А деца ќе увезете ли?!

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
и лајк ти става особа што постираше слики од болници од Германија и се прашуваше зошто кај нас нема вака. Страшно.

.
:facepalm: хахахахааааааааааааааааа:pos::pos:
 
уште немате сфатено дека се иде на карта да се уништи се државно а да се вложува во приватното?
Еве здравството ви е лика и прилика.

За градинкиве е 100% подобро да бидат приватни, барем асален човек што ќе инвестира ќе ги води и ќе се грижи за нив: Да се државни ќе стават некој дебелогазец кој нема да работи како што треба па минусот од буџетот ќе се надополнува.
 
Треба да ги форсираат државните инаку бадијала дадоа државни пари за кампањите за трето дете и против абортус.
falat eksluzivni privatni gradinki. Za onie sto imaat stil i sakaat nivnite deca da imaat premium usluga, hrana griza i slicno. I da se 4 cifrena suma vo EUR za zgrizuvanje na decata.
Taka ke se izdvoi kvalitetot.
????кој квалитет
 
За градинкиве е 100% подобро да бидат приватни, барем асален човек што ќе инвестира ќе ги води и ќе се грижи за нив: Да се државни ќе стават некој дебелогазец кој нема да работи како што треба па минусот од буџетот ќе се надополнува.
Океј е да има и приватни значи не викам не, ама прво да заличат државниве градинки на нешто + ова што го кажа Лурц. А не да јадат компири со цијанид. Пошо со просечна плата од 300 евра не се плаќа приватна градинка :)
 
Почнуваме со Западначка тактика, уште платите да беа овде такви.
такви се платите бе друже .....ама не на мнозинството народ.
Уствари сиромашните не ги носат децата по градинки, тие се ионака безработни, седат дома и сами си ги чуваат децата, а средната класа е оддамна изумрен вид
 
А што да субвенционираат отварање градинки? Па и тоа е бизнис како и секој друг. Само идиотизмот ќе биде, за да отвориш градинка треба да исполнуваш: ...........(имаш овде едно 100000 точки, што разумни, што не разумни (едно 99%) и плус минус едно 2-3 милиони евра, па каде и да е ќе добиеш дозвола. Море сакаат да исперат пари, на се живо воведоа лиценци. Само кој ги лиценцира оние што ги издаваат?
 
уште немате сфатено дека се иде на карта да се уништи се државно а да се вложува во приватното?
Еве здравството ви е лика и прилика.

Што не а лоша идеа, што повеќе системот се стреми кон капитализам толку поактивна економија.
 
Не е лоша идејата, ако не се раѓаат деца - ќе можат пензионерите да си го користат просторот, тие и така се иднината на оваа „држава“.
 
Мене идејата за приватни градинки од секогаш ми била привлечна. Не зборувам од финансиски аспект, зборувам од поглед на подобар психичко - физички развој на детето. Сметам дека во приватните, повеќе време му се посветува на секое дете посебно, потенцијалот за остварување неговиот развој може да биде искористен максимално. Во државните, тоа воспитачките не се заинтересирани за да работат било што со децата. Причините се различни и нема да ги коментирам. Сепак постојат и исклучоци кои нема да ги негирам.
Мислам дека нема родител кој не би сакал неговото дете уште во најраното детство, да ги совладува можностите предвидени за одредената возраст.
Кај нас најмногу ме нервира фактот што во предучилишното образование на детето не се гледа како нешто во што треба да се вложува. Со самото тоа што педагошки факултет завршуваат најчесто секакви лица, само за да се здобијат со диплома, која утре ќе им донесе повисока работна позиција, надвор од оваа струка, се е јасно. Наместо овој факултет и оваа професија да бидат најценети и најтешки, кај нас е обратно. Срамота. Во период каде што децата ги градат своите темели и основи за во животот, да немаат предизвици за максимален развој на можностите кои ги поседуваат, да немаат нaјдобар наставник кој ќе знае како точно треба да ги учи и воспитува, како би го насочил секое дете индивидуално, складно со неговите интереси и предиспозиции. Срамота, навистина. Не може бре секој еден да биде наставник и воспитувач, посебно не на деца од предучилишна возраст. Мора да постојат некакви психички тестови како неопходни критериуми пред запишување на овој факултет, па и пред самото вработување и во текот на истото најмалку еднаш годишно, кои ќе одредат дали може една личност да го работи ова или не. Сепак се работи за деца кои утре ќе бидат движечка сила на едно општество, возраст која е најчуствителна, во која почнува формирањето на карактерoт и особините, вредностите на идната возрасна личност. Какви вредности ќе им пренесе, некој воспитувач кој завршил само за да има диплома, со подпросечни оценки и знаења?
Но да се вратам на приватните градинки. Со отварање на повеќе вакви установи, повеќе деца ќе ги посетуваат. Со тоа ќе се намали бројот во државните и ќе може и таму да се работи со одредена бројка на деца која ќе биде поднослива и за воспитувачот. Сепак не е исто дали ќе работиш со 30 или со 15 деца.
И не викајте дека нема пари за упишување во вакви градинки. Видете само какви автомобили се возат низ Скопјево. Е па нема да возиш автомобил од хххххх евра, ќе си го запишеш детето во приватна градинка. Државните градинки нормално дека нема да го нудат истото ниво на воспитување и образoвание. Сепак денес живееме во материјален свет, тоа е реалноста, за жал.
 
Што не а лоша идеа, што повеќе системот се стреми кон капитализам толку поактивна економија.
и исто така не е лоша идеја од време на време да се потсетиме дека живееме во Македонија, а не Белгија.
 
Идејата за приватни (читај ексклузивни) градинки просто ми е одбивна. Наместо да се фокусираме да ги подобриме условите во државните градинки, се отвараат овие приватниве кои првенствено допринесуваат за продлабочување на класната поделба уште од најрани години, појава која исфорсирана на мало дете не гледам како може да резултира позитивно.

Јасно ми е дека секој родител го сака најдоброто за своето дете, но не знам колку е најдобро детето да биде поставено во средина која диктира доминација и преголема заштита уште на негови 3 или 4 години. Исто така ми е јасно и дека условите во државните градинки не се идеални, но сепак тоа е ситуација која реално доста лесно може да се реши. Крај краева, децата ги спремаме за здраворазумско функционирање низ животот, а не знам кој ќе се сложи дека животот е идеален и дека единствен начин да се живее е само со најдоброто покрај себе.
 
falat eksluzivni privatni gradinki. Za onie sto imaat stil i sakaat nivnite deca da imaat premium usluga, hrana griza i slicno. I da se 4 cifrena suma vo EUR za zgrizuvanje na decata.
Taka ke se izdvoi kvalitetot.

кој квалитет ќе се издвои и за каков стил зборуваш?

Ќе се издвојат квалитетни изроди во стил на мамина/татина маза
 
T
Не е лоша идејата, ако не се раѓаат деца - ќе можат пензионерите да си го користат просторот, тие и така се иднината на оваа „држава“.
sekako ne se ragaat deca neka pocna da uvezuvaat zosto cela mladina gleda glava da spasi od ovde
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom