Ах бе бејб, кога некој како тебе, така млад, неискусен, сака да ме побие во нешто а не е ни свесен дека се фаќа во замка.
Да бе мило мое, јас сум со векови пристен во оваа денешна Македонија, како и да се викало во времето, до каде и да се протегала, и било кој и да владеел. Свесен сум за тоа. За жал, "твоите" просветители македонци кои што во деведеспрва ни дадоа независност, со првиот Устав на Р. Македонија не се сложуваат со тебе, ниту па со мене, така да целата таа твоја идеологија (или па иронија) паѓа во вода. Ние по автоматизам станавме малцинство во сопствената држава. Боли нели? Исто како некој тебе сега да те направи малцинство само поради тоа што имаш мешани корења, нали?
Епа ние имавме различен јазик и вера (верата кај некои, неколку се сеуште католици и ден денеска) и по автоматизам бевме не-македонци. Теза која што и ден денеска се брани. Читај малку низ форумов, прочачкај ми го постовите, ќе видиш во колку наврати сум прашувал јавно. Кој е македонец?? Кој смее да се нарекува себеси македонец?? Дали некој кој што е роден православен и се вика Кирил е поголем македонец од мене само поради тоа што е православен ??? Одговори ми те молам. Низ теми, на телевизија, можеш многу убаво да видиш македонците како се тепаат меѓусебе дали биле словени, антички, нови, северни или што ти ја знам какви. Дали тие се поголеми македонци од мене само поради тоа што се викаат Петко Станко Марко или нешто слично?
Дали некој застана да си стави прст во главата и да размисли, зашто на овие нашиве граѓани да не им дадеме соодветно образование, па макар било и на албански јазик, дека сепак се наши граѓани, македонски. Напротив, со секоја мерка се газеше правото на образование на албанското "малцинство"...
Како тогаш ти мило мое очекуваш албанците да се поистоветуваат како македонци во нивната сопствена држава кога самата држава, самиот систем, самиот балкански менталитет не го дозволува тоа?
Размисли малце, па прашај ме пак истото што ме праша