- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 612
- Поени од реакции
- 11
Вмешаноста на Македонската православна црква во аферата околу хипотеките за струшкиот хотел „Изгрев“ втор месец по ред е најматен настан во анкетата „Бистро - Матно“, со 11 гласа.
Во анкетата што ја спроведуваат Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност - нулта корупција“ учествуваа 15 главни уредници на национални медиуми.
Според нив, најбистар настани во декември со седум гласа се сертификатите за добро корпоративно управување во 2008 година.
Најновите информации за аферата „Изгрев“ посочуваат дека МПЦ дала согласност за повеќе од еден кредит на браќата Миладинови и оти дел од парите се префрлени на нејзина сметка.
Одлука со која МПЦ се согласува „Изгрев“ да биде заложен кај измамената германска ЛХБ Банка за 4 милиони евра од февруари 2005 со печат на МПЦ и потпис на Димитар Белчовски, претставник на црквата, објави весникот „Вечер“. Црквата тврдеше дека нема врски со кредитите од германската банка, а нејзин претставник соопшти дека е дадена согласност само за еден кредит од Тутунска банка.
Сакам ваше мислење за тоа дали МПЦ ужива големи права и е недостапна за судските органи и колку е големо влијанието на црквата во политичкиот живот ?