Високо над земјата, не многу длабоко под облаците. Да си седнам на едно замислено троножно дрвено столче и да гледам надолу како се` тоне. Да пратам бакнеж кон моите најблиски, да го сфатат како пцовка, да се налутат а мене да не ми биде грижа. Да пратам пцовка кон моите неблиски, да ја сфатат како бакнеж, да се смират и да се насмевнат.
Сакам така бидејќи на земјата веќе нема бакнежи и насмевки, а без нив исто ми е дали сум на земја, под земја, или околу облаците...