Луѓето се трудам да ги запознаам со тек на време. Порано правев ограничувања засновани само на одреден впечаток, но мислам дека полека се променувам и знаете со тоа станувам подобра личност, барем според мене.
Да се вратам на темата, јас би ја превртила поговоркава, како КОГА НА ЧОВЕК МУ ДАВАШ ВЛАСТ, ТОА ЕДЕН ОД НАЧИНИТЕ ПОДОБРО ДА ГО ЗАПОЗНАЕШ, зашто пресудниот фактор да запознаеш некој човек не е да му дадеш власт, туку тоа е еден од факторите кои влијаат на човечката психа, па знаете кога му давате власт на некој човек му давате и право да биде на повисоко ниво и нормално е дека ќе се промени, што не мора да значи дека ќе се промени накај неговата вистинска страна, туку само ќе се соочи со различни услови на дејствување, шти значи ќе го промени своето однесување според промената на неговиот статус.
И знаете тоа се случува не само кај луѓето туку и кај животните, и кај растенијата и кај целиот жив свет. Па тоа е правило, дека повеќе власт значи и повеќе предности и заборавање на почетната точка на од која сме тргнале. Но, никако не е пресудна за одредување на вистинската суштина на личноста, единствено времето покажува колку и како знаеме некој.И така