Абортус?!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Возраст
34
Веб-сајт
hernameisfictional.wordpress.com
Цел форум за Здравје го прегледав и не најдов ваква тема.

Изиритирана од кампањиве против абортус, решив да направам ваква тема, со цел да добијам ИСКРЕНИ мислења за ова. Дали и колку ви влијаат кампањите? Дали откако видовме дека наталитетот е намален во Македонија, е доволна причина ако останеме трудни на 18 години да го зачуваме детето? Што ако имаме амбиции за понатамошно образование, можеби добра работа, кариера? Бесмислено е да се убедуваме дека ако една година паузираме со учење заради бебето, дека после тоа можеме нормално да продолжиме со образованието, како таа обврска веќе да ја нема. Нема да останеме исти со бебе во раце на 18 години. Или, можеби кампањите немаат никакво значење, можеби ако сте решиле до 25-26 години да си се посветите на себе, и ништо да не може да ве убеди покрај активниот сексуален живот, да чувате дете? Дали абортусот го гледате како убиство или како олеснување?

Еве да кажам јас што мислам. Океј, сфаќам дека на Македонија и е потребен наталитетен пораст, ама не е доволно тоа што измислија плаќање за секое трето и повеќе дете? Мислам дека јас сега ако се соочам со тоа, нема ни да размислам за чување дете. Едноставно си имам некои цели, и ќе направам се за да ги остварам. А и башка, ако ми касни некој ден, одма тест, гинеколог и завршена работа. Нема да чекам да немам менструација 3 месеци за после тоа да дознаам дека сум трудна и дека е веќе касно за абортирање. Искрено, мене не ми се доволни кампањите, нема шанса да ме убедат дека ако на 19 години напуштам школо имам шанса за добар живот со задоволена амбициозност, добра работа и плата. А исто и дечкото. Мислам дека тоа е пропаст, не благослов. Не за џабе се измислени контрацептивни сретства, и навремен абортус, се со цел за контрола на потомството. Не сме животни, јеби га. Имаме шанса за контрола врз тоа.

Гоу ахед, чекам ваши мислења :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom