Аквариумски риби (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата рок-кејт
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво

сакам да почнам со ова хоби ако може така да се каже.Но најпрво ме интересира одржувањето на аквариумот и рибките ако може некој да ми разјасни.

Како прво највеке ме интересира дали треба и на колку време ако треба се менува водата, дали има некои пумпи за автоматско менување на водата не со црево па да ишмукувам :) и колку чинат ако има такви зошо тоа ми се гледа како најтешката работа во целово хоби.

и некој поважни работи да ме посоветувате вака ко за почетник.

Иначе отрпилика аквариумот ке ми биде 1 метар долг 30-40 цм широк и 50 цм висок.

позз
 
Само разлистај ја темава назад, сите одговори се напишани, ако некој ти објасни ќе дојди репост.Откако ќе прочиташ, врз база на нив нејасното прашај го е тогаш може да одговори човек:)
 
Преголем љубител на животни сум...малце нешто ќе им стане плачам како ненормална ... а после кога ќе оздрават најсреќниот човек на планетава сум...
Ги сакам најмногу од сите луѓе ... имам маче куче и 1 рипче
Сега прочитав на форумиве дека 15 л аквариум бил премногу мал за секакви рипки.....јас имам 15 л аквариум и чувам 1 рипка - карас
дали му е лошо таму? :place:
несакам ни да помислам да чувам животинче и да се измачува тоа :(
 
Топ му е. Подобро од стаклена кугла , дефинитивно. Додај мала потопна пумпа за филтрација, 300 денари се просек, и ќе ти живее рипчето уште многу долго време со правилно менаџирање на акв. (неделна промена на 20 % вода, правилна исхрана,филтрација,температура околу 18 с)
 
Преголем љубител на животни сум...малце нешто ќе им стане плачам како ненормална ... а после кога ќе оздрават најсреќниот човек на планетава сум...
Ги сакам најмногу од сите луѓе ... имам маче куче и 1 рипче
Сега прочитав на форумиве дека 15 л аквариум бил премногу мал за секакви рипки.....јас имам 15 л аквариум и чувам 1 рипка - карас
дали му е лошо таму? :place:
несакам ни да помислам да чувам животинче и да се измачува тоа :(

не сакаме да ги повредиш чувствата на рипката,ама 15 литра се повеќе од доволни за едно среќно рипче,да ти е здраво и живо (y)
 
Јухуууу Фала ви... иначе водата ја менувам редовно ...sphinx & Sluzbarski НАЈДОБРИ СТЕ !!! :) :love:
 
Ми треба мала помош друже со алгиве.Ми се накоти таа црната алга неможам никако да ја очистам.Прашував ми рекоа дека не ја јадат ни алгарите,а не ја мие ништо живо.Читав вчера на нет викаат повеке трева да ставам демек да им ја јадат храната,ама проблем е кај мене каква трева и да ставам или ке скапе или само чмае така и не расте ич.Денес еден ми рече да ставам обичен хумус овој за цвеќиња па ќе видам со ќе направам со него.БТЊ земав денес 5 вида трева да видам кој ќе расте најдобро и ќе го напунам аквариумот со трева за да ја преебам алгата.

Еве сега сликнав некоја слика.

На врвовите на тревата.
2yod3wg.jpg

Ова денес го ставив како саксија у сред аквариум,пола е полно со хумус - па ке видам за една недела.....
x4k9.jpg

Еве овде убаво се гледа на тревата лево,ја има и по камењата и по школките.
2e536lt.jpg

Мислев да земам от тие полжавите што се котат како луди,само незнам дали ја јадат оваа алга или само таа зелената.
 
@VaZoLjIN

дали паѓа сонце врз аквариумот и дали и стаклото се обложува исто вака ?? ако има влијание сонцето побарај му друго место или види да не е до ламбата случајно

за хумусот не знам пошто не сум ни користел,а одлично ѓубриво мислам дека е од самите рипки - имам забележано кога ќе ја извриеш и исчистиш одново песокта тревите слабо растат дури може и да исчезнат.........слабо го одржувам последно време иначе е џунгла од трева пошто бааѓи време ја немам извадено песокта од аквариумот и има доста ѓубриво од самите рипки(она што не успева да го истрга надворешниот филтер паѓа меѓу песокта која е слична по гранулација како твојата)

не секоја тревка успеала кај мене,папратот сакав да се разграни,ама ете не успеа,успеваше само незасаден на површина на вода

кај мене е поинаква тревата и нјон стоп излегуваат нови ливчиња од страните и шири во аквариумот така да кога вака почнуваат да потемнуваат ги кинам,ама затоа нови имам колку сакаш........

почекај и види што ќе кажат другите......

и немој од полжавите зошто сигурно ќе ја упропастат тревата !
 
Не,нема директна сончева светлина.Имам таа Гролукс неонка 18 вати.Само некогаш ја заборавам па свети 24/7.По стаклото нема ништо,дури ни таа зелената ја нема.Фаќа само на растенијата,на камењата и на школките.На песокот нема ништо.Најверојатно е од неонката пошто приметувам ја има само на горниот дел од тревата што е најблиску до неонката,додека на долниот дел нема ништо.Ок,како и да е фала на помошта.

Ако имаш многу трева што не ја продаваш :D - еве јас ќе ти ја купам :D
 
Ми треба мала помош друже со алгиве.Ми се накоти таа црната алга неможам никако да ја очистам.Прашував ми рекоа дека не ја јадат ни алгарите,а не ја мие ништо живо.Читав вчера на нет викаат повеке трева да ставам демек да им ја јадат храната,ама проблем е кај мене каква трева и да ставам или ке скапе или само чмае така и не расте ич.Денес еден ми рече да ставам обичен хумус овој за цвеќиња па ќе видам со ќе направам со него.БТЊ земав денес 5 вида трева да видам кој ќе расте најдобро и ќе го напунам аквариумот со трева за да ја преебам алгата.

Еве сега сликнав некоја слика.

На врвовите на тревата.
2yod3wg.jpg

Ова денес го ставив како саксија у сред аквариум,пола е полно со хумус - па ке видам за една недела.....
x4k9.jpg

Еве овде убаво се гледа на тревата лево,ја има и по камењата и по школките.
2e536lt.jpg

Мислев да земам от тие полжавите што се котат како луди,само незнам дали ја јадат оваа алга или само таа зелената.

Јас не да се правам паметен, ама ќе го кажам истиот муабет што сум го кажал и на многу други, многу страни уназад, на истава тема. За растенијата да успеваат потребни се неколку фактори:
-Подлога со хранливи материи
-Хемизмот на водата
-Светлина
-Цо2
-Прихрана повремена

Нормално,зависно од условите како можеш да изведиш. Да не ризикувам со хумус, иако многу луѓе истиот го користат како подлога во аквариумот, се нацртав 850 денари за кантиче од 3 кила земја за аквариум. Растур прават тревите од него, вештачка обогатена земја со хранливи материи и не ја мати водата - идеално за секој акварист. Хумусот треба неколку слоја земјада има над него, (ситна, па малку покрупна и на крај ептен крупна гранулација) за да не излегува на површина и да се мати водата.

Далје, светлото. Многу пати акваристи се затрчуваат и даваат пари за светло по илјада евра, за незнам какви лустери аквариумски, али ако користиш мал аквариум (како што го видов на слика) доволна ти е една штедлива сијалица мојата се вика TorchLight 200 денари се, и на неа пиши 40w=200w. Демек 40 вати троши а светло дава за 200. Презадоволен сум од спектарот кој го вади, во комбинација со црвена неонка, добивам екстра осветлување за изглед, а и задоволни се тревите од истото.

Прихрана ставав ProFito 400 денари од аквашоп немо во скопје, али ја истрошив и ништо не клавам моментално.А и немам потреба оти се зафатија сите треви, обично ако ти стагнира некоја трева, треба да се става прихрана, али ако имаш поедноставни треви, тераш и без тоа чудо. Ја експериментирав со поеќе видови, па додека се погоди хемизмот на водата, и видов кои треви го поднесуваат хемизмот на вода во мојот аквариум. Сите аквариуми имаат различен хемизам и не може секоја трева во секој аквариум да опстои. (Тврдина на вода, вишак на цо2 , недостаток, светло, прихрани и др фактори)

Цо2 е потребно чудо, особено ако чуваш риби кои живеат во киселкаста средина, ќе биде добредојден. Од едното шише на капачката се бушат 2 дупки а на другото 1. Во тоа шише шо има 1 дупка, се поврзува црево, и во шишето тураш полкило шеќер, 2 пакетчина сув квасец и литро вода просек ова е комбинацијата, и создава цо2. Цо2-та преку друго црево оди во вода, тука се чисти и од тука преку трето црево оди во аквариум и внесува цо2. Тревите го користат и праат фотосинтеза, земаат цо2 испуштаат кислород, и побрзо растат.

separator.jpg

Алгата е дел од секј аквариум. Ако имаш црна алга, значи премногу фрлаш храна во аквариумот, истата скапува, создава фосфати, и се лепи на аквариум. Ретко кој јади црна алга, со рака најболје чисти ја. Фрлај по малце храна неколку пати денот, не еден тон наеднаш. Цела паѓа на земја и неизедена останува. Редовно сифонирај на дното, неделно променувај вода, не оставај да биди застоена и нема да имаш проблем со алгите.

И за крај за твојот аквариум. Стави ги тие пластичните растенија во некоја вазна и гледај си ги за украс. Не се за во аквариум, ама ич. Школки незнам зошто си ставил дали да ти личи на море, а имаш слатководен аквариум, или да ја зголемиш тврдината на водата, ама сигурно знам дека скаларо не би сакал тврда вода:)
Извај ја цела песок што си ја нагнетил. Или појди кај некоја река, и одбери добра подлога за растенијата, или купи кантиче или во краен случај тресни хумус пречистен али можеш белја да направиш, али пробај и следи го советот погоре (повеќе слоеви подлога да го покријат).
Засади растенија, факт е дека ќе се намали алгата, поради недостиг на прихрана, истата ја користат и алгите и растенијата. Кога немаш растенија, вишакот отпад што растенијата би го користеле како храна, го земаат алгите, и се појавуваат.
Стави јабучари, тоа се полжави што јадат АЛГА а не растенија, и гледај да не налеташ на црни полжави, грицкаат растенија и се котат неверојатно брзо.
И нормално, има акваристички сајтови, на кои можеш да прочиташ нешто повеќе.
 
Знаеш каде може да купам од тие полжави?Повеќево продавници немаат,барем јас не сум видел.
 
Jaс успешно ги мрестам,размножувам и продавам долго време. Моментално имам преку 1.000 подмладок, ќе треба да се почека уште 2 месеци , турбо ги растам па ако си блиску битола, ќе ти поклонам некој:) Пробај ти ова што ти реков, полжав дури на крајот ќе ставиш. Доттогаш купи алгар - ајмонер, има поеќе верзии жолти,зелени и слично.Одлични се и не копаат ко анциструси,плехостомуси и други гадови.
 
Ги исфрлив ПВЦ тревите,ставив подлога 2 см хумус за цвеќиња,купив песок од продавница за акваристика,ставив од СЕРА за подхранување на растенијата и го направив системот за CO2,ако ова не помогне да мрднат растенијата не знам што друго да им правам.

Еве го Co2 преку airstone.

Ставив Red moor wood и малце го растеретив од камења и други глупости.
 
Одлично си средил. Гледам доста песок имаш ставено над хумусот, што значи нема да има големо мешање со водата. Доколку има, растенијата ќе го апсорбираат вишакот штеточини (а за нив хранливи материи) од водата. Друго, пумпата што ти врти им прави турбуленции на рибите, пробај да ја намалиш зашто за 70 литри премногу јака пумпа имаш ставено.Забележи како пливаат во близина на пумпата, премногу ги малтретира, и можно е растенијата да ги корни. значи, за овој аквариум доволно е помала од 300 па максимум до 500 литри пумпа.

Сеа, за да тераат растенијата, ти кажав и претходно ќе ставиш светло. Земи жолта ламба обична од 100 вати , да процветаат како што треба, маана и е што грее многу али ќе ја наместиш подобро над капакот да не ти запали нешто. Или ако се снајдиш со оние штедливите 40 вати што се а даваат светло за 200. Две од нив стави и ќе тераат 100 %.

И не заборавај, да ставаш што повеќе живи растенија. Не очекувај сите да се фатат, зависи до хемизмот на водата што го имаш. Рибите доколку ти се допаѓаат, терај си, иако мој совет е да ставиш јато риби. Најдобро изгледа кога пливаат јатно, било јато неонки,било јато тетри, било јато зебри, ќе си одбериш сам што сакаш.

Да ти напоменам, незнам дали сум ти спомнал, ФИЛТЕРОТ КОГА ГО ЧИСТИШ СТРОГО СО АКВАРИУМСКА ВОДА! Во него се населуваат полезни бактерии, што го отстрануваат амоњакот од водата (што се создава преку изметот на рибите) и доколку ги нема, ќе ти умираат рибите. Затоа многу почетници се жалат зошто им умираат рибите, затоа што не е зрел филтерот.
Остави го да тера еден месец, и после тоа го чистиш со аквариумска вода, и го враќаш назад што побрзо. Ќе остани мал дел од колонијата на бактерии и за ден два ќе се намножат колку што треба. Битно е неделно 20 % вода да менуваш ОТСТОЕНА за да испари хлорот. (y)
 
Да изгледа уште тоа остана.Светлото.Имам само една неонка црвена Grolux 60 см 18 вати.
http://aquashop.com.mk/index.php/dz...arium-flurocentna-bo-a-crvena-18-w-589mm.html

Пробав да ставам уште една обична бела,ама се губи шмекот од црвената неонка.Бојата на рибите изгледа бледа.Ќе нарачам уште две црвени па ќе ги монтирам сите заедно,ваљда 60 вати ќе е доста за 70 литри.

Како и да е фала друже за помошта.Чекам деновиве да ми донесат Co2 боца па се надевам ќе тргне тревата.А за рибиве и јас го мислев истото,да оставам 2-3 вида само,другите да ги трампам.

Позз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom