Ni se javuvaat ni nudat nesto,gledas tie 100ka pokacija na tarifite ke nudelee....tesko nas so cekame....
Па префрлете се на други оператори ако ви истекле договорите.
Јас ги откачив А1 Телеком кон крајот на 2019 година, доволно им попуштав во укинувањето на ТВ каналите, укинувањето на ЕуроСпорт и Discovery каналите беше капката која ја прелеа чашата.
Добра алтернатива се Македонски Телеком - и отров скапа, се разбира. Ама затоа па секогаш на крајот од годината имаат предновогодишни промоции со одлични попусти - 2 години бесплатни спортски канали или некој од дополнителните ТВ пакети, под услов да потпишеш нов обврзувачки договор, се разбира.
За Интернет добра алтернатива се и Неотел, ама затоа па телевизијата знае да им заебе на моменти.
Еве вчера падна снегот и сите ТВ канали ги снема синоќа, за жал тоа им е маана која е бетер и од Телекабел, кај кои се случува понекогаш да снема сигнал кога ќе заврне дожд или ќе падне снег, но не секогаш, додека кај Неотел речиси секогаш снемува ТВ сигнал кога ќе заврне дожд или ќе падне снег. Од друга страна па и опциите за снимање на Неотел им се тапа - максимум 6 часа снимање и ниту секунда повеќе, иако рисиверот поддржува поврзување со USB мемории, мемориски картички и надворешни хард дискови преку USB кабел, ги чита без проблем, ама Неотел не дозволуваат снимање на надворешни уреди.
Интернетот на Телекабел им е тапа - барем кабелскиот, а оптичкиот едни го фалат, други го маваат со дрва и камења, а бидејќи имам видено со свои очи како им функционира поврзувањето на оптичката мрежа, можам да потврдам дека се хаос од техничка гледна точка. Телевизијата на Телекабел им е одлична за снимање бидејќи не е кодирана, со исклучок на дополнителните ТВ канали кои доаѓаат во посебни ТВ пакети за кои се плаќа дополнително. Над 80% од ТВ каналите не се кодирани и слободно може човек да ги снима на било кој понов телевизор кој поддржува снимање на DVB-C на надворешен уред - USB меморија или надворешен хард диск преку USB кабел. И секако, уникатната опција која Телекабел ја нуди е претплата без обврзувачки договор и без плаќање на пенали во случај на укинување на претплатата.
Како и да е, никогаш не можеме да добиеме се` што ќе посакаме, но сепак има алтернативи, само треба човек да си ги испланира и да си ги организира алтернативните решенија.
Еве јас сум задоволен од Интернетот и од телевизијата на Неотел и покрај идиотизмите што им се случуваат кога ќе заврне дожд или ќе падне снег како синоќа, а мобилниот телефон цел живот ми беше прво на Мобимак, па потоа на Ти-Мобајл, а сега на Македонски Телеком и целосно сум задоволен од истиот.
А1 Телеком дефинитивно премногу се дигнаа со нелегалното спојување на Вип и Оне, но врвот не е одржлив без добра потпора од долната структура. Од летото 2021 па наваму масовно поврзуваат свои корисници на оптички Интернет преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, иако масовно инвестираат и во сопствената оптичка телекомуникациска мрежа.
Но чаршиските муабети за Македонски Телеком говорат дека планираат оваа година масовно да инвестираат во понатамошно проширување на својата оптичка телекомуникациска мрежа како низ Скопје, така и низ другите градови, наводно планираат некаква инфраструктурна офанзива на пролет во мај 2022 или јуни 2022, а фактот дека ги вратија ЕуроСпорт и Discovery каналите и ги префрлија поголемиот дел од ТВ каналите - речиси сите - во висока High Definition (HD) резолуција, им дава на овие чаршиски муабети тежина на вистина.
Исто така, чаршиските муабети за Телеком Србија, односно мТел, говорат дека од нареднава пролет 2022 ќе почнат да нудат оптички Интернет преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Така да, ако ви истекле договорите со А1 Телеком, не потпишувајте ништо ново со нив, чекајте да дојде пролет 2022 за да видиме дали воопшто ќе има било какви новитети, и ако ги има, какви новитети ќе бидат.