Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување Време на започнување
За тие што нарачувале веќе од амазон, како може да се намали или избегне шипингот ? (дали преку промо кодови или др. начини)
Kога пробав да ја купам книгава, книгата е скоро ~10$, a шипингот е 30$ :eek:. (разбирам шипинг, но ова е лудост)
 
Види тука
 
Се' уште преку Амазон само книги може да се порачуваат или може и други работи?
 
Се' уште преку Амазон само книги може да се порачуваат или може и други работи?

Ќе си го бараш производот кој сакаш да го купиш и ќе видиш дали продавачот врши испорака во Македонија.

Доколку врши испорака ќе ти даде цена на производот и на доставата, а доколку не врши испорака ќе ти даде известување дека не вршат испорака во Македонија на тој производ.
 
Да прочепкав малку и видов дека можно е на разни работи достава да се врши. Само уште едно прашање, кои се' давачки постојат? Прочитав некаде дека некои плаќале и кога тука ќе стигне на DHL или по кој и да стигне. Дали тоа што ќе платам тоа ќе биде тоа (и царина ако евентуално ако е поскапо нешто)?
 
Тоа се разликува од продавач до продавач.

Вообичаено ако Амазон е продавачот, во целосната цена ги пресметуваат сите давачки: цена на производот, данок на истиот во САД, поштенски и царински давачки, така што кога производот пристигнува не плаќаш ништо бидејќи веќе се` си платил директно преку Амазон.

Но ако продавачот е некој друг, секогаш зависи од самиот продавач дали ќе ти наплати само за производот, данокот и испораката, или ќе ти ги наплати и царинските давачки за да ги платиш однапред, односно за да не ги плаќаш откако ќе пристигне производот.

И да, некои продавачи вршат испорака исклучиво преку некој одреден поштенски доставувач по нивен избор, дали ДХЛ, дали Федекс, дали УПеС, но повторно од продавачот зависи дали во целосната цена ќе ги наплати сите давачки или ќе ти остави на тебе да плаќаш царински давачки тука во Македонија.
 
Не може Amazon да ти пресмета царински давачки, царина си плаќаш тука. Конкретно кога Amazon е директен продавач испраќа исклучиво преку DHL, така да тука не ти бега царина, ДДВ, па трошоци за лежарина и шпедиција. Amazon може да ти пресмета само цена + достава до Македонија.
 
Немам повеќе од 2 години купувано од Амазон, но од искуство знам дека кога Амазон е продавачот, ми наплаќа и за достава и за царински давачки.

Пратките ми пристигнуваа преку Македонска Пошта, каде што не ми бараа никакви документи освен лична карта како што бараат за секаква пратка, ниту ми наплаќаа даноци или царина.

Исто е и со пратките од eBay, ми пристигнуваат преку Македонска Пошта и никогаш не плаќам никакви даноци или царина за истите, а некои се со вредност од над 20 евра која е прагот за кој мора да се плати данок.

Всушност последната пратка од eBay ми пристигна во јули 2024, а ја платив 40 евра само за производот, плус испораката. Секако дека морав да чекам едно месец дена бидејќи пратката беше од Велика Британија, а британската пошта како да е близнак на Македонска Пошта од гледна точка на време на испорака, но кога ја подигнав пратката во Македонска Пошта не платив ниту данок, ниту царина.

И да, ДХЛ ќе те исцедат за секаква ситница, почнувајќи од лежарина.

https://www.amazon.com/Verbatim-98912-M-Disc-100GB-Surface/dp/B011PGT2FQ

5m8ACbN.png

https://www.amazon.com/gp/help/cust...1117970&ref=amazon_global_shipmsg_viewed_help

PeLwiKL.png
 
Последно уредено:
Еве тоа што сакам да го нарачам конкретно еве што пишува во детали за испорака. Што значи се' е пресметано овде ништо надвор од ова нема да доплатам?

Capture.JPG
 
Еве тоа што сакам да го нарачам конкретно еве што пишува во детали за испорака. Што значи се' е пресметано овде ништо надвор од ова нема да доплатам?

Прегледај го приврзокот 429673

Точно, сите давачки се пресметани во цената.

Но немој да се изненадиш доколку испораката потрае едно месец дена, ако не и повеќе.

Колку е поевтина испораката толку подолго е чекањето.
 
Ова дефинитивно е најбрзата достава која Амазон досега ја има направено со моја пратка.

Пратката за буквално недела дена од кога ја направив нарачката пристигна во Македонија, но македонската царина не би била тоа што е ако не ја одолговлекува целата увозна процедура, па пратката ми ја доставија дури денес, 3 недели од кога ја направив нарачката, односно 2 недели од кога пратката пристигна во Македонија.

Кога пратката пристигна во Македонија ме контактираа од Ин Тиме МК БПС, овластени претставници на UPS за Македонија, а тоа што ме изненади беше тоа што сепак бараа да им ги пополнам истите формулари кои се пополнуваат кога треба да се плаќа данок и/или царина при увоз, но ми потврдија дека сите трошоци се веќе покриени од страна на испраќачот, односно од страна на Амазон.

Повеќе време чекав за да заврши увозната процедура во царина отколку што чекав пратката од САД да пристигне во Македонија, но не ги обвинувам Ин Тиме МК БПС за ова, слични искуства сум имал и со претставници на други поштенски компании.

fxwraxr.png

Ki2zplq.png

vRHWXkt.png
 
Што нарача за испраќачот да ти ги покрие трошоците за царина и ДДВ? Јас имам уште побрза достава од нив, мислам дека Kindle ми беше доставен во Македонија за 2 дена преку DHL... Само што после убаво бев закрпен од царина. :)
 
CD колекција на музички албуми.

Не знам за тебе, но на мене вообичаено не ми дава опција да бирам преку која поштенска компанија ќе ми пристигне пратката, Амазон тоа самостојно го бира, а во мојот случај пратката ми ја доставија преку UPS.

DHL се лопови во најбуквалната смисла на зборот, ме имаат убаво потстрижено финансиски и за најевтини пратки. Само ако заврши пратката кај нив по автоматизам ти следува минимум 1 (ЕДЕН) ден лежарина во царински магацин, а со тоа и сите останати трошоци.

Мислев дека ПНЛ Транслог кои се претставници на FedEx се најлоши, но испаднаа далеку подобри во споредба со DHL, од ПНЛ Транслог знам дека ќе бидат бавни во испораката, но барем нема да ме потстрижат финансиски како DHL.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom