Алергични на романтика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Возраст
36
Локација
Битола
Зошто денес повеќето луѓе се алергични на романтика?..
Зошто кога се споменува романтиката тоа им е клише?

Зошто кога некој се обидува да направи романтичен гест, веднаш потоа е исмејуван или од околината или од партнерот?

Раскажуваме вицови и трачеви наместо поезија, праќаме е-маил, место љубовните песни или љубовните писма.

Што всушност се случува?
 
еххх.. камо да знаев.
Ама интересно што спомна за љубовните писма. Имам еден другар од средно што пишуваше на неговата девојка тогаш. И баш супер беше. Не дека би напишал ама интересна идеја.:toe:
 
што знам не ме бива за романтика просто и едноставно секогаш кога ќе пробам да бидам романтична се случуваат глупости и целата работа се претвора во шарада истото му се случува на дечко ми ....
 
Зошто живееме во комплексно општество , и едноставно тие работи идат на смеа и потсмев од другите лица, потсвесно се јавува некоја алергија и се разбира никој не се осеќа толку опуштен за да симиња ѕвезди од небото туку едноставно сака да се покаже како мачомен т.е. стабилна силна девојка .. :smir:
 
Раскажуваме вицови и трачеви наместо поезија, праќаме е-маил, место љубовните песни или љубовните писма.

Што всушност се случува?


Се губат вистинските вредности во светов.Како се да е препуштено на некоја си ,,чудна авангардност,,од страна на младата популација.Така што сигурен сум дека можеби им е срам да праќаат љубовни писма со содржина-поезија итн.Али романтиката сметам дека нема никогаш да умре-била и ќе биде.
 
Зошто денес повеќето луѓе се алергични на романтика?..
Зошто кога се споменува романтиката тоа им е клише?

Зошто кога некој се обидува да направи романтичен гест, веднаш потоа е исмејуван или од околината или од партнерот?

Раскажуваме вицови и трачеви наместо поезија, праќаме е-маил, место љубовните песни или љубовните писма.

Што всушност се случува?
Ами ако не,кажи ми кај живееш ќе дом под пенџере ќе ти запеам една серенада...ќе смислам и поезија да ти изрецитирам

Просто ти ќе бидеш воодушевена,товите очи ќе блескаат од среќа нозете ќе треперат,а лицето твое ќе сјаје со прекрасна насмевка:icon_lol:

шо викаш а??
 
Зошто кога некој се обидува да направи романтичен гест, веднаш потоа е исмејуван или од околината или од партнерот?

Точно е дека се исмеваа љуѓето што прават романтичен гест, ама пак не и од страна на партнерот... тој секоаш се топи на романтика и не познавам човек кој може да одолее на романтика...:pipi:
 
Што всушност се случува?
Се вика еволуција, претставува прогрес и подразбира промени. :)

Такви се времињата бе Тамара.
Денес имаме телевизија, компјутери, интернет, радио, тетрис, нинтенто и мал милион гаџети да не држат зафатени.
У 18-ти век морале некако да го искористат времето. Па пишувале поезија. Читале книги. Си легнувале рано. Свиреле пијано. Се сексале по штали.

Разновидноста е у прашање. Денес сме наводно презафатени за такви некои мали гестови што живот значат :) Живееме во динамична ера, секој некаде брза, се друго е поважно од малите романтични задоволства. Немаме време да читаме книги зошто цел ден дремеме на Интернет, не организираме reading сеанси или вечери на поезијата зошто имаме диско.

Шо се тиче мејловите, едноставно попрактични се од рачно напишани писма, а во 21 век се` е околу практичноста.

Ако бараш (ин)директен виновник за смртта на романтиката, барај го во напредокот на технологијата :)
Мада романтиката е клише, а клише никогаш не умира, така да без грижи. Може е поретко од порано, ама уште има мажи што знаат да ти спремат романтично изненадување, а чак и да ти напишат поезија. :)

Сеа, ретки се ко дијаманти, али бар ги има де :)
 
Зошто кога некој се обидува да направи романтичен гест, веднаш потоа е исмејуван или од околината или од партнерот?

Комплекси, што да ти кажам друго. Или “фраерлук“.

Инаку трачеви и вицови, покрај поезија и порано се правеле. Само сега живееме во "fast forward" општество, каде сите некаде брзаат, трчаат, летаат, немаат време ни да јадат, а не па поезија да пишуваат. Динамиката на животот е различна и тоа си придонесува.

Сепак, се зависи од човекот. Романтиката зависи од човекот. Ако некој сака да биде романтичен, ќе биде без разлика на тоа што зборат комшиите или каква е динамиката на животот.
 
Кревам два прста! Не знам зошто, и јас сум алергична на романтика. Можеби е поради динамичното темпо на денешниот живот, кога луѓето немаат време за берење ружи и пеење серенади.
 
Чекај сеа, немора на тој начин човек да биде романтичен. Таа на 7-ми ја и пеам серенада од доле.
Ако, општеството се менува, но тоа не значи дека романтиката треба да изумре.
Романтичен гест се цени, и во тоа време и сега. Секогаш. И засекогаш.
 
се цени и се применува уште романтика (додуша во мала мера) ама во изградена врска..а не и при додворување, зашто или ќе биде исмеана лисчноста или евентуално несериозно сфатена:toe:
 
Не сум алергична за да направам екцес при романтика.Но едноставно не ја сакам,не сум романтична душа,ми предизвикува неубаво чувство на исфорсираност,нешто во кое не се пронаоѓам ниту се снаоѓам најдобро.За среќа и партнерот не ја сака,така да мирен сон:)
Поштувам луѓе кој се романтични,а познавам многу такви,уживаат во тоа,сакаат да приредат и да им приредат романтична вечер,значи постоеле и ќе постојат,само треба да се пронајдат:)
 
Се согласувам со погоре наведеното...едноставно животот е пребрз за да се условно кажано замараме со романтика...секој вика дај набрзина нешто да се легне :toe: сепак има моменти кога барем малку сите посакуваме да забавиме и да се повлечеме некаде на романтика и мирно место...барем за мене е така :smir:
 
Јас познавам личности што се алергични на романтика али тие се ладни личности што не се замарат многу.За романтика и не е потребно толку трудење многу мали нешта можат да направат романтична атмосфера:kesa:.Јас ја обожавам романтиката:wub:
И се сложувам со Леандра такви личности постојат и ке постојат али бројот некако им се намалува:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom