе донесе закон за даночно олеснување, додека во Македонија ваков закон сé уште не постои.
Самата продуцентска куќа во случајов нуди поволни технички услови за сите што сакаат да снимаат поевтини филмови.
- Во моментов „Њу имиџ“ проверуваат какви се условите во Македонија и колку нашата земја е подготвена да влезе во оваа приказна со донесување соодветен закон за даночно олеснување, со што државата би му вратила одреден процент од данокот на странскиот продуцент. Разгледуваа различни локации и по тоа прашање сметаат дека сме мошне богати. Ако најдат економска оправданост, тие се дури подготвени да инвестираат во изградба на свои студија во Македонија- вели Башевски.
Досега претставници на оваа продуцентска куќа и од Филмскиот фонд на Македонија имале состаноци со претставници на Владата на Република Македонија за да се видат колку е економски исплатливо за двете страни. Како потенцијален филмски центар американскиот продуцент го гледа градот Битола, кој во радиус од 60 км е опкружен со најразновидни терени - езера, планини, рамница.
Снимањето на некој холивудски филм, освен профитот, и носи и голема промоција на државата. Таков пример е и снимањето на „Господарот на прстените“, кој на Нов Зеланд му донесе огромен број туристи.
Во моментов, повеќе европски држави интензивно ги промовираат своите региони како филмски локации и нудат различни модели на даночни олеснувања.
- Во моментов во таков поход е и Србија, па за нас е многу важно што побргу да влеземе во играта. Целта на целиот проект е да се донесат свежи пари во Македонија и да се ангажираат и овдешните човечки потенцијали - вели Башевски.
Само при снимањето на продолжението на „Конан“ во Бугарија, „Њу имиџ“ потроши над 26 милиони евра во текот на една година, а ангажираше и огромен број луѓе.
Инаку, идејата за промоција на Македонија како филмска локација датира уште од поодамна. Со реализирањето на оваа иницијатива и филмската продукција би добила статус на стратегиски инвеститор во земјата.

Овој им е многу добар Филм

За кастингот на нема што да се каже. Иако не го бива баш.


„Њу имиџ“, чие седиште е во Лос Анџелес, се смета за една од најпознатите Б-продукциски куќи, кои главно снимаат комерцијални акциски филмови со познатите холивудски ѕвезди, како Силвестер Сталоне, Николас Кејџ, Брус Вилис... Само во Бугарија досега снимиле 170 филма. Просечниот филмски буџет на оваа куќа е околу два и пол милиони долари по еден филм.

Самата продуцентска куќа во случајов нуди поволни технички услови за сите што сакаат да снимаат поевтини филмови.
- Во моментов „Њу имиџ“ проверуваат какви се условите во Македонија и колку нашата земја е подготвена да влезе во оваа приказна со донесување соодветен закон за даночно олеснување, со што државата би му вратила одреден процент од данокот на странскиот продуцент. Разгледуваа различни локации и по тоа прашање сметаат дека сме мошне богати. Ако најдат економска оправданост, тие се дури подготвени да инвестираат во изградба на свои студија во Македонија- вели Башевски.
Досега претставници на оваа продуцентска куќа и од Филмскиот фонд на Македонија имале состаноци со претставници на Владата на Република Македонија за да се видат колку е економски исплатливо за двете страни. Како потенцијален филмски центар американскиот продуцент го гледа градот Битола, кој во радиус од 60 км е опкружен со најразновидни терени - езера, планини, рамница.
Снимањето на некој холивудски филм, освен профитот, и носи и голема промоција на државата. Таков пример е и снимањето на „Господарот на прстените“, кој на Нов Зеланд му донесе огромен број туристи.
Во моментов, повеќе европски држави интензивно ги промовираат своите региони како филмски локации и нудат различни модели на даночни олеснувања.
- Во моментов во таков поход е и Србија, па за нас е многу важно што побргу да влеземе во играта. Целта на целиот проект е да се донесат свежи пари во Македонија и да се ангажираат и овдешните човечки потенцијали - вели Башевски.
Само при снимањето на продолжението на „Конан“ во Бугарија, „Њу имиџ“ потроши над 26 милиони евра во текот на една година, а ангажираше и огромен број луѓе.
Инаку, идејата за промоција на Македонија како филмска локација датира уште од поодамна. Со реализирањето на оваа иницијатива и филмската продукција би добила статус на стратегиски инвеститор во земјата.

Овој им е многу добар Филм

За кастингот на нема што да се каже. Иако не го бива баш.
- LL Cool J as Officer Raphael Deed
- Morgan Freeman as Moses Ashford
- Kevin Spacey as Detective Levon Wallace
- Justin Timberlake as Joshua Pollacк