Албанија : Македонците првпат ќе зборат на мајчин јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Со Меморандумот, Македонците ќе можат да им дадат автохтони имиња на местата и да го негуваат историското, културното и верското богатство
5CA97504E6EBDD42950D5AFCE8345889.jpg

Македонците во Албанија првпат ќе можат да го користат мајчиниот јазик, да им дадат автохтони македонски имиња на местата и значајните објекти и да го негуваат историското, културното и верското богатство.

Сето тоа им го овозможува Меморандумот за разбирање со малцинствата, документ што го подготви албанското Министерство за надворешни работи, а го потпиша градоначалникот на Пустец, Област Мала Преспа. Тоа го потврди претседателот на друштвото „Преспа“, Едмонд Темелко.

Меморандумот владата го дистрибуираше до областите главно населени со припадници на други етнички заедници. Него го потпишуваат претставници на централната власт и градоначалниците на околиите, кои претходно треба да добијат согласност од раководствата на здруженијата на малцинствата. Документот го потпишаа и влашкото и ромското малцинство од јужниот дел на Албанија.

- Прифаќањето на Меморандумот не значи дека ние се откажуваме од другите наши приоритетни барања. Исто како и друштвата на другите малцинства, бараме вонреден попис на населението во кој ќе може слободно да се искаже етничката и верска припадност, бараме образование на мајчин јазик, да добиеме простор на државната радио-телевизија и соодветна застапеност во државните институции - вели Темелко.

Тој најави дека заедницата на Македонците ќе бара и другите две области, Голо Брдо и Гора, каде што има македонско население, да се прогласат за малцински зони.

- Има најави дека овој документ ќе биде понуден во Пешкопеја, каде што територијално припаѓа Голо Брдо, со што по шест децении на Македонците ќе им се врати одземениот статус на малцинство. Ќе побараме тоа да се стори и во Кукс за областа Гора - вели тој.

Грчкото малцинство одбило да го потпише Меморандумот, зашто тоа веќе ги ужива тие права - употребата на грчки јазик, грчки имиња на топоними и слично.

Според Темелко, во тек се интензивни активности за формирање месни и општински комитети на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, во функција на одржување на првиот партиски конгрес. Со свои кандидати ќе учествуваат на локалните избори, на кои очекуваат успех.

Досега, вели тој, Македонците членувале во различни партии, а со евентуално учество во власта се надеваат дека ќе можат да ги реализираат своите легитимни барања.
Вера Тодоровска
 
Ајде со среќа нека е, па требаше нешто вакво, што не им дадовме ние на Албанците кај нас, редно е и они да вратат нешто
 
:je::je::aplauz::aplauz::bravo::bravo::music3:
Samo napred!
 
Македоните смеат да зборуваат Македонски.

Одлично :)
 
И тоа е за почест, голем напредок на нашите таму, почнувајки од политичката партија, па сега и ова, се надевам следно на ред е автономија:se_ molam
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom