Aj еден совет! :)

Шо е најинтересно,лани ова време сум се умела меѓу истиот овој телефон и дигитален..годинава нешто слично..
Ова со неквалитетот на ериксонот ме буни многу....ај ќе почекам уште малце да видам што ќе каже Некро за марките...се надевам скоро ќе биде :) па ќе одлучувам...
 
не мораш да се думаш помеѓу тие два телефони
Сони Ериксонот е ЅВЕР
ти кажувам од лично искуство бидејќи јас го имав.
А не знам зошто кажувате толку лоши работи за Сони Ериксон,мојот што го имав работеше перфектно и немав никакви проблеми.
 
не мораш да се думаш помеѓу тие два телефони
Сони Ериксонот е ЅВЕР
ти кажувам од лично искуство бидејќи јас го имав.
А не знам зошто кажувате толку лоши работи за Сони Ериксон,мојот што го имав работеше перфектно и немав никакви проблеми.

зошто ова го кажуваш во минато време? :raz:
 
Јас имам Ериксон к 750 и телефонот е гром. Е сега како што разбрав... оваа последнава генерација имале некаква маана. Што како незнам, само толку знам толку ми кажаа. Некро имаш нешто подслушнато за оваа работа?
 
па не последната генерација туку последната серија, и не е последна туку повеќе серии се. Значи не фамилијата Цид 39 или 40 туку верзија на процесор, исто така се врткаа муабети дека т-мобиле што ги давал на пост пејд биле репарирани :) интересно е што дури и во мои раце дојдоа такви телефони што на изглед си мислиш дека е џам сочуван, цркнал одеднадеж и го отвараш внатре наместо убаво печатена плоча ко од фабрика гледаш некој лемел со леткум за оџаци. Не само кај к750ве туку и кај многу други популарни телефони.

како и да е, едно е јасно... што повеќе продаван е телефонот - тоа повеќе мани има.

Зошто - освен при масновното производство што можат да се направат грешки, тука е и факторот што лугето не знаат да ги чуваат телефоните.

Пример годинава се продадоа сигурно преку 6000 к750ки, зборам за 2006, а W800ki се продадоа дури и 30 пати помалце од нив. Телефонот т.е. плочата и платформата е тотално иста, ама W800ki помалце идат на сервис, дури и за фабрички мани и потрошни материјали затоа што и воопшто скоро ги нема, а и друг фактор игра тука. Малце е поскап од К750 околу 50/60 евра што значи - ако некој си платил поскапо - појке ке го чува - логично нели?

грубо да идеме, купуваш К750 на старо за 100 евра и си стааш врвка и баш ти е гајле ако ја треснеш до земја нели?
2 верзија, собираш веке 7-8 месеци пари за да си купиш Широко голд од 1400 евра, ке ставиш врвка?
 
и шо беше разликата во оние букви?? S,M,K,L,C...или како и да е??
cs.gif
 
и шо беше разликата во оние букви?? S,M,K,L,C...или како и да е??
cs.gif
Прочитај! како и да е значи не само буквата туку и бројката игра улога на тоа колку е квалитетен и моќен телефонот.

Пример Сименс Ѕ45 е многу послаб од Ѕ55, додека Ѕ55 е неколку генерации послаб од Ѕ65, а сега пред две години излезе и доста моќен модел на Сименс - Ѕ75, до сега никогаш не ми дошол на сервис, има братче МЕ75 кое е навистина убаво и на дизајн и во функции само што е прескап. Ѕ88 е сеуште нов модел, неможам да го критикувам, но по претходното искуство на Сименс телефонов има најмоќни функции. т.е. ова е единствен модел на Сименс со 2мегапикселна камера кој излезе на нашиов пазар.

Ѕ45
sim_S45_2.jpg


Ѕ55
telefon-duzy-siemens-s55-32.jpg


Ѕ65
c65.jpg


Ѕ75
s75.JPG


МЕ75
siemens_me75.jpg


Ѕ88
BenQSiemensS88_01.jpg
 
Некро... твое мислење за 6110 комуникатор?? Сакам да ја менувам Н73 и да доплатам.Ми бараат 100 евра доплата.Даај мислење (што моеш поскоро) :)
 
Ај кажете ми ваше мислење за Нокиа 5070, и за колку пари може да се најде на ново ама да не е на пост пејд
 
Некро... твое мислење за 6110 комуникатор?? Сакам да ја менувам Н73 и да доплатам.Ми бараат 100 евра доплата.Даај мислење (што моеш поскоро) :)
да не мислиш навигатор? имам до сега фатено во рака таков телефон, не ми се допаѓаше многу, во секој случај мисалм дека и малце е скапо за доплата 100 евра, спрема функциите се разбира. Твое си е, ако ти се допаѓа телефонот не треба да слушаш туѓи мислења, јес да понов е од Н73, но не значи дека е подобар, тоа што има ГПС нека не те пали многу, како и да е неможам навистина да ти кажам што точно да правиш, ама спрема функциите - не вреди според мене, убав дизајн има ама сепак јас лично кога би бил на твое место би му побарал помала доплата... ако сум затрескан у телефонот

Ај кажете ми ваше мислење за Нокиа 5070
Добро телефонче, наследник на 6070, немаат многу мани, тешко се сервисираат и за таа цена вреди да се има, можеби нема некои многу напредни функции ама сепак е супер.
и за колку пари може да се најде на ново ама да не е на пост пејд
гледам во германос го има за некои си 900 денари во пост пејд, прашај дали имаат опција и во при-пејд да го дадат, не верувам дека некоја од мобилариве би го имала истот модел само како телефон оти во последно време никој не се бафта со телефони од 70/80 евра, колку ке му стаиш заработка на телефон од 70 евра? :toe: логички не е можно исто ко на телефон од 350 евра, затоа на никој не му се исплати да продава поефтини телефони, да така залудно ќе ти биде барањето по мобилари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom