- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 156
- Поени од реакции
- 0
Лајон: Русија купува време за Србија
Братислава /28/05/ 13:27
Русија купува време за Србија, која се подготвува за поделба на Косово, смета членот на меѓународната кризна група, Џејмс Лајон.
„Политичарите во Србија се убедени дека Русија ќе им купи време до есен. Ги уверија дека ќе се стави вето на се што ќе се појави до тогаш“, појаснува Лајон, според кого „Белград сака поделба на Косово, т.е да го земе северниот дел, се до реката Ибар“.
„За поделба веќе ја подготвија инфраструктурата и администрацијата во северно Косово, односно телефонските врски, цивилната управа, електричната мрежа, водата и полицијата“, подвлече Лајон, обвинувајќи ја Владата во Белград дека поради тоа го спречува целиот процес на решавањето на статусот на Косово.
Според Лајон, ограничено е и времето за статус кво на Косово, бидејќи таквото решение би водело кон еднострано прогласување на независност без меѓународен надзор. /крај/б92/мс