таква слика сакам, ајде да видам дали ке напраиШ :smir::kesa:ај напрај :smir:
За таква слика да направиш, убаво е објаснето на форумот за фотошоп и тоа ем со слики, ем на македонски.
Еве на кратко и тука ќе го објасниме начинот на изработка на една таква слика.
1. Отворете нов документ со произволна големина, со црна позадина.
2. Со Text Tool-от испишете го вашиот збор во центарот на сликата.
3. Следно, дуплицирајте го слојот уште 4 пати (вкупно пет) и направете Rasterize на слоевите.
4. Одберете го првиот дупликат од оригиналниот слој со зборот и направете Filter->Stylize->Wind кон лево
5. На вториот дупликат направете го истиот филтер, но кон десно
6. На третиот дупликат, направете Edit->Transform->Rotate 90 CW и ставете го филтерот Wind кон десно.
7. Вратете го слојот во првобитната положба со Edit->Transform->Rotate 90 CCW.
8. Со последниот четврт дупликат едитирајте го со Edit->Transform->Rotate 90CCW па Wind кон десно
9. Вратете го во првобитната положба со Edit->Transform->Rotate 90 CW
10. Следно, заклучете ги дупликатите слоеви со кликање на окото до слојот.
11. Ставете го оригиналниот слој над дупликатите со влечење (Drag and drop). Потоа Со Magic Wand Tool селектирајте ги буквите, за да додатете селекција, десен клик Add to selection.
12. Следно обојте ја селекцијата со црна боја, и отклучете ги слоевите што претходно ги заклучивте. Треба да го добиете ова.
13. Следно споете ги сите дупликати слоеви во едно со Merge. Ctrl+E
14. Одберете го споениот слој и притиснете Ctrl+U и штиклирајте го Colorize.
15. Обојте по желба.