Сосема очекувани резултати во сите лиги. Без ниедно изненадување (не знам само како заврши Босанската Лига, да ли тепаше Босна, Широки или некој трет?!)
Најголем пазар (во двата смера) се очекува во Србија (Партизан сигурно, можеби и Звезда и Железник ќе останат без брдо играчи), додека очекувам најголемите засилувања да стигнат у Цибона и Олимпија, како двата клуба со најголемите буџети во регионот (не сметајќи ги тука грчките гиганти Пао и Олимпијакос), а можеби и Задар кој што се обидува на секој начин да ја прекине доминацијата на Цибона (што впрочем само еднаш им успеа од распад на Југославија, а знаеме каков кошаркарски центар е Задар!), нормално под услов да застане градот зад нив, како што Загреб застанува секоја сезона зад Цибона и Љубљана зад Олимпија, со огромни (за наши услови) суми на евра.
Што се однесува до тимот што јас лично го пратам повеќе од 25 години, губиток на Камингс, Дробњак, Перовиќ, Богдановиќ и најверојатно Трипковиќ и Кецман ке биде тешко надоместен. Моментално во игра покрај Чедо Витковац кој што треба само званично да биде представен како засилување, во игра е и одличниот бек Мијатовиќ, а тука се и уште некои играчи на Железник и Подгоричка Будуќност. Повторно постојат гласини за враќање на Ѓуро Остојиќ, Јово Станојевиќ, и можеби и Дејан Томашевиќ како решенија за позиции 4 и 5. Можеби оваа сезона ке успеат да го вратат Блејк Степ, кој што фигурираше и претходната сезона, но човекот тогаш ја играше летната лига, и не знам кај играше цела сезона. Се на се, ни престојува интересна трансфер сезона годинава.