Airsoft - Counter Strike во живо ..Фала богу и во МКД :)

  • Креатор на темата Креатор на темата BliND
  • Време на започнување Време на започнување

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Возраст
27
Конечно и во Македонија да дојде оваа рекреација наречена Airsoft , сите на пазарот ги имаме видено пиштолите и пушките на дијаболи , но сите сме помислиле дека се за мали деца ..
Епа не сме биле во право :)
Airsoft е вид на спорт во кој сo помош на оружје на дијаболи се рекреираат елементи на војна :) .
Пример за тоа е видеото :
Како македонци неможеме да си дозволиме пушка која автоматски исфрла дијаболи , но сепак со тек на времето и тоа ќе го има .. Сега за сега ова што го имаме е доволно .

Вебстраницата за пријава на турнир во Airsoft е
www.airsoft.mkd.net
Каде што се објавени податоци за „спортот“ , за турнирите во Македонија и пријава на турнирите ..

Се на се забавно е , може да се отиде :)
 
Paintball само што повеќе боли и не остава траги на облеката.
 
Па да речеме :)
Само што има повеќе пукање и се игра на отворено (природен терен де :) )
Е добро де и на саем беше на отворено, и под железничка беше на отворено, на Кале исто:)
Знаеш проблемот е што ќе отидеш еднаш и никогаш повеќе, едноставно ќе има дивеење со цените т.е. нема да биде по стандардите
 
Е добро де и на саем беше на отворено, и под железничка беше на отворено, на Кале исто:)
Знаеш проблемот е што ќе отидеш еднаш и никогаш повеќе, едноставно ќе има дивеење со цените т.е. нема да биде по стандардите

Овде ми се чинат цениве пристојни барем :)

Airsoft напиша:
Првиот турнир ќе се одржи во н.Волково (последна 22ка) на 20.12.2008 (сабота)​
Турнирот ќе биде составен од 4 тима со по 10 членови. Секој тим ќе има право на 2 натпревара со што ќе се избори за едно од 4те места. Секој член од тимот како оружје ќе добие shootgun, пиштол и 1000 BB's. Секој член исто така ќе добие и пар заштитни наочари.​
shootgun.jpg
pistol.jpg
BBs.jpg
googles.jpg
На турнирот ќе има и 4 судии кои ќе бидат задолжени за регуларноста на натпреварите. Натпреварите ќе траат по 40 мин или додека не се елиминира противничкиот тим. Доколку по истекот на 40те минути сеуште има членови во двата тима, победник е оној тим кој има повеќе членови. Цената за учество во турнирот е 300 денари во кои е вклучено и освежување и превоз од автобуската станица до стазата.​
mapa.jpg

 
Се е супер само пушкиве ми имаат звук на евтините играчки од пазар. И од далеку тешко се слушаат, инаку супер изгледа
 
Се е супер само пушкиве ми имаат звук на евтините играчки од пазар. И од далеку тешко се слушаат, инаку супер изгледа
Па да , такви играчки и се :)
Овие кај нас на турниров што ќе бидат ќе бидат нормални , како мали што си игравме на репетирање ..
Па понатака ако успее да се развие Еирсофтот најверојатно ќе се подобри и опремата :toe:
Na paintball se glea boja na obleka,i znaesh koj kogo pogodil.

Ama na ova? kako? Sho? od kaj se znae koj kogo go ubil?

Ili i da poginesh.....?

Па има судии кој гледаат кој кого погодил и се бара Фер игра , односно кој ќе биде погоден да крене рака :) .
 
Првиот турнир ќе се одржи во н.Волково (последна 22ка) на 20.12.2008(сабота)

абе ја сум од волково,само првпат слушам за ова,ако има кандидати од форумов,да напрајме тим,
 
Е ова е веќе нешто интересно :) поштуем
ќе пробам да склппам екипа ама некако ми е кратко времето за првиот турнир :(
Се надевам ке има следен :)
и едно прешање нешо пишувате болело wtf ?!?
 
Малку доцна со инфово... не знам дал ќе стигнеме да се збереме дрим тим екипа (јас, Ацид и Трн во Око).
Башка на 20ти вечерта има реге во Кастро, некако не ми иде да пукам на 20ти.
 
ако не може да се напраи план за нареден турнир кога и да е :)
хмз а имам и еден проблем кај ќе најдам маскирна униформа :raz:
јбг укинаа идење војска 1месец пред 18 години да напунам
ма ќе се снајдам јас секогаш сум расположен за малце пукање :)

а имам предлог да ја убаците темава во хоби зс не е баш за ремет:)
 
ако не може да се напраи план за нареден турнир кога и да е :)
хмз а имам и еден проблем кај ќе најдам маскирна униформа :raz:
јбг укинаа идење војска 1месец пред 18 години да напунам
ма ќе се снајдам јас секогаш сум расположен за малце пукање :)

а имам предлог да ја убаците темава во хоби зс не е баш за ремет:)

Ќе има и следен турнир :)
На тој мора да се иде :)
И на овој ќе идам ама само за да видам што како е , па ако е добро зашто да не се распуцам :) .

А инаку не мораш со маскирана униформа де :) Само препорачувам стара облека пошо може ќе ти притреба да се ваљаш на земја :) :nesvest:
 
Имате ли униформи, заштитни наочари, маски...? Со еден збор - неоходна заштита опрема.
Мене поинтересно ми се чини Пејнтбол. И по безболно.

Може ќе отидам оф-топик, ама кај има Пејнтбол арена во Скопје?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom