Adobe Photoshop - почетнички туториали (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

Комита Ултрас

Модератор
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.786
Поени од реакции
30.418
Локација
Скопје
statusQuO напиша:
По барање на Комита Ултрас, отворена е нова тема за фотошоп туториали од почетнички ранг. Темата ќе биде апдејтувана еднаш до двапати неделно со нови содржини притоа останувајки во read only мод (забрането постирање освен нови апдејти од страна на Комита Ултрас). Сите дискусии за сугестии и прашања во врска со туториалите ќе се одвиаат тука

Лекција бр 1: Запознавање со алатките во Фотошоп​

Ајде малце подетално да се запознаеме со палетата на алатки, а подетално со првите 6 алатки од таа табела. Како што е вообичаено подесено во Photoshop кога се стартува програмата палетата со алатки (обележана со цвено) е поставена на левата страна од прозорецот, но вие може да си ја поставите таму каде што најмногу ви одговара. То може да го направите со кликање и држење на левото копче на глувчето на делот кој изгледа како да е покриен со многу мали точки или темниот дел десно од двојните стрелки веднаш над првата алатка која изгледа како црн курсор на глувчето.

Првата алатка (
1oso.png
) која наликува на црн триаголник е едноставна алатка и служи единствено само за преместување на објектите на листот на кој цртате како и за полесно селектирање на layer-те за кои ќе стане збор во некој од понатамошните туроријали. Оваа алатка се користи така што прво кликате на неа во палетата за да ја селектирате и работите со неа (ова важи за сите алатки) и едноставно со клик, држење на притиснато лево копче на глувчето и влечење на објектот кој сакате да го преместите на неговата нова позиција. Втората алатка веќе има и повеќе опции, како и сите алакти кои имаат мало црно триаголниче долу десно. Со клик и држење на притиснато копче се појавува мало прозорче со повеќе верзии на таа алатка зависно вашите потреби.

На пример за алатката бр. 2 (Селекција) се појавуваат 4 поттипови и тоа Rectangular Marquee Tool, Eliptical Marquee Tool, Single Row Marquee и Single Column Marquee Tool. Со првата се прави правоаголна селекција, со втората елиптична, а со останатите две се селектира само една хоризонтална или една вертикална линија. Кога се прават селекциите на листот изгледаат како една анимирана испрекината линија. Ако не сте задоволни од тоа како изгледа селекцијата едноставно ја поништувате со правење друга селекција или притискате Ctrl+D на тастатурата. Она што е битно да се спомене е дека за секоја алатка која е моментално активна (кликната) горе над палетата, а под палетата со менија се појавува нова палета која е различна, зависно од активната алатка. Таму има повеќе дополнителни опции со кои ќе се запознаеме кога ќе прикажеме конкретни примери за цртање.
2tyt.png

Со клик и држење на следната алатка се појавуваат и нејзините подтипови. И оваа алатка служи за селектирање, но малку посложено, кое не може да се направи со претходните поедноставни алатки како Rectangular или Eliptical Marguee Tool. Алатката Lasso Tool едноставно кажано прави селекција како да цртате со слободна рака на лист хартија. Со клик и држење на притиснато копче може да направите селекција по ваш избор, но оваа алатка е малку незгодна за користење бидејќи работите со глувче, а не со вистински молив, па тоа “цртање со слободна рака“ најчесто не излегува баш онака како што сакате. Следниот поттип е Polygonal Lasso Tool. Оваа алатка е доста лесна и елегантна за користење и едноставно не можете да погрешите. Со оваа алатка едноставно кликате на точки како да се темиња на многуаголник, а селекцијата автоматски се исцртува. Со клик на точката од каде што сте почнале се затвора многуаголникот и се претвора во анимирана испрекината линија која ја означува вашата селекција. Последниот поттип е Magnetic Lasso Tool. Оваа алатка е многу интересна за користење. Имено со оваа алатка само кликате на почетната точка и го движите глувчето по рабовите на на што сакате да селектирате и линијата едноставно се лепи за рабовите. Пак со клик на точката од каде почнавте се добива вашата селекција. И следната алатка е за селектирање, но функционира на сосема различен начин. Има два поттипа на алатки (Quick Selection и Magic Wand Tool). Овие алатки се многу добри кога сакате да селектирате површини кои по боја се различни од соседните. Имено ако имате еден правоаголник малку покомплексно обоен со црно и црвено како на сликата и да речеме сакате да го селектирате само црвениот дел. Со првата алатка ( Rectangular или Eliptical) нема шанси тоа да го направите, а со Lasso Tool би било многу тешко и најверојатно неточно. За ваков проблем тука на помош доаѓа алатката Magic Wand Tool.

Само кликате било каде на црвениот дел и оваа алатка автоматски го селектира САМО црвениот дел. За да функционира добро оваа алатка мора да има значајна разлика (како во случајов црно-црвено) меѓу посакуваниот дел и оној соседниот кој не ви треба.. Другата алатка Quick Selection Tool функционира слично како и Magic Wand само што на некој начин рачно ја правите селекцијата. Со кликање на одредени делови на црвената површина правите мали селекции во облик на кругови кои доколку се допираат се спојуваат во поголема селекција и е малку потешка за користење. Алатката Crop Tool и нејзините поттипови служат за отфрлање/отсекување на несакани делови од сликата. Најчесто се користи Crop Tool и тоа доста лесно бидејќи изгледа како да се црта правоаголник кој го означува делот кој по завршувањето на акцијата ќе остане додека другиот дел надвор ќе биде избришан.

По димензионирањето на тој правоаголник и со притискање ентер останува само тој дел што бил внатре, а остатокот се брише. Следната група алатки како Eye Dropper Tool и Color Sampler Tool се користат за брзо селектирање на боја со која ќе работите. Ако имате веќе употребено некоја боја во сликата, и подоцна имате потреба пак да ја користите, најлесно е со Eye Dropper Tool да кликнете на таа боја и следно таа боја ќе ви биде активна за цртање, боење се додека не ја смените. Во оваа група на алатки спаѓаат и Ruler Tool и Note Tool кои служат како што самото име кажува за мерење на димензии на објекти на цртежот или за оставање некои пораки како потсетник што треба следно да направите. Толку за овој напис, во следниот ќе се запознаеме и со останатите алатки кои се и покомплексни и со тоа имаат и повеќе опции кои ви нудат многу можности за цртање, обработка на фотографии и слично...
 
Лекција бр 2: Запознавање со алатките во Фотошоп - 2 дел
​


​
Продолжуваме со описот на алатките во Photoshop, овој пат со втората група на алатки во палетета. Овие за разлика од првите се малку покомплексни и треба повеќе искуство за да се користат правилно и според желбите за она што сакате да го направите.
Првата е Spot Healing Brush Tool. Оваа алатка се користи за бришење на несаканите несовршености на сликата, но не функционира како обичен бришач, со кој се бришат сите пиксели и останува само бела или транспарентна површина. Оваа алатка може да направи некои работи како да воопшто не постоеле. Ја користат најмногу професионалните фотографи, на пример кога ве сликаат за матурска или дипломска. Секако имате забележано кога ќе ги гледате сите слики од вашите другари, колеги на сите лицата им изгледаат некако совршени, чисти....без бемки, мозлчиња и сл. Е тоа се постигнува со оваа алатка. Само ја селектирате и кликате на она што сакате да го снема од сликата и програмата во позадина си пресметува што треба да стави на местото кое го бришете за тоа да се сложува со околната текстура како да ништо не било избришано. Има и неколку поттипови во оваа алатка, како што е на пример Healing Brush Tool.
Оваа е слична на претходната со тоа што работи на начин што она што го “бришите“ како да го разводнува, развлекува и со тоа помалку се забележува. Потоа следува Patch Tool со која може да прекриете нешто со пиксели од друго место. Функционира како алатка за селектирање. Местото што сакате да го прекриете го селектирате како со Lasso Tool. Потоа со селектирана истата алатка ја преместувате селекцијата на она место од каде сакате да земете пиксели (површина) за прекривање, пуштате кликот и готово. Почетното место кое го селектиравте е покриено со површина земена од местото на кое ја преместивте селекцијата. Red Eye Tool се користи многу често за отстранување на ефектот на “црвени очи“ кој се јавува заради блицот на фотоапаратите. Само ја селектирате алатката, цртате правоаголниче околу окото и автоматски црвената боја е отстранета и окото изгледа природно :)

Следната алатка е меѓу најкористените. Веќе беше опишана во првиот напис од овој серијал (Стекнете неколку основни познавања од Photoshop). Тука само ќе спомнам дека дава многу можности цртање практично на се и сешто. Со големиот број custom made-четки кои можат да се најдат на интернет, можностите се неограничени. Со поттипот Pencil Tool можете како со молив да цртате поедноставни, слободни форми. Алатката Color Replacement Tool е една од најинтересните за користење во Photoshop. Со оваа алатка можете едноставно да менувате бои на вашата фотографија без губење на деталите. На пример ако на некоја забава сте сликани во бела маица, со оваа алатка може да направите како да сте се сликале во црвена или црна маица, а воопшто немате таква во вашата гардероба :)


Може да си играте со алатката и да ја промените бојата од жолта во црвена или различни делови од каросеријата да ги обоите различно. Прво избирате боја подолу во делот Foreground/Background color (втора алатка оддолу) со кликање на првото квадратче и избирање на посакуваната боја. После тоа може да изберете некое подесување за алатката горе во палетата за опции за таа алатка како што се Limits:Contiguous/Discontiguous/Find Edges или Tolerance. Со проба ќе пронајдете она што најмногу ви одговара. Обично со default сетинзи би требало да завршите работа. Потоа едноставно боите со алатката таму каде што сакате и можете да забележите дека бојата се менува ама детаките остануваат, не е боење како со Brush Tool со која се се покрива. Еве го крајниот резултат:

Следна е Mixer Brush Tool. Оваа алатка е новина во CS5 верзијата, па овој дел од текстот е за оние кои ја користат оваа верзија на Photoshop. Оваа алатка им дава на дигиталните фотографии ефект како да се рачно насликани на платно со некоја позната техника. Има прилично многу за објаснување така да ќе ви посочам некои видеа со туторијали од YouTube каде што можете да ја видите оваа алатка на дело и со повторување на некои од нив и малку експериментирање ќе можете и сами да ја користите на своите фотографии: Mixer Brush Tool Mixer brush tool.
 
Лекција бр 3: Запознавање со основните функции и појаснувања
​

Епа вака сеа у воведни делови не ме бива многу многу па ќе се обидам да бидам што пократок и појасен нема да го тупам преминувам на главно. :)

Кога правите слика најбитно од се е да има квалитетна резолуција ppi(dpi), за вас не знам но секогаш кога правам некоја слика пр. за позадинa 1280 х 800 ја правам во поголема резолуција па ја намалувам често ми се дешаваше порано да се намали резолуцијата па од таа причина корисно е од потребната големина да додадете некој пиксел повеќе па да намалите ако треба.
И секогаш запамтете..
Слика за на печат:
300 ppi и секако да биде CMYK ( Cyan Magenta Yellow Black)
Сликата за веб сајт:
72 ppi RGB(Red Green Blue)
*ppi означува pixels per inch и се подесуваат при креирање на нова површина(File-New)
fileneww.png


Во полето Name се внесува името на новата површина пр. Туторијал за почетници.Во полето Width се внесува ширината на површина, а во полето Height висината. Одберете дали ќе биде во пиксели, инчи, сантиметри, милиметри и сл.
pikseli.png

Во делот Resolution наведете ја големината на резолуцијата и наместете ppi(Pixels per inch/cm), а во Background Contents White за бела позадина, Transparent за да нема позадина.
Со притискање на копчето ОК креирате нова површина.
Во горниот дел во полето View изберете Rulers за да се прикажат странично ленирчиња за да имате мала помош околу симетријата(иако Фотошопот има мана слаба симетрија).
view.png

За да намилете некоја големина можете преку Image-Image size како сликата подолу
image1296166925.png

Можеби делот Image највеќе ќе го користите бидејќи има голема примена како и делот Filter. Делот Image-Adjustments е за ефекти на сликите (осветлување, затемнување контрасти и сл. повеќе за ова во наредната лекција)
adjustment.png

Во претходните лекции се запознавте со алатките за селекција па така доколку сакате некоја селекција да ја зачувате одите на Select па Save Selection како на сликата...
select.png

И доколку веќе имате снимено селекција ќе може да ја повиката преку Load Selection..
Толку за денес народе повеќе утре уште 2 лекции ќе бидат со запознавањето на фотошоп и неговите функции и преминуваме на туториали :) прашања и предлози по пп или во другата тема!
​
 
Лекција бр 4: Запознавање со работната површина и четките!
​

​

Знам дека каснам реков вчера ќе има апдејт али ете обврски и мора малце само 2 саата ништо повеќе :) Ајде сега продолжуваме со уште едена лекција за работната површина и за четките!
Прв чекор, кај секој почетник на Photoshop е поддесување на работниот простор. Работниот простор се поддесува со вклучување и исклучување на саканите прозорци, како што се: Brushes, Layers, History, Info, Navigator(лесно можете да им менувате положба)прикажувањето на лењири(се пуштаат преку View-Rulers) ... Откако ќе се поддесат и подредат како што треба, работниот простор можеме да го зачуваме под свое име како на сликата(кога ќе си ги подесите одите (New workspace задавате име пр.кајгана):
rabotenpro.png

Втора работа е поддесување на курсорот. Овај чекор не е задолжителен, но е пожелен. Тоа се прави со избирање на Edit од главното мени, па потоа Preferences->Cursors. По отворањето на прозорецот, избираме: Painting Cursors: Normal Brush Tip ,а за Other Cursors: Precise, како на сликата:
cursors.png

Трета работа, важна за оние кои подоцна попрофесионални ќе се занимаваат со Photoshop е користење на четки. Во Photoshop има вградени четки, но постои можност да се вчитаат и користат нови, кои претходно ќе се превземат од Интернет. Има многу такви сајтови за бесплатни четки (форматот на четката е .abr). Процесот на вчитување на веќе превземена четка е даден на следните слики:
cetki1.png

Четката која ќе ја користиме во следниот чекор, можете да ја преземете [FONT=&quot]тука[/FONT] .

· Како последен чекор овој туторијал, ќе пробаме да нацртаме нешто, користејќи ги новите четки. Едноставно, отвораме нов документ File->New и поддесуваме резолуција. Откако ќе се отвори празниот лист, избира четка. Треба да напоменеме дека најновите додадени четки се најдолу, како на сликата:
cetki2.png

Конкретно со овие четки се користат со едноставно „лепење“ на четката врз листот и ја добиваме следната слика:
cetki3.png

Четки можете да симнете од следниве сајтови:
http://freephotoshopbrushes.net/
http://www.brusheezy.com/brushes
http://myphotoshopbrushes.com/brushes
има и други сајтови али гугл :)
Кога ќе ги симнете .abr фајлот копирајте го во фолдерот Brushes кај што ви е инсталиран Фотошопот...
Океј сеа се запознавме со алатките, се запознавме со функциите на секое мени, си создадовме работна површина која ќе ја користиме понатака и научивме како да користиме четки епа ако сум пропуштил нешто кажете да надополнам следуваат туториали за ефекти :)
 
Лекција бр 5: Запознавање со леерите!​


Епа по подолго време почнуваме со туторијали :)
Пред да почнеме со работа ќе заборавев да ве поднаучам малце со леерите(површината на која се работи).
11298224870.png

Пример: Отварате некоја слика сакате да додадете некој елемент, обавезно креирајте нов леер за да подоцна можете елементот да го движите по работната површина, менувате димензии или пак да го избришете. Нов леер се креира преку Layer-New-Layer.

21298224906.png


Или пак со кликање на оваа икона.
31298224947.png


Исто така леерите можете да ги дуплирате едноставно преку менито Layer-Duplicate Layer.
41298224964.png


Името на леерот можете да го менувате за подобро да си ги организирате и да знаете кој леер за кој елемент се работи, а не да биде Layer 1, Layer 2 итн.. Името се менува кога двапати ќе кликнете врз веќе постоечкото име и го менувате(пр.кајгана).
Леерите нормално се поместуваат но не и леерот Background, бидејќи е главниот леер, може и да се избрише секако и се добива транспарентна слика. Дури кога ќе работите потешки слики со премногу леери за подобра организација ставајте ги во фолдери/групи. Со притискање на иконата(подолу на сликата)

51298224999.png


вие ќе креирате група или преку менито Layer-New-Group
61298225051.png



Тоа е следен туторијал ефекти. :)
 
Лекција бр 6: Избелување на забите
​

Премногу жолти заби? Избелете ги со четка и паста колгејт :) . А, за жолтите заби на слика користете Фотошоп :). Одберете ја сликата што сакате да ја користите и почнуваме.

1jyj.jpg




Со алатката Laso Tool направете селекција околу забите .

2zrz.jpg




Кога е направена селекцијата притиснете CTRL+C и потоа CTRL+V за да ја копирате селекцијата на нов леер. Работиме на новиот леер. Идеме во Hue/Saturation.


3ngn.jpg




И избираме Yellow и Saturation -100


4rpr.jpg



Потоа пристиснете OK. Повторно отворете Hue/Saturation и светлината ставете ја на 25.


5wtw.jpg


Повторно океј. Сега забележувате дека остана бел дел од селекцијата околу забите али и тој ќе го одстраниме без проблем. Одберете ја гумичката и избришете го делот надвор од забите.
Направете нов леер и со бела боја и мека четкичка обојте ги забите бели(САМО ЗАБИТЕ). Потоа намалете го Opacity додека не добиете поволен резултат.
[FONT=&quot]Јас го добив следниов резултат.

7vsv.jpg


НАПОМЕНА: Светлината немора да е 25 или -100 може да биде било кој број зависи од сликата. Експериментирајте додека не го добиете посакуваниот резултат.[/FONT]​
 


Лекција бр 7: Бришење на предмет од слика
​



Во овој туторијал ќе ве научам како да избришете некој предмети од сликата. Сигурно во повеќе случаеви имате слика и некој дел не ви се свиѓа и сакате да го одстраните. Во повеќето случаеви тоа е можно. Дозанајте во следниов туторијал како да го изведете тоа.

Прво одберете ја вашата слика што ќе ја користите јас ја одбрав следнава:



boatinwatermosselbay.jpg


Предметите можат да се бришат на различни начини порано тоа го правевме со саати но со секоја нова верзија на Фотошоп тоа е се полесно и полесно. За тие што користат цс5 верзија е следниов начин. Со некоја од алатките за селектирање, селектирајте го предметот што сакате да го избришете и оставете 1cm повеќе простор од посакуваното јас користам Rectangular Marquee Tool


1gyg.png




Го селектирам посакуваниот дел.



2juj.png

Стискам Delete и одбирам Content Aware. Mode останува Normal и Opacity 100%. Јас ги избришав сите предмети и го добив следново.

4gtg.png



Најчесто се случува околу избришаниот дел да се појават некој траги но тие л есно се одсрануваат со Healing алатките.


Земав уште еден пример за да видите.

maninroad.jpg



5bkb.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom