Балкански кошаркарски лиги

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Турција

Фенербахче Улкер ја освои шампионската титула во турското кошаркарско првенство. Избраниците на Ајдин Орс славеа како симболични гости над Ефес Пилсен на Октај Махмути со 98:76 и ја добија финалната серија со максимални 4:0 во победи. На последниот натпревар прво име кај ”пиварите” беше Ермал Куртоглу со 22 поени.

Ефес Пилсен сезонава мораше да се задоволи со освојување на Националниот Куп на Турција, сребрените медали во првенството и пласманот во Топ 16 на кошаркарската Евролига.

Тренерот Октај Махмути, по завршувањето на финалето ги демантираше шпекулациите дека од следната сезона ќе биде тренер на Уникаха:

- За овие работи слушам од други луѓе. Јавно кажувам дека не сум постигнал никаков договор со Уникаха. - вели Махмути. Тој додаде дека минатата година имал понуда од Реал Мадрид, но во разговор со челниците на Ефес, бил убеден да остане во Турција.

извор: www.basketball.org.mk

Хрватска

Задар поразен од Цибона откако Цибона го совлада Сплит со 87-84 и влезе во финалето...
Веќе е 1-0 за Загребчани 111-97...Гечевски постигна 12 поени и 10 скока.Кристофер Ворен беше прво име на натпреварот, со постигнати 24 поени.
Вториот натпревар од финалната серија ”подобар од пет” се игра утре во Задар.

Грција

Олимпијакос на Рајан Стак се избори за место во финалето на грчкото кошаркарско првенство. Атинските “црвени“ го совладаа Арис на Мајк Вилкинсон и Кевин Флечер со 83:75 во Солун и ја добија полуфиналната серија со 3:2 во победи.
Олимпијакос во финалето ќе се сретне со Панатинаикос, а првиот натпревар е на 6 јуни. Арис, пак ќе игра во дуел за 3. место, кое води во Евролигата наесен. Противник на тимот од Солун ќе му биде Паниониос, а првата средба се игра утре.
 
Сега гледам ФМП - Партизан
1ва четвртина 24 - 17 за Фмп , воедно и фмп направија добар старт со разултат од 12 : 2
На полувремето е 43 : 41 za FMP.
 
iLe напиша:
Сега гледам ФМП - Партизан
1ва четвртина 24 - 17 за Фмп , воедно и фмп направија добар старт со разултат од 12 : 2
На полувремето е 43 : 41 za FMP.
77-81 за Партизан заврши!..Вонтиго Камингс со 19 поени беше најзаслужен за победата на Партизан во Железник....
Денес од 19.00 играат Звезда-Хемофарм
 
Душан Вујошевиќ е одличен стратег, макар за овие простори. Единствен проблем му се припишува слабо познавање на страни јазици, затоа и не успеа во својата одисеја во Скаволини своевремено. Инаку секоја година ја темпира формата на играчите токму за завршните мечеви у сезона.
ПАРТИЗАН 06!!
 
Gravity Grave напиша:
Душан Вујошевиќ е одличен стратег, макар за овие простори. Единствен проблем му се припишува слабо познавање на страни јазици, затоа и не успеа во својата одисеја во Скаволини своевремено. Инаку секоја година ја темпира формата на играчите токму за завршните мечеви у сезона.
ПАРТИЗАН 06!!
Од една страна добар од една страна лош....Зошто?
Епа сум гледал многу натпревари на Партизан....Дуле ги испретура петорките на секој 2 минути...таман Партизан ке се врати од негатива 10 ке почне да води...и ете го он со неговите измени...место Дробњак Боровњак...место Пекович Первович и Партизан пак ке падне...
Потоа најмногу што ме нервира кај него е таа зона,зона,зона....порано и да не им иде и да им иде против зона тој и натака ја игра...и затоа и губеше Партизан....Сега некако се подобрува...знае кога треба кога нетреба...се надеваме дека ке оди само напред а не да се враќа назат....
Како тренер е добар знае се разбира ама пак не е тоа тоа што би рекол он јебига:pos:
 
Токму тоа е и разликата помеѓу човек и машина...грешките кои што сите ги правиме, некој повеќе, некој помалку. А зад Дуле стојат успесите, и тука никој не може ништо да му забележи. Да е стратег за гигант како што е Партизан, по мој вкус, сигурно не е. Да има 5 титули по ред, и 6-та на пат, тоа е факт. Се ти е тоа "слободно судијско уверење":toe:
 
Billa Bong напиша:
77-81 за Партизан заврши!..Вонтиго Камингс со 19 поени беше најзаслужен за победата на Партизан во Железник....
Денес од 19.00 играат Звезда-Хемофарм

Не ја догледав партизан фмп сигурно е била оште подобра од прво полувреме .. зал ми е :(
 
Србија

Вечер Партизан има шанса да влезе во финалето откако го тепаше Фмп во гости сега е време и во Пионир...ако успее ке оди во финалето...Иначе Звезда победи кај Хемофарм со 74-72 и со тоа и она напраи чекор до финалето:)
 
Да,
Звезда победи против Хемофарм, но го загуби плејмејкерот Милошевиќ кој ја скрши ногата во дуел со Борис Бакиќ од Хемофарм. Инаку Бакиќ е познат како груб играч. така да во дуел со него скршеница доби и Милош Вујаниќ своевремено.
 
Gravity Grave напиша:
Да,
Звезда победи против Хемофарм, но го загуби плејмејкерот Милошевиќ кој ја скрши ногата во дуел со Борис Бакиќ од Хемофарм. Инаку Бакиќ е познат како груб играч. така да во дуел со него скршеница доби и Милош Вујаниќ своевремено.
Да да од тогаш Вујанич е со таа негова повреда на ногата...или грешам?Можно е и да беше некој друг ама мислам дека од Бакич ке да беше...
Бојан Бакич и Борис Бакич едниот од Хемофарм другиот од Партизан како што рече Гравити се многу прљави играчи...посебно Борис Бакич..мава тепа..гушка што не...мора да има и такви ..hehe...Милошевич ја скршил ногата?Значи Звезда нема да има плеј...а таман Милошевич влезе во форма...млад е добар е :)...тоа е несреќа...to e to
 
Ултра-лесна победа на Партизан синоќа. На почеток на 3-та четвртина додаден гас во одбраната, и тоа резултираше со лесни поени од контри и отворени шутеви. Камингс докажа дека е сигурно најдобриот плеј што моментално игра на овие простори, а голема зрелост во игра покажаа и Трипковиќ, Новица В, Пековиќ и Мицов. Кецман одигра феноменално у одбрана, прв скокач на мечот со 9 скока (неколку важни у напад коа се кршеше резултато). У секој случај доколку Дробњак и Перовиќ ја подобрат формата, финале ќе биде само формалност.
 
90-73...Партизан во финале...jeee....Браво одлична игра секоја чест декласиран Фмп Железник со 2-0 во серијата...
Полувреме 43-37 за Партизан се јадеше некако....
Партизан даде до знаење дека иде кон нова титула...
Трета четвртина Партизан ја направи разликата која ја држеше до крајот на мечот....
Урош Трипкович,Никола Пекович и Вонтиго Камингс го предводеа Партизан до победата....учество дадоа и Новица Величкович со 8 поени Душан Кецман со 9 поени и Владимир Мицов со 6 поени...:)
Многу интересен меч....Гробарите направија фантастична атмосфера.....:tv:
Од Фмп Бранко Цветкович колку што запамтив даде 12 поени Зоран Ерцег 13 и Драган Лабович 10 или 11:)....
Утре Звезда во Пионир го пречекува Хемофарм...1-0 води Звезда...Ке оди ли и она во финалето?Вечито дерби изгледа ке гледаме
 
Ke и биде мошне тешко на Звезда да ја добие искусната (и секако поквалитетната екипа на Хемофарм!) без вистински плејмејкер. Исто така се сомневам и дека Хемофарм може толку лошо да изигра два пати по ред.
Прогноза, 10 за Хемофарм у овој меч:helou:
 
Gravity Grave напиша:
Ke и биде мошне тешко на Звезда да ја добие искусната (и секако поквалитетната екипа на Хемофарм!) без вистински плејмејкер. Исто така се сомневам и дека Хемофарм може толку лошо да изигра два пати по ред.
Прогноза, 10 за Хемофарм у овој меч:helou:
Апсолутно се согласувам со тебе Гравити..без вистински бек без Милошевич тешко дека Звезда ке победи.....Милан Гурович ке прави проблем ама мислам дека со увојувања може да се запре...ке видиме...to e to

Хрватска


Задар, во чии редови игра нашиот репрезентативец Тодор Гечевски, славеше на гости на Цибона со 95:87 во третиот натпревар од финалната серија ”подобар од пет” во хрватскиот кошаркарски шампионат. Со оваа победа Задар поведе со 2:1, ја превзема предноста на домашен терен и ќе може веќе утре, пред своите навивачи, да го прослави освојувањето на шампионската титула.

Гечевски за 32 минути игра постигна 9 поени, а оствари и 8 скокови, 5 асистенции и по 2 украдени топки и блокади. Карл Инглиш повторно беше јунак на натпреварот, со 27 постигнати поени.

www.basketball.org.com
 
Оф топик:Аеродромке преведи па пак постирај вака на ништо не личи:)

Он топик:91-81 Звезда во финалето...долгоочекуваното Српско финале меѓу Партизан и Звезда...ке падне добар баскет:)...2-0 за Партизан против Фмп и 2-0 за Звезда против Хемофарм....

Партизан

Коста Перович(повреден)
Никола Пекович
Вонтиго Камингс
Душа Кецман
Предраг Дробњак
Новица Величкович
Урош Трипкович
Лука Боградович....итн

Црвена Звезда

Милан Гурович
Игор Милошевич(повреден)-успешно е направена операцијата на ногата
Кибу Струјард
Перо Антич
Петар Попович
Мирко Ковач
Вук Радивоевич...итн

Ке влезат во финалето...!...Звезда има натпревар повеќе дома во случај да се игра мајсторка....
Ке биде интересно Милан Гурович е во животна форма,екипата на Партизан напредува....да не зборам пред време никогаш не се знае....
Искрено повеќе би сакал Звезда да оди во Евролига:)...сега ке речете овој е луд...но не е така не гледам навивачки иако сум верен навивач на Партизан....
Звезда сакам да оди за да видам они како ке се држат во Евролига....имаат поголем буџет можат да се засилат и да направат добар пласман.....:)...Подобриот нека оди!

За вчерашиот натпревар...

Милан Гурович првото име на Звезда со 37 поени го растури Хемофарм.....И и ја донесе на Звезда втората победа за влез во финалето....
Перо Антич нашиот репрезентативец постигна 13 поени,Маркович постигна 10.....
Од екипата на Хемофарм од Вршац
Предраг Шупут со 13 и Алексеј со 11 беа најефикасни....:0

Првиот меч од финалната серија за шампион на Србија е на 17 Јуни :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom