Ајде малку реално согледување...

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
прашањето е дали се живее во Македонија подобро????????????
според мене НЕ....барем јас не живеам подобро а исто така и луѓето што ги знам околу мене.

проблемот не е од оваа влада ..проблемот е до сите влади до сега кој 17 години го цедат овој народ.За разлика од обичните луѓе партиските војници кој пишуваат на овој форум тоа не може да го видат или пак не смеат да го видат тоа.
И да сработела оваа влада нешто , барем до сега нема видливи резулати, тоа не значи дека нема да се видат резултатите за некој одреден период , ама за жал сега нема ништо од тоа.

Епа дали се живее подобро од 91?

Значи за две години непартиските и неопределените неутралци очекуваа пари да растат по дрва.

Само еден инвеститор крупен да се привлече, од иницијалниот интерес па додека се определи да инвестира, до отпочнување на инвестицијата преку изградба на инфраструктура како фабрика и до самиот старт на работа се потребни најмалце 3 години.

Тоа е реалноста, за жал.

За жал оние инвестиции во образование ќе се чувствуваат потстепено, меѓутоа вистинските оспособени кадри после 10тина години.

На пазарот во Македонија има недостаток од 500 информатичари, па ебате земјата би се рекло, ама тие 500 оспособени информатичари неможат да се создадат за 2 години нели, туку е потребен цел образовен циклус инвестирање во таквите кадри.

Исто е и во спортот, што ако го земавме Катанец кога не се пласиравме на првенството, потребни се вложувања во спортот во играчкиот кадар,во терените,во средствата потребни за рамноправност со Европските екипи за да и ние направиме резултат.

И оваа Влада имаше крупни грешки, меѓутоа патот кој го трасира дава надеж.

А сигурен сум дека ќе има преструктуирање во министерските места и оние кои не покажаа резултати ќе бидат сменети.
 
Ќе се живееше...ако се работеше на привлекување добри инвестиции и реформи уште од 91ва, а не од 2006та...

трн затоа и пишав дека не е проблемот до оваа влада...проблемот е до сите влади што до сега биле...тоа е проблемот.Народот веќе не верува на никој.Јас искрено со срце чекам некое партиско војниче да ми се појави на врата ( без разлика од која партија) и да ми пере мозок..Ќе биде интересно.Преку глава ми е од лажење и шетање пред избори а кога ќе ги изберат не можеш да дојдеш до нив.Полесно до папата се стига.
Некој работи што 17 години секојдневно се уништувале , не може да очекуваме да се среди за година , две....Ќе треба години и години...Јас се надевам дека ако јас не живеам убаво, барем моите деца ќе ја имаат таа чест
 
...

Ние Македонците сме многу лесна мета за пропагандите пред се поради тоа што не си ја познаваме доволно добро историјата.

...
Значи пак се се сведува на личното достоинство и определба.

Не би рекол дека најглавна причина е непознавањето на историјата, всушност тврдам дека е така. Друга е причината, а последицата ја квотирав како втора, особено делот, личното достоинство. Историјата игра сосема мала улога во сегашниве констелации!!!

Инаку, темава е „Ајде малку реално согледување...“!
Ако сакаме реално да ги согледаме работите тогаш, посебно за повозрасните на форумов, забележителен е прогресот кој е направен овие 17 години. Континуитет постои и се` е сведено во развојна форма. Лични забелешки припадности, мотиви или фрустрации неможат овој факт да го порекнат. Сепак дозволиво е дискусија околу временскиот однос наспрема развојната компонента или поедноставно кажано, дали е бавен, умерен или брз нашиот напредок. Ова го кажувам бидејки е очигледен и евидентен напредокот во кој засчуга имаат сите влади досега, повеќе или помалку.
Исто така, под валидна дискусија спаѓа и расправа дали македонскиот граѓанин го променува својот однос паралелно со промените кои настанале или се држи со животни навики од еден минат режим. Јас би рекол: Дали македонецот знае како да живее како слободен човек во демократски уредена држава.

Се` друго би било безвредна и неаргументирана расправа полна со емоции и исклучиво лични ставови. Нешто како разгалено дете кога расправа зошто му е купено поинаква боја на играчката од таа која ја посакувал.

:helou:
 
трн стварно ме разочара..мислев дека си неутралец и реален..ама ваква жестока одбрана доага само од некој со книшка....

немаше потреба да ги дообјаснуваш моите постови..само накратко решениата на САд и Израел за инвестиции или помош се нивни и тие ке дојдеа без разлика на вмро

за Мајк делумно се согласувам НО сепак им забележувам бидејки добар дел од проекти токму ДПМНЕ ги закочи, верувај позапознаен сум од тебе...и да не го тупиме повеке, јас викам ДА повеке е сработено но има и големи гафофи..и тука не ми е проблемот....

Му препишуваш гревови на некој човек поради тоа што е правнук на некоја контроверзна личност во Македонската историја.

НЕ!!!ми затребала мене економија и напредок ако ме дочека утре предавство!!! НЕ ВРТИ НЕ ГИ СУДАМ НИВНИТЕ ТАТКОВЦИ!!!

Доста, Стаматовски, Милошоски, Бонева тие ми се вртат во глава...ТИЕ НЕ НИВНИТЕ ДЕДОВЦИ ПЛУКААТ НА ОВОЈ НАРОД А СЕДАТ ВО ФОТЕЉИ ПЛАТЕНИ ОД НАС....ПОСТАВЕНИ И ТОЛЕРИРАНИ ТОКМУ ОД НАСЛЕДНИКОТ НА ЉУБЧО

ТРН БЕ ме слушаш..поби ме жити се
 
Не ретко во под-форумов одекнуваат коментари од типот „оваа влада ништо не сработи“, „оваа влада тапка во место“ и тн...Според моето согледување, треба да си тежок слепец за упорно да тврдиш такво нешто, ама нејсе, да видиме колку се релевантни ваквите тврдења...

Бидејќи многу премижуваат:

Субвенциите за земјоделието ги заборавивте(кои според владата, ќе се зголемуваат на годишно ниво секоја година)???
Инвестициите??

Агрокор??
Сведмилк??
Џонсон Мети??
Сончев Град??
Трговски центар ЕРА?
„ЦПЛ Конкордија“?
Малите хидроцентрали?
Изградба на нови училишта??
Бесплатните ваучери за Студентите?
Социјалните станови?
Законот да гласа дијаспората?
Загарантираните места на малцинствата во собрание?
Подршката на културата, археологијата и уметноста?
Целосно реформираниот фонд за здравство?
Намалување на цените на лековите?
Воведување ред во фискализацијата?
Воведувањето на рамен данок?
Бесплатни курсеви по компјутери?
Компјутеризирање на училиштата?

Листата е огромна и ќе треба многу време за да се оформи целата...

Симптоматично е тоа што сегашниве набројани работи се за 1/2 повеќе од она што досега го имаше сработено било која претходна влада досега од осамостојувањето...само за 2 години е направено нешто што на некои претходно не им успеа ни за 15 години...

Неможе да се изостави фактот дека оваа влада, де факто работи.

Затоа се неосновани тврдењата на опозициските полтрони дека владата на Никола Груевски седи со рацете во џеб. Едноставно, кретенски изгледаат со таквите тврдења.

А за мене најважното: Оваа влада НЕ попушти за никаква промена на уставното име наше, ниту за исчезнување на идентитетот Македонски! Наспроти „компромисните“ СДС.

*Ме мрзи да ставам линкови за останатите...Поентата е јасна.
Ова е пропаганда така?
Епа сега да си го кажам својот став.
Прво како и секоја влада има нешто да се пофали тоа е рамниот данок и ваучерите... но сепак со ваучерите мислам тоа е чист популизам...
Социјалните станови?-Па ова не е нешто ново?Ова го имаше и во времето на Дпмне 98-02 и во времето на СДСМ 2002-06,Само што ова имаше свој тачинг тв моменат
Законот да гласа дијаспората?
Загарантираните места на малцинствата во собрание? За дијаспората лично го подржувам но тоа што го направија мислам кај мене направи голем револт.Како што беше практика на донесување закони за избори со ЦЕЛОСЕН КОНСЕЗУС оваа влада го скрши тој европски тренд.Заради тоа се случија разни циркуси во собрание, и на крајта дури ја обвинуваа опозиција ,никаква одговорност!
Целосно реформираниот фонд за здравство? Тука ама ти гарантирам ја заташкаа работата и ЛИЧНО СУМ НЕЗАДОВОЛЕН!Законот повеке прави штета на приватните установи!
Изградба на нови училишта??ај така и така тука не се само они градиле не е ништо ново!
Бесплатни курсеви по компјутери?
Компјутеризирање на училиштата? Овие се чисти популистички мерки..НЕ ставрно на мене ми скисна од рекламите :S :tapp:
Воведување ред во фискализацијата? тука ништо никоо влада не направии исто се как пред 8 години
Друго шо можам да ги пофалам е за спортските сали браво:smir:
Ама друго шо не ме допаѓа е односот спрема опозицијата,и никој пат не се биле самокритични спрема себе... тва да го направаа незнам немаше да го имам тва огорчено мислење за нив.И тоа скандалот со оставката за министерот за економија мислам тука незнаајаа како да реагират ниту признаа дека згрешиле ниту посочија кој е крив...Да кажааа ние сме криви...незнам подруго ке размислуваах...И да направија барем ЕДЕН компромис со опозицијата...Само да беа поотворени спрема опозицјата... сега победата ке им беше огромна таква како што загреаните предвидуваат.За жал тоа нема да случи резултатот ке биде ист како сега +- 5 пратеника!
поздрав и секое добро
П.С. цитирам "Симптоматично е тоа што сегашниве набројани работи се за 1/2 повеќе од она што досега го имаше сработено било која претходна влада досега од осамостојувањето...само за 2 години е направено нешто што на некои претходно не им успеа ни за 15 години..."
Тука ного не си у право Меѓуетничките односи, кохебитацијата мегу влада -претседател меѓу влада опозицоја ама никоја влада во овие 15 години за толку мал период не ги смалил на толку НИСКО ниво
И да те питам кога сдсм кажал оти ке го продаде името жити се?Аман и кога пишаш дека си обејктивен и реален сепак си пристрасен и тоа многу!Дури и јас сум пообјективен од тебе Жално :(
 
Субвенциите за земјоделието ги заборавивте(кои според владата, ќе се зголемуваат на годишно ниво секоја година)??? КЕ ги зголемува, големо ЌЕ
Инвестициите??
Кој се нови греен филд инвестиции
Агрокор??
Сведмилк?? Проект почнат од Претходна влада
Џонсон Мети??
Сончев Град?? ништо посебно освен што е продадено градежно земјиште, економски бенефит на граганите од ова, тешко
Трговски центар ЕРА? оној хотелска ОКТА што милува Џани да рече?
„ЦПЛ Конкордија“?
Малите хидроцентрали? кој бе мали хидроцентрали, се градат 10 години а на секои триесет дена мењаат критеиуми за градба, и ниту една не е почната

А за мене најважното: Оваа влада НЕ попушти за никаква промена на уставното име наше, ниту за исчезнување на идентитетот Македонски! Наспроти „компромисните“ СДС.
И тоа не е точно ама нинако, се согласи премиерот со Република Македонија СКопје, кажа Димитров. Вистината е како шило...

Ајде почна варикина периодот на ДПМНЕ
 
ДПМНЕ има толку динамична програма со коренити реформи во сите сектори што практично е невозможно да се изложи на овој форум од причини што нема доволно место.Владата предводена од премиерот Никола Груевски направи голем исчекор во развојот на Македонија каков што не се памети од Александар Македонски па досега.
Сакајќи да си го провери својот и онака втор највисок рејтинг во историјата на рејтинзите што воопшто можел да го има еден премиер (првиот го има Караманлис со 61%) оваа влада прифати предвремени избори храбро и одлучно,не двоумеќи се ни за момент пред најголемиот предизвик на една демократија како што се предвремените избори.ДПМНЕ одејќи по стапките на Александар храбро го пресече “гордиевиот јазол“ што се надвисна врз состојбата во Македонија како пречка во нејзината најголема и најперспективна експанзија во историјата до сега.
 
Prvo..ovde ima nekolkumina koi za moja radost ne se ni SDS-ovci...nitu VMRO-telinja....., ama koga si na nivo na ovca ili tele toa ne ni mozes da go svatis....taka da za nekoi raboti ..dzabe muabet...
Nikoj nema nisto protiv da ni e podobro od momentot koga Makedonija prestana da vide SRYU drzava....no nazalost ne e ...toneme i toneme i toneme...TOA E FAKT... koj apsolutno nikoj ne mora da go potvrduva...se gleda nasekade...
Mene nikogas ne me interesiralo dali SDS ili VMRO ke ne napravi NAROD SO ASALNA DRZAVA....
.....zatoa gulamferi samobendisani od site proviniencii..pamet vo glava..
inaku Trn..ona spisokot...pa verojatno i ti be batka znaes, bar jas sum kazal ovde 10 pati: NAJGOLEMA LAZGA E ONAA KOJA IMA 95%..i nagore VISTINA...
 
ДПМНЕ има толку динамична програма со коренити реформи во сите сектори што практично е невозможно да се изложи на овој форум од причини што нема доволно место.Владата предводена од премиерот Никола Груевски направи голем исчекор во развојот на Македонија каков што не се памети од Александар Македонски па досега.
Сакајќи да си го провери својот и онака втор највисок рејтинг во историјата на рејтинзите што воопшто можел да го има еден премиер (првиот го има Караманлис со 61%) оваа влада прифати предвремени избори храбро и одлучно,не двоумеќи се ни за момент пред најголемиот предизвик на една демократија како што се предвремените избори.ДПМНЕ одејќи по стапките на Александар храбро го пресече “гордиевиот јазол“ што се надвисна врз состојбата во Македонија како пречка во нејзината најголема и најперспективна експанзија во историјата до сега.
Овој инспиративен говоро ... ме доведе до солзи..:cry::cry:


:pos:
Не ме зафркави не го споредуви со Александар Македонски...Тва е перверзно :tapp:
 
Овој инспиративен говоро ... ме доведе до солзи..:cry::cry:


:pos:
Не ме зафркави не го споредуви со Александар Македонски...Тва е перверзно :tapp:

Исплачи се “чедо мое“ ќе ти олесни.:helou:
 
Тој што напаѓа една те иста опција во случајов нека биде маж и нека понуди алтернатива?

СДС? или Тупурко мејби хехе
:drk:
 
прашањето е дали се живее во Македонија подобро????????????
според мене НЕ....барем јас не живеам подобро а исто така и луѓето што ги знам околу мене.
проблемот не е од оваа влада ..проблемот е до сите влади до сега кој 17 години го цедат овој народ.За разлика од обичните луѓе партиските војници кој пишуваат на овој форум тоа не може да го видат или пак не смеат да го видат тоа.
И да сработела оваа влада нешто , барем до сега нема видливи резулати, тоа не значи дека нема да се видат резултатите за некој одреден период , ама за жал сега нема ништо од тоа.

mnogu objektivno i pametno kazano ....nema nisto vidlivo ..toa e 100 % fakt
 
Тој што напаѓа една те иста опција во случајов нека биде маж и нека понуди алтернатива?

СДС? или Тупурко мејби хехе
:drk:

sega zasega jas ne gledam Alternativa ......lugeto ke ziveat mizerno i vo bliska idnina
 
Тој што напаѓа една те иста опција во случајов нека биде маж и нека понуди алтернатива?


баш тоа е болното што нема опција....секогаш бираме помегу идиоти и лопови...

имам идеа..да се проба бојкот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom