- Член од
- 27 јануари 2009
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 40
- Возраст
- 35
ДОАЃА НАЈДОБРАТА СРПСКА ПОП-ПЕЈАЧКА
Александра Радовиќ со концерт во Скопје
Српската поп-пејачка Александра Радовиќ ќе го одржи својот прв солистички концерт во Скопје, на 5 април во Универзалната сала, најавуваат од "Феникс продукција". Александра лани гостуваше во Скопје на концертот на Сергеј Ќеткоивќ, и откако македонската публика топло ја пречека изјави дека наскоро ќе одржи свој концерт кај нас.
Радовиќ се смета за еден од најдобрите вокали, копозитори и текстописци во Србија. Модните критичари неколку години по ред ја прогласуваат за најдобро облечена. Првиот успех во музичката кариера го постигна во 2003 година со настапот на фестивалот "Сунчане скале" во Херцег Нови. Песната "Како сол во морето" ( Као со у мору) и донесе втора награда, и стана голем хит. Истата година го издаде деби албумот, за кој самата е автор на шест песни. Албумот доби награда за најдобар деби албум во Србија, а Александра беше наградена за поп-пејачка на годината. Во 2006 го издаде вториот албум "Домино". Од него се издвоија хитовите "Не си мој" (Ниси мој), "Те чувам" (Чувам те), "Прерни ме" (Загрли ме)... Во 2009 година Александра одржа два концерти во Белградскиот Сава Ценатр и го издаде албумот "Жарот на птиците "(Жар птица).
На ланскиот настап во Скопје, таа беше во седмиот месец од бременоста. Во јуни лани, Александра и нејзиниот тогашен свршеник Александар Зеремски ја добија ќеркичката Нина. Радовиќ и Зеремски рскинаа во август лани. Зеремски претходно беше во врска со Јована Јанковиќ, сегашната свршеничка на Жељко Јоксимовиќ.