Дај боже побрзо да ги надоградат базните и да имаме побрз фиксен интернет преку нивната мобилна мрежа. Моменталниов комбо бокс што го користиме дома на момент скроз закочува, ама пак се опоравува.
Се надевам дека за брзо време ќе направат големи измени како:
-Воведување на еСим опцијата за сите уреди што ја подржуваат и исто така да може и припејд бројче да се додаде.
-Воведување на нови канали меѓу кои и тие што ги укинаа, како Еуроспорт, Гранд, Пинк, Спортклуб, Синестар, ит.н.
-Воведување на иптв преку тв бокс за руралните средини и места каде нема оптика и кабелска, за да станат повеќе конкурентни.
-Воведување на 5G на места каде немаат оптика/кабел.
-Имплентација на VoLTE за сите корисници и постепено исклучување на 3G за да се ослободат фреквенции за 5G и да има секој корисник поголема брзина.