што правите после работа?

  • Креатор на темата Креатор на темата dobramuzika
  • Време на започнување Време на започнување
D

dobramuzika

Гостин
се туширам и пијам кафе пред лаптоп додека проверувам социјални мрежи или читам стрипови и гледам цртани, спорт, документарци...
 
Или не си идам дома и акам до вечерта. Или си идам, јадам, мавам туш и спијам до сабајле пак за на работа.
 
Седнувам или на пиво, или на второ кафе, сам или со пријател.
Понекогаш седнувам на добар ручек или некаков сендвич/скара.
Пешачам до дома и уживам по патот со облаците ;)

Би сакал да си најдам девојка во иднина. Би седел со девојката негде после работа :)
 
После работа пешачам до дома или ако некој татко ми или брат ми не ме земе со кола да ме однесе до дома бидејќи јас и со 28 години уште немам ни положено за кола :icon_lol: . Дома компјутер на интернет Кајгана форум, ручам, гледам тв, слушам музика, вечерам, спијам, се туширам но не секој ден во есен и зима. Нормални работи за еден човек, ништо посебно не е еден мој ден после работа.

Ако не идам дома после работа не знам каде одам тоа највеќе зависи денот како е планиран или се планира во текот на денот.
 
Последно уредено:
Летниот период кога одев втора смена после работа одев на скопско.Кога бев прва смена навечер исто на скопско :icon_mrgr:
И така секој ебани 90 дена.
Кога почна ладното дома-работа и работа дома.Си викав ае кога ќе напуштам после откомври ќе се има време ама се заебав оти колоквиуми па никој не е слободен и пак дома :D

А и последнава плата ја снемува како чист воздух во Скопје па и поарно шо дремам на форумов.
 
Последно уредено:
После работа пешачам до дома или ако некој татко ми или брат ми не ме земе со кола да ме однесе до дома бидејќи јас и со 28 години уште немам ни положено за кола :icon_lol: . Дома компјутер на интернет Кајгана форум, ручам, гледам тв, слушам музика, вечерам, спијам, се туширам но не секој ден во есен и зима. Нормални работи за еден човек, ништо посебно не е еден мој ден после работа.

Ако не идам дома после работа не знам каде одам тоа највеќе зависи денот како е планиран или се планира во текот на денот.
Исто,како мене,само шо имам возачка.Имам две сопствени коли и скутер ....Иако се мои,не знам кола да возам,други ги возат,а скутерот само го користам јас,зошо полесен ми е :) ... Рутина моја после работа ми е,да појдам до кај мои колеги,да ме частат гага од кафемат некое топло чоколадо или сок .... Ќе дремам пола саат со нив и дома ....Директива или на јадење или да измијам нозе и у пиџами во кревет пред таблет или лаптоп ... Ако ме спотера спиење,3 часа обично во кома .... Кој сака нека ме бара,барам да сум сам,обавезно,после 8 часа работа .... Понекогаш пред спиење,занимација со девојчето преку фон,дојди у населба.Или со папагалите,ги занимавам ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom