A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ја преведуваат како што ги преведоа Господарот на Прстените и Хобитот, подобро да не ги преведуваат. Толку се разочарав од преводите што од тогаш веќе ништо не читам на македонски, само на англиски. И A Song of Ice and Fire ќе ги читам на англиски, ќе ги земам од еден другар кога ќе ги прочита.
не беа ептен лоши преводите на овие книги,за разлика од хари потер
 
Све купив и прочитав. Првата на англиски, другите освен петата на српски, а петата морав од компјутер да ја читам на хрватски. Коа ќе излезе на српски ќе си ја купам. А богами и првата ќе си ја купам на српски, да ми бидат комплет сите.
плус прочитав и една глава од шестата што ја објави Мартин како тизер или како и да се вика.

Е сеа, преводот неќам ни да замислувам каков би бил на македонски, пошто глеам и Србиве и Хрвативе преведуваат имиња на луѓе, топоними... Па имаше Винтерфел, па Зимоврел, па Оштрозимље...и така за сите такви имиња по три верзии.
Не знам хронолошки кој прв преведувал, дали Србите или Хрватите, али вториот се трудел да биде различен од првиот.
 
Тењани, рогоносци, џинови на мамути, смрзнати зомбија и све друго што има позади ѕидот:
Beyond_the_WallOther_in_Law.jpg
 
Види, види...

Интервју на некој некој фрикинг Далибор Димовски со Џорџ Мартин. (rpg style)

Ова е најново интервју што некој го напраил со него.
 
Еве ја целата мапа на Вестерос
Westeros.jpg
На Бравос
Braavos_by_Other_in_Law.jpg

и на целиот свет
World_Map.jpg
 
Завршив и со Dance with dragons. После пет прочитани книги, огромни и тоа, сум уверен дека Robert е мајстор за пишаниот збор, дека одлично разложува, вади уникатни карактери, генијално поставува структура на дејствие и појма нема која е поентата на приказната. Ја поду од тупење. Претпоставувам дека и самиот не знае што ќе се случи до крајот. Онака, си типка како ќе му дојде.
Which is not necessarily bad. Така Стивен Кинг го напиша неговиот мега серијал, Dark Tower, со таа разлика дека таму скоро и да немаше толку непотребно перчење од типот "еве ја користам порно симболика и утепуам добри ликови за да бидам шизик".

И, чекај малку...Песна од лед(?) и оган?
Ако ја превеле на македонски, за што не сум се информирал, така е преведена?

Е да, малку ја претера со отстранувањето на некои од ликовите, а не знам колку другите што на некој начин ги заменуваат се исто толку карактерни и за памтење. И целата приказна се усложнува и се шири, па не верувам дека се` квалитетно ќе се отплетка во следните две книги. Можеби ќе има други продолженија.
А песнава и не е лоша :) Си ја слушам понекогаш.
 
^ Е не ми се веруе дека Кастамирските Дождови некој ја напраил.
Што е следно?
Некоја езотерна организација да создаде ритуал за раѓање на сенка? :)

Ми се свиѓа lore-от на Мартин.
Овој е у ствари писател на сценарија за серии, уште пред да ја издаде првата книга. Мислам дека све ова е пишувано по тој шаблон: на самиот крај на секоја глава се случува интересното и слични нешта, како наредени за сериска екранизација.

Толкин пишувал апсолутно неоптеретен и неограничуван од комерцијалните побарувања на издаваштвото и индустријата за забава. Кај Мартин тоа се приметува, ако се споредат.

Прво беа три, па пет, сега се седум. И ја мислам дека финалето ќе биде лошо, набрзина изведено за две книги. Можда сепак ќе има уште три-четири.
 
Не би ме зачудило некоја lady in red да изведе експериментално породување. Се` има по светов :). А Мартин е сосем ок како автор. Само нешто се замислив сега. Неретко ваквите мега серијали ги надживуваат нивните автори. Мислам, Роџер Зелазни не успеа да ги заврши Амберските хроники, а тоа беше случај и со Дина на Херберт и со Wheel of time нa Џордан. Мартин не е млад, а меѓу A Feast for Crows и A Dance with Dragons имаше 5 години. Не дека нешто кобам, ама нека побрза човеков со пишување, за да не му се случи некој „писател“-мршојадец (своевидна форма на паразит во книжевноста кој живее од одржување на дела чии оригинални автори не се во состојба самите да ги довршат) и се` да засере:icon_lol:.
 
Проблемот зашто му беше потребно на Мартин толку време да ја заврши A Dance with Dragons е во оној "Meereenese Knot" со кој успеа да ја заплетка приказната во A Feast for Crows до неповрат. Сега одкога со петтата книга се разврза дел од тој чвор според мене не верувам дека ке му треба толку долго време да ја заврши приказната со последните две книги (барем онолку колку што самиот тој најави).

Пошто прв пат постирам во нишкава а и воопшто, само ќе додадам дека сите оние што се "загреани" по HBO серијава да ги прочитаат и книгите. Верувајте ТВ серијата е само компактна, скратена верзија (иако прилично веродостојна и одлична) на приказната и голем број други пропратни стории на помалку(?) важните карактери што ги има во книгите се изоставени. Доколку го владеете англискиот препорачувам читајте ги во оригинал, едноставно некои книги ја губат магијата кога се преведени. ;)
 
Има некое инсајд инфо дали книгиве ке бидат преведени на македонски? Никад не сме у тренд со светов. Еве Бугарите, Србите и Хрватите ги преведоа, само ние не.
 
Има некое инсајд инфо дали книгиве ке бидат преведени на македонски? Никад не сме у тренд со светов. Еве Бугарите, Србите и Хрватите ги преведоа, само ние не.

Не сум чул за нешто такво, но јас сепак не сум инсајдер :) Ама мислам дека тешко да се случи во блиска иднина. Мислам дека треба да се има дозвола да се издаде превод (која треба да се плати, и тоа не малку), треба да се преведе, а страв ми е и да помислам кому би ја дале таа задача. Освен тоа, прашање колку би било исплатливо, колкав би бил тиражот, колку би чинеле книгите и кој би ги купил, затоа што повеќето што сакаат да ги имаат, веќе ги купиле на англиски, српски, хрватски или бугарски.
 
Ја на пример гарант би им ги купил .. зш на англиски ми е проблем да читам книга , српски бетер и бугарски исто така .... срамота бе светски бестселер чуда награди филмови доби книгава односно серијалов на книги да ја нема на македонски :(
 
Се` тоа е во ред, но како што реков, ризикот од објавување е повеќекратен. Што ако го утнат преводот, што е доста веројатно? Што ако не им се продаваат книгите? Ти би купил, би купиле и други, но колкав е нивниот број? Издавачките куќи кај нас немаат некоја можност за вакви широки и доста скапи потфати. Ние имаме релативно мала читателска публика и не секој што сака да чита може да си дозволи да одвои поголема сума пари. Секоја од тие книги има 800+ страници и цената не верувам дека би била под 800-1000 денари. А недостасува кај нас и малку трговска досетливост, па и далекувидост. Кај Србите/Хрватите на пример, кои претходно го преведоа LOTR, филмовите им дојдоа како кец на десетка. тие само ги препечатија книгите на Толкин и остварија солиден профит. Ние отпосле ги преведовме. Кој ни е крив...
Сега ги продаваа на саемот за книги 3 дела на LOTR (со слаб превод, а лошо бил преведен, како што сум чул и Хари Потер) за 500 денари со гратис мапа...
 
Да да имаш и ти право ама ипак мн ми е бедно зашто само кај нас не се преведени ама па и тоа што викаш милион луѓе сме не сме многу (арнаутине шо ќе ги рачунаш тие книга ни за у веце не користат) од тие голем број простички па нема публика доволно за толку скап потфат ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom