Abbott Elementary

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.667
1694620943685.png

Abbott Elementary е американска ситком серија, направена во стил на мoкументарец (нешто слично како Parks and Recreation). Серијата е креирана од Квинта Брунсон за ABC, а во САД стримувана на Hulu сервисот (кај нас може да ја гледате на Disney+). Самата Брунсон е главен лик во серијата, како Џанин, прекумерно оптимистички настроена учителка во второ одделение во титуларното фиктивно училиште во Филаделфија. Останатите улоги ги толкуваат Тајлер Џејмс Вилијамс, Џанел Џејмс, Лиса Ен Валтер, Крис Перфети, Шерил Ли Ралф и Вилијам Стенфорд Дејвис. Сите глумат учители во училиштето во кое слично како и кај нас, се оставени сами на себе да се снаоѓаат со материјали, средства, основни потреби. Џанин е убедена дека може да ги смени работите, иако рацете и се врзани, а ни и помагаат ни директорката Ава која повеќе се грижи за својот изглед и Тик Ток следачи отколку за децата во училиштето, а ниту самите предоминантно црни ученици. Дури ни училишниот служител не сака да смени една расипана сијалица, зашто тоа било работа на електричар, а не негова...

Премиерата на серијата е во меѓусезоната 2021-2022, на 7 декември 2021 и имаше навистина голем број гледачи и солидни позитивни критики. Првата сезона беше номинирана за дури 7 ЕМИ награди меѓу кои и за најдобра комедија, а освои три награди. Втората сезона е номинирана за 5 ЕМИ награди на престојното доделување кое е поместено за јануари 2024, и повторно има номинација за најдобра комедија. Обновена е за трета сезона. Епизодите траат по 20-тина минути и ова е навистина забавно серииче кое треба да го ѕирнете.

giphy.gif
 

Kajgana Shop

На врв Bottom