AlternativeMacedonia.com

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Возраст
42
Здраво до сите ентузијасти за алтернативен туризам,

Пред некое време купив ГПС, и пошто шетам често по природа и планини, добив идеја да ги споделам некако патеките кои ги имам снимено. Но не сакав тоа да биде некое безвезно место без приказна, па затоа се решив да направам сајт каде што патеката ќе биде опишана заедно со некој текст и слики од неа (лично искуство), се со цел за да се опише што и како треба за да се направи таа тура и да има начин (за тие што имаат ГПС) да ја пренесат и да ја следат, и сето ова на англиски, со цел да биде достапно за туристи од секаде.

Но, од многу места од кај што имам патеки немам слики, или имам слики и патека а не сум напишал текст, така да доколку има добри луѓе кои сакаат да помогнат во реализацијата на идејава (така и е замислен сајтот), (можеби и вие имате ГПС патеки од ваму - таму, или имате слики и можете да составите некој краток текст), можете да се логирате како автори, и да пишете по некој збор.

Исто, може да оставите и некое мислење за како би можел да се подобри сајтот.

Поздрав.
http://alternativemacedonia.com/
 
Браво, 100% ја подржувам твојата идеја, и јас имам GPS и имам во план да почнам да одам на 1-2 дневни тури низ Македонија, бидејќи во слободно време се занимавам со фотографија, а и сега имам поприкладен транспорт за понепристапни терени.

Се надевам дека твоите искуства ќе ми помогнат, а ако јас имам нешто ќе те контактирам за да го ставиш на сајт.

Поздрав
 
Кажете ако има организирано некој трекинг, јас потчитнувам на http://www.makpetrol.com.mk/planinari/default.asp, има и доста мапи оставено од нивните патувања по можеби ако ги исконтактираш ќе ти дозволат да ги објавиш и на твојата веб страница.

Супер идеја во секој случај
 
Кажете ако има организирано некој трекинг, јас потчитнувам на http://www.makpetrol.com.mk/planinari/default.asp, има и доста мапи оставено од нивните патувања по можеби ако ги исконтактираш ќе ти дозволат да ги објавиш и на твојата веб страница.

Супер идеја во секој случај
Одлично,

Не знаев дека има ваква слична страна, гледам имаат доста тури. Иако има траки од турите, не ги најдов за да се симне, и да се стави на ГПС.
 
Back
На врв Bottom