Ајде да изброиме до 100 000 :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе успееме?

  • Да!

    Гласови: 101 43,7%
  • НЕ!

    Гласови: 63 27,3%
  • НЕ ЗНАМ / НЕ МЕ ИНТЕРЕСИТА!

    Гласови: 67 29,0%

  • Вкупно гласачи
    231
  • Гласањето е завршено на .
Ми текнува порано на баба ми Милица како секој ден во 6 ми доаѓаше во соба и викаше: ајде сине ќе закасниш за школо, а ние во 7 иполо почнувавме:eek: ... (плус доаѓаше секој ден без разлика дали било тоа празник, сабота или недела) неа не и беше битно.
И кога беше петок вечерта ќе отидев кај неа и ќе и кажев: бабо немој утре си ми дошла во 6, не сум на школо. И ок убаво демек разбрала, се договоривме.
И ете ти ја утредента пак, ајде станувај 6 е сатот....леле ми идеше да се преселам, и кој знае шо да и направам ама ете постара жена шо да и правиш.
Понекогаш дури и поручек кога бев ми идеше од сабајле, заборавила бе шо да се прави..
И се сеќавам кога купивме нов компјутер со се штампач и скенер комплет и сега рековме да го тестираме. Како тест со големи букви (96ка фонд) исштампав: НЕ СУМ УТРЕ НА ШКОЛО !!! ..го залепив на вратата а плус и нагласив да не ми влегува во соба - ко демек мирно ќе прочита и ќе ме остави да спијам.
И ете ти ја утредента влегува и ми вика: Дарко шо е тој листот залепен на вратата:facepalm:
Ееее тогаш се нервирав а сега ми е смешно, во секој случај ми фалат тие времиња со неа.
А пак сега бев во штип на пастрмалијадата па таа другата баба Рада 85 години има и е во одлична состојба за таква старост, ама па стари како стари прв муабет шо ми го направи: прее видов лешници паднати на тепихот ама не ги собрав, стара сум јас не гледам.:D

Пс.12 811
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom