Балкански кошаркарски лиги

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Тема во која ке збориме за другите балкански кошаркарски лиги....како гледате вие на другите лиги....колку се подобри од Македонската...кој има најдобра лига на Балканов...

Покрај ова ке збориме и за резултати од Хрватска,Србија, Словенија,Бугарија,Грција..

Епа вака ке почнам со:
-Хрватската лига
Цибона-Сплит за разигрување за титулата....
Цибона поведе со 1-0....победи во Загреб со 90-74....
Доминираа Марин Розич од Цибона со 20 исто како и Давор Кус...
Од тимот на Сплит доминираше Кеџо со 18 и Ајусо со 17 поени
Во другата од серија од плејофот Задар-Загреб...исто 1-0..
-Српска лига
Претходнава недела беа одиграни овие дуели
Прво големото дерби ПАРТИЗАН-ЗВЕЗДА кое заврши со победа на Партизан од 91-86....Еве резултати и од останатите натпревари
-Војводина-Фмп 74-90
-Машинац-Хемофарм 69-87
-Мега Исхрана-Слога 99-77
Најдобри стрелци на овие натпревари
-Партизан-Звезда
Од екипата на Партизан доминираше кој друг ако не Предраг Дробњак со 18 поени...помош имаше од Никола Пекович кој постигна 15 поени и Вонтиго Камингс со 13 поени
Од тимот на Црвена Звезда доминираше младиот бек Милошевич со 21 поени...Милан Гурович и Немања Александров колку толку даваа отпор со 11 односно 10 поени
-Војводина-Фмп
Фмп:Ерцег 24,Цветкович 17 и Милош Теодосич 13
Војводина:Витковац 16 и Немет 13
...За другите натпревари нема да постирам дека и не се толку важни:smir:
Кој ке ја преземе одговорноста да постира односно објавува резултати од преостанатите лиги:helou:
 
Значи ке повторам уште еднаш збориме за тоа колку се тие лиги подобри од нашата и воедно која е најдобра лига на Балканот....
Според мене е Грчката!
Панатинаикос,Арис,Олимпијакос,Паок,Паниониос....одлични екипи...
Панатинаикос и Олимпијакос играат во Евролигата...а Паок ако не се лажам играше во Улеб купотnamignuvanje...покрај ова повеќето од клубовите имаат големи буџети...Панатинаикос и Олимпијакос се издвојуваат како побогатите клубови во Грција и воедно на Балканот
 
дефинитивно грчката! имаат многу силни тимови како панатинаикос, олимпијакос, аек, арис, паок... и како што кажа била имаат милионски буџети за разлика пример од бугарското каде има само два тима лукоил и цска (до некаде),во србија има 4 добри екипи: партизан,звезда,фмп и хемофарм, во хрватска тоа се цибона и задар, потоа олимпија во словенија итн. :)

еве според мене ранг листа на балканските лиги:

1. Грција
2. Србија
3. Хрватска
4. Словенија
5. БиХ
6. Бугарија
7. Црна Гора
8. Македонија
9. Косово (Србија)
10. Романија
11. Албанија (убедливо најслабо првенство, нашите второлигашки тимови се 10 пати подобри од нивниот шампион)
 
Јас би ја поставил исто ранг листата само македонија би ја ставил 5 а бугарија 6 босна 7 црна гора 8 косово 9 романија 10 и албанија сигурно 11 .
 
iLe напиша:
Јас би ја поставил исто ранг листата само македонија би ја ставил 5 а бугарија 6 босна 7 црна гора 8 косово 9 романија 10 и албанија сигурно 11 .

црна гора и бугарија имаат тимови (будуќност и лукоил) кои се неколку класи подобри од нашите, а за останатите тимови од овие лиги, горе - доле квалитетот е ист со струмица,работнички... затоа и ги ставив пред нас :)
 
DoolroX напиша:

Многу добро оценето..:Будучност е екипа која има буџет која до пред неодамна во својте редови го имаше Горна Јеретин кој моментално игра за Макаби Тел Авив....одличен играч кој секој би го посакал во тимот...искрено ниеден од Македонските тимови неможе да се носи со Будучност..:)...нити пак со Лукоил така да Иле Македонија ке оди 7 место а не 5:smir:
 
Абе ок билла ке видаме сега фершпед ке игра во јадранска па ке видаме како ке излезе дали по ваше или по мое.
 
Billa Bong напиша:
Многу добро оценето..:Будучност е екипа која има буџет која до пред неодамна во својте редови го имаше Горна Јеретин кој моментално игра за Макаби Тел Авив....одличен играч кој секој би го посакал во тимот...искрено ниеден од Македонските тимови неможе да се носи со Будучност..:)...нити пак со Лукоил така да Иле Македонија ке оди 7 место а не 5:smir:

не ја пишав и цска софија иако имаат буџет над 2 мил евра само поради фактот што одиграа неколку пријателски натпревари со вардар и работнички и ги добија со 1-2 поена разлика, па може да се каже тие во моментов се горе доле скоро на исто ниво како и нашите најдобри клубови, но за следната година и цска најавува страшен тим со кој ќе може да им конкурира на лукоил академик :) да не заборавиме и дека цска беше во игра за местото на работнички во јадранската лига
 
Во цска игре и Димитар Мираковски од струмица е мозеби на некој од вас им е позната добро тоа е име е играл за репрезентација во цска игре прва постава а таму игре и Синиша Аврамовски кој е на позајмица од цска во друг бугарски клуб , фершпед и конкурираше мината година на цска а цска и лукоил се тука некаде кога играт во мегусебните дуели резулатот е во корист на лукоил но сепак тука некаде е и цска еве ви само една причина зошто ја ставам македонската кошарка пред бугарската а не па да им ја пуштаме Струмица 2005 кој го победи на фершпед 20 разлика мислам беше во првиот дуел , во разигрувањето за титулата.
 
синиша аврамовски е позајмен во черно море и е најдобар играч таму :) сепак не се сложувам и сеуште стојам на тоа дека бугарската лига е подобра од нашата. како што кажав лукоил и цска имаат буџет 2 пати поголем од цела наша лига, потоа лукоил игра во улеб купот нешто за што некој македонски тим може само да сонува... еден карлос морбан кој е меѓу најдобрите играчи во македонскава лига си отиде од цска заради тоа што грееше клупа од преголема конкуренција :) мираковски е многу добар играч и мислам дека на работнички му е потребен еден таков за настапите во јадранската лига :)
 
Зашто ја ставате Грчката лига тука :) Грчката е трета лига по квалитет во Европа, ако не и втора годинава одма после Шпанската и Итаљанската. Не споредливи се другите лиги со Грција.

А после тоа дефинитивно Српската, па Хрватската. За Босанците немам информација што тимови има ама колку што знам катастрофа се. Црна Гора има послаба лига од нашата, само Будучност не ја прави лигата. Бугарија има само два тима, али мислам дека е појака од нас
 
Radical Boy напиша:

имаат два тима во јадранска лига, босна и широки. босна заврши 10-та, а широки 11-ти во јадранската лига и мислам дека во моментов се многу подобри од кој било македонски тим зашто според мене реално моментално немаме тим способен да игра во јадранската лига :)
 
Radical Boy напиша:
Зашто ја ставате Грчката лига тука :) Грчката е трета лига по квалитет во Европа, ако не и втора годинава одма после Шпанската и Итаљанската. Не споредливи се другите лиги со Грција.

А после тоа дефинитивно Српската, па Хрватската. За Босанците немам информација што тимови има ама колку што знам катастрофа се. Црна Гора има послаба лига од нашата, само Будучност не ја прави лигата. Бугарија има само два тима, али мислам дека е појака од нас
Лигата им е катастрофа нема конуренција за Широки и Босна...
Босна и Широки се тимови кој имаат буџет...доволно за да донесат некој играчи од типот на Броер,Един Бавчич итн.....ова го зборам од аспект на Босна која има поголем буџет од Широки..
Не би можел Работнички во никој случај да им парира на Босна на Широки исто(во некој случај може да парира ама тешко)...Босна оваа година заврши на 10 како што рече Доолрокс...
Работнички може да сонува за тоа место...него да продолжам околу Босна и Работнички....Во Скендерија скоро сите екипи паѓаат...сегогаш е полно 7000...нешто слично на Пионир...тешко да победи таму Работнички...
Во Скопје исто...неможе Работнички да донесе играчи од типот на Броер и тој другиот странец не ми текнува името....многу тешко дека Работнички ке може да им парира на овие две екипи посебно на Босна...

За Црна Гора лигата....Будучност е само...тука е и Морнар ама не е познат.....мислам дека пак Црна Гора има подобра лига од нашата
 
Турција

Ефес Пилсен на Октај Махмути го доживеа и третиот пораз во исто толку одиграни натпревари во финалната серија од плејофот во турскиот шампионат. ”Пиварите” загубија дома со 66:78 и губат со големи 0:3 во серијата, која се игра до 4 добиени натпревари.
Ендрју Николас повторно беше прво име кај Ефес Пилсен, со 17 поени.

Следниот натпревар се игра на 1 јуни, Ефес е симболичен домаќин, а Фенербахче Улкер со победа може да ја освои шампионската титула.

извор:http://www.basketball.org.mk/novost.asp?id=807
 
Billa Bong напиша:
Турција

Ефес Пилсен на Октај Махмути го доживеа и третиот пораз во исто толку одиграни натпревари во финалната серија од плејофот во турскиот шампионат. ”Пиварите” загубија дома со 66:78 и губат со големи 0:3 во серијата, која се игра до 4 добиени натпревари.

Еј пак го лапна Ефес, кој би рекол. Улкер требаше да се распадне за да стане шампион :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom