Албански дипломат во Македонија уапсен со дрога во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.184
Поени од реакции
1.353
Албански дипломат во Македонија уапсен со дрога во Турција


Вториот секретар во албанската Амбасада во Македонија, Агим Хаџиа, е уапсен денеска во Турција, откако полицијата во неговото возило откри 65 килограми висококвалитетен хероин, јавуваат албанските медиуми.
Хаџиа, како што пренесува Макфакс, се наоѓа на територијата на Турција, но, не с е соопштени детали за местото каде е откриено големото количество дрога.
Познато е дека албанскиот дипломат ја минал македонско - бугарската граница и патувал со службено возило на албанската Амбасадата во Скопје, со дипломатски таблички.
Според извештаите, албанскиот дипломат бил уапсен минатиот викенд, во саботата.
Медиумите во Тирана наведуваат дека албанската полиција не е вклучена во целата операција, бидејќи станува збор за случај надвор од територијата на Албанија.
Високи претставници на Интерпол во Тирана, потврдија за албанската телевизија „Топ Ченел“ дека тие до денеска не биле информирани за оваа „голема успешна операција“ на турските власти за безбедност.
Нема многу информации дали има и други уапсени, како и тоа дали Хаџиа бил дел од меѓународна шверцерска мрежа на дрога, или бил искористен од некоја организација поради олеснителните околности на движење со неговото дипломатско возило и пасош.
Уапсениот службеник не е дипломат од кариера, бидејќи тој е поставен во рамките на дипломатската служба пред три години, кога работеше како новинар на државната албанска новинска агенција АТА.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108210

Albanskiot diplomat da se uapsese kaj nas vo Skopje sigurno albanskite partii vo Makedonija i sosedna zemja Albanija ke buneja i ke se zakanuvaja,ajde de sega da gi vidam neka se bunat vo Turcija.:tapp:
 
pola od diplomatite vrsat vakvi "sporedni" raboti :)
 
Се андевам дека ваква злоупотреба на дипломатскиот статус соодветно ќе се казни, иако има дипломатски имунитет. Треба да се објави насекаде што правел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom