Агенции за недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата katinakatalina
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
856
Ајде ќе ве замолам за еден совет.
Имам една стара куќа и сакам да ја продадам, но немам многу време за да одвојам како би одела со заинтересирани потенцијални купци на увид на лице место, ниту па сакам по цел ден да верглам на тел.и да давам едни те исти информации.
Прашањето ми е дали се исплати и колку уствари зимаат провизија агенциите за недвижности или пак подобро е да ја огласам јас сама!?

Ако знаете и која агенција е најдобра и каде е подобро да ја огласам, тоа би било уште подобро:)
 
Имам искуство со две агенции тука од Струмица. И двете земаат 2% провизија ама проблемот беше што и двете неможеа да ја продадат куќата ни после 6 месеци. Кога и да се јавевме да прашаме стално викаа дека нема заинтересирани и дека тешко ќе се продаде. Направив 10тина добри слики од куќата, ја огласив на интернет скоро на сите рекламни портали и секој ден се јавуваа по 10 луѓе. Ја продадовме за неполн месец точно по цената по која ја огласивме, ни провизија ни ништо. Затоа според мене најдобро е секогаш сам да си продаваш што и да е, посредници знаат да те заебат и плус ти земаат добри пари за ништо работа. Зошто да платиш пример 5000 евра на агенција кога тоа е сума на пари со која можеш да ги покриеш сите трошоци што може да ти излезат при продажбата
( документи, нотари итн. ) и плус ќе ти останат уште? Затоа агенции за недвижнини големо НЕ!
 
Благодарам многу, паметни совети...сега ќе ја пуштам на оглас на сите кај што ке најдам.
Има бесплатни огласи нели!??
 
Ајде ќе ве замолам за еден совет.
Имам една стара куќа и сакам да ја продадам, но немам многу време за да одвојам како би одела со заинтересирани потенцијални купци на увид на лице место, ниту па сакам по цел ден да верглам на тел.и да давам едни те исти информации.
Прашањето ми е дали се исплати и колку уствари зимаат провизија агенциите за недвижности или пак подобро е да ја огласам јас сама!?

Ако знаете и која агенција е најдобра и каде е подобро да ја огласам, тоа би било уште подобро:)
Мој совет ти е да ја огласиш куќата со слики на Реклама5 или Пазар 3. Цената за огласување е околу 50 денари, а најбитното од се ќе има и луѓе кои ќе ти се јавуваат, но ќе има и агенции кои ќе те прашуваат дали сакаш преку нив да ја огласиш куќата:)
 
И тука имаш огласи...дај стави слики, локација, цена, може има и тука заинтересирани.:свиркам:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom