Адресата на живеење и името на корисникот треба да бидат повеќе од доволни.
Не сум корисник на фиксни телекомуникациски услуги од Македонски Телеком повеќе од 12 (ДВАНАЕСЕТ) години, а на А1 не сум корисник на нивни фиксни телекомуникациски услуги веќе 5 (ПЕТ) години по ред.
Но од досегашното искуство што сум го имал и со двата телекомуникациски оператора и нивните Контакт центри, секогаш им биле доволни само името, презимето и адресата на корисникот, никогаш не ми барале телефонски број од претплата, а уште помалку па сериски број од уред.
А1 имаат ептен ѓубре за чистење во сопствениот двор, исто како и Македонски Телеком, но кога станува збор за квалитетот на услугата на А1 минатиот вторник, 30 април 2024, само ми потврдија дека ништо не се променило кон подобро кај нив.
Ако мислиш на КДС Кабелнет од Прилеп, не сум запознаен со нивните понуди и не знам колку се нивните услуги квалитетни и на задоволително ниво, но знам дека нудат оптички Интернет преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Можеби имаат и сопствена оптичка телекомуникациска мрежа - исто како и А1 и Неотел - но таму каде што нивната оптичка телекомуникациска мрежа не е достапна, ги поврзуваат своите корисници преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - исто како и А1 и Неотел.
Ако ги нудат своите услуги без обврзувачки претплатнички договор, слободно испробај си ја среќата со нив, во најмала рака ќе добиеш оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком кој ќе ти биде од корист во иднина за услуги од повеќе различни телекомуникациски оператори, освен ако КДС Кабелнет ти монтираат оптички телекомуникациски приклучок на нивна оптичка телекомуникациска мрежа.