'Allo 'Allo!

  • Креатор на темата Креатор на темата Gray Foxx
  • Време на започнување Време на започнување
Закон серија..Тоа исмевање од британците врз германците покажува колку биле ретардирани во нивната желба да го освојат светот... Секој карактер ја покажува фаличноста на хитлеровата војска: генералот -алчен,грубер-педерче,хер флик-забеган ,кап.ханс-невиден глупак итн.итн.
Сепак ретко кому нема да му се допадне хуморот низ кој е прикажан добар дел од World war 2...
Мислам дека крајот беше врв, топ начин да заврши серијата,а од ликовите фон смолхаузен дефинитивно е цар... :-D
 
Почина Гордон Кеј, кој го толкуваше незаборавниот лик Рене, главниот носечки столб на ова незаборавно телевизиско ремек дело.

http://kajgana.com/pochina-akterot-gordon-kej-dzvezda-na-serijata-allo-allo

Почина актерот Гордон Кеј, ѕвезда на серијата „Allo 'Allo!"

23. јануари 2017 - 17:47 | Б.С.Б.

Англискиот актер Гордон Фицџералд Кеј, најмногу познат по улогата на Рене во серијата „Allo 'Allo!" почина на 75-годишна возраст, пренесува Independent.

img-318461.jpg


Со глума се бавеше од 1968 година па сè до смртта. Десет години беше дел од 84 епизоди во серијата и повеќе од 1.200 претстави инспирирани од неа. Ќе остане запаметен по улогата на Рене, но и како актер во повеќе хумористични серии.

Серијата „Allo 'Allo!" се емитуваше од декември 1982 година до декември 1992 година, а последната и специјална епизода беше прикажана во 2007 година.


http://novatv.mk/pochina-gordon-kej-zvezdata-na-alo-alo/

Почина Гордон Кеј, звездата на “Ало ‘Aлo!”

јануари 23, 2017-5:09 pm



Актерот Гордoн Кеј, кој е најпознат по неговата улога во долготрајната BBC комедија “Ало ‘Aлo!”почина на возраст од 75 години.

Поранешниот агент на ѕвездата потврди за BBC News дека починал при домашна нега во понеделникот наутро.

Кеј го играше сопственикот на кафеаната Рене Артоа во хит шоуто, кое е насочено на фикција за борците од отпорот во Втората Светска Војна во германско-окупираната Франција. Тој се појави во сите 84 епизоди од комедијата, како и во театарската верзија.

Неговата последна улога беше во Би-Би-Си шоуто Револвер, во 2004 година.


Гордон Фицџералд Кеј
7 април 1941 - 23 јануари 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Снимање пред публика во студио, вежбање на сцените од понеделник до петок бидејќи режисерот сакал секоја сцена да се сними како што треба од прва клапа, каков висок стандард за квалитет во споредба со денешниве аматеризми, па нормално дека ќе остане вонвременско телевизиско ремек дело.


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom