A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Возраст
33
Во последно време има голема заинтересираност за серијалот „Песна од лед и оган“ (A Song of Ice and Fire) поради хит серијата „Игра на тронови“ (Game of Thrones) која почна да се прикажува на HBO на 17 април оваа година. „Игра на тронови“ воедно е и насловот на првиот дел од планираната хепталогија, од која досега има излезено четири книги, а петтата е планирана за објавување на 12 јули оваа година. За сите оние што не знаат, случувањата во книгата и во серијата се сместени во фантастична средновековна земја, каде што неколку куќи семејства се натпреваруваат за превласт на тронот, играјќи игра во која или победуваш или умираш.
Мене ме интересира дали има обожаватели на „Игра на тронови“ во Македонија? Колку се? Зошто им се допаѓа? Ја прочитав првата книга и морам да признаам дека одамна не бев читал нешто толку добро, а сега при првото слободно време ќе започнам да ја читам втората, „Судир на кралеви“ (A Clash of Kings).

П.С. Има фан страница за серијалот на facebook, па кој сака слободно нека се придружи :)
 
Овде се зборува за книгите, нема потреба од посочување на линк до серијата.

Ајде, ако ги читал некој нека пишува.
icon_smile.gif
 
Јас сум на самиот почеток, поточно само 2-3 страни.. Кога ќе навлезам подлабоко ќе пишам забелешки.. Иначе кажано ми е дека во серијалот доста е пропуштено од она што го има во книгите..
 
Јас сум на самиот почеток, поточно само 2-3 страни.. Кога ќе навлезам подлабоко ќе пишам забелешки.. Иначе кажано ми е дека во серијалот доста е пропуштено од она што го има во книгите..
Па, не е ни чудо што има пропуштено, книгите се во најмала рака огромни (paperback на англиски сите освен првиот дел, се над 1000 страници). Инаку, ќе забележиш дека има мали измени направено во серијата, но ништо без што не може да се живее :) Ти посакувам пријатно читање, се надевам дека ќе уживаш. Јас знам дека јас уживав. Ќе продолжам со серијалот, само чекам да ми пристигнат книгите од Amazon.com, затоа што колку и да сакам ме заморува да читам од лаптопот. Поздрави!
 
Еве и јас почнав,иако повеќе би сакал да ги читам во нивно хартиено издание,а не вака пред комп.Добар му е стилот на Мартин,малку ми е бавна,ама ок,мора да се остави простор за објаснување.
 
Еве и јас почнав,иако повеќе би сакал да ги читам во нивно хартиено издание,а не вака пред комп.Добар му е стилот на Мартин,малку ми е бавна,ама ок,мора да се остави простор за објаснување.
Ако сакаш да ги купиш сите досега излезени делови (5-тиот излегува на 12-ти јули) пробај да ги нарачаш од овде. Книгите чинат околу 850 денари, а со достава излегуваат вкупно околу 1150-1200 денари, зависно од тоа во кој град во Македонија живееш.
 
Јас тукушто ги земав (додуше ми ги нарачаа од друга земја, но сеедно е), квалитетот на книгите е на ниво, има 4 книги, и досега сум докај 50тата страница од првата книга, воодушевен сум. Топло ги препорачувам на сите што се мислат дали да ги земат, вреди за парите дефинитивно.
 
Hemmeling, што беше тоа за што најмногу го пропуштиле во серијава? Ај кажи ти, после ќе кажам јас од тоа што ми кажале некои кој ја гледат серијава (затоа што лично нејќам да си ја расипам, иако има супер добри критики, личен проблем е :D).
 
книгите се несвест.. при крај сум со судирот на кралевите... ги барав ги барав и дремев ко идиот на пц ко го читав првиот дел и испадна на крај дека ближа рода да не речам со години си ги чувала во вц... сите 4 дела... кога ги зедов чувството беше .. да го опишам со еден збор- оргазми
 
Hemmeling, што беше тоа за што најмногу го пропуштиле во серијава? Ај кажи ти, после ќе кажам јас од тоа што ми кажале некои кој ја гледат серијава (затоа што лично нејќам да си ја расипам, иако има супер добри критики, личен проблем е :D).
Па, со оглед на големината на книгите, според мене серијата беше многу успешно доловена и направена, а покрај тоа втората сезона ни доаѓа за една година (која ќе помине побргу отколку што сите мислат). Според мене, нема многу пропусти, само некои разлики во годините, случувањата и описот на ликовите. Мене и двете ми се допаѓаат подеднакво :)
 
ко би ја правеле серијата според книгата до збор наместо 10 би требало да има 100 епизоди као шпанска серија... би ни здосадила и би чинела мноооооогу
 
ко би ја правеле серијата според книгата до збор наместо 10 би требало да има 100 епизоди као шпанска серија... би ни здосадила и би чинела мноооооогу
Секогаш мора нешто да се скрати во серијата, но според мене и двете се еднакво добри и задоволувачки. Мислам дека со оглед на материјалот со кој работат создавачите на истата, прават многу добра (дури одлична) работа екранизирајќи ги романите од „Песна од лед и оган“, во што верувам дека ќе се согласи со мене секој обожавател на „Игра на тронови“ што не е премногу hardcore (затоа што за hardcore обожавателите ни серијал од 500 епизоди нема да биде доволен) :)
 
нели првиот дел е преведен на македонски ??
кај го има да го побарам ?
 
ко би ја правеле серијата според книгата до збор наместо 10 би требало да има 100 епизоди као шпанска серија... би ни здосадила и би чинела мноооооогу
Не бе. Би чинела исто, само ќе ја напраеа посрање. Похалмарковски одошто е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom