Што имате тренирано, тренирате или би сакале да тренирате?

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.767
Поени од реакции
9.896
Возраст
33
Јас лично не тренирам ништо. Порано идев на фудбал, ама ми одмиле и тренинг и се со тој тренерот, само се дереше, се нешто не му чинеше... Првиот тренинг беше супер, ама после... Иначе од дома цело време ми викаат тренирај одбојка тренирај одбојка, а ја и одбојка како магаре и козметика. Ама ај, како да им докажеш. Ја лично, кога би имало услови би тренирал фудбал, ама у Тетово нема никакви услови. Кога би живеел некаде во странство би се запишал ама овде... Ајде сега вашите тренинг приказни :)
 
Тренирам и ке тренирам кошарка....ми се допаѓа тој спорт....колективна игра...добра заработувачка....и на крај крајва е многу интересен....to e toОдам на тренинзи 4 пати во неделата и не ми се доволни..:)
 
Баскет до 15 години...
Ме накурчи трењерот
 
Odbojka, od tri godini :)
 
trenirav basket tri godini ama ni se rastuti ekipata i morav da se otkazam
 
Гиманситика, Пливање, Кошарка, трчање по кеј не го сметам за тренинг бидејќи немам тренер а го правам рекреативно само ради спортување, здравје и добра физичка форма.
 
Тренирам 4 години ракомет, сеа немам тренинзи нешто салата, тренерот
dh.gif

Инаку имам тренирано 6 години гимнастика, али прекинав бидејки ми рекоа дека куса се останувало за време на пубертет ако трнираш!
 
odbojka do 2 god. sredno a posle toa samo trcanje
 
Тренирав кошарка во 5-6 одд. ме виде наставникот на час по физичко, забележал дека сум имала талент за тој спорт, а и од секогаш ме влечеше. Потоа прекинав поради лоши услови па минатото лето основавме женски кошаркарски клуб во Струмица (кој се уште не е регистриран како клуб) одев на неколку натпревари и се откажав.
Требаше да продолжам пак ама поради некои глупи причини веќе не тренирам.
 
тренирав ракомет до втора година...после не знам што ми стана и не одев на тренинзи и така...иначе играв лев бек коа напаѓавме а лево крило коа игравме одбрана ..демек... и така...
 
епа вака сега:
3 години - Пливање
1,5 година - Кошарка
2 месеци - Бокс
3 месеци - Џудо
6 месеци - Атлетика (фрлање ѓуле)
4 години - Боди Билдинг
и сеуште мислам дека е рано да се пензионирам,со вакво темпо уште што ли нема да тренирам во животов....
 
Имам тренирано фудбал, моментално не тренирам ништо, сакам да тренирам фудбал.
 
тренирам кошарка 3 години.. тренинг имам 12 пати неделно
почнав во 5 одд. тренирав 1 месец се откажав не ми се одеше.... и после се запишав во 7 одд. и до сеа уште тренирам.. имам одено за италија и србија на турнир
 
Што се имам тренирано...

  1. Карате 15 години (моментално сум на пауза некои 4/5 месеци, пред една недела почнав да тренирам, ама од септември пак ке влагам во форма - ми се отвори напреварувачкиот дух)
  2. Плување 5 години Во Студент (се октажав затоа што затрудне тренерката и отиде на болување и ја замени еден брко што не ми се свиѓаше и се ориентирав на каратето - после кога се запишав во фискултурно кај Панче продолжив уште година ипол)
  3. Фудбал 2 ипол години
  4. Одбојка (појке како рекреација само летно време едно 3/4 години по ред)
  5. И спортовите во школо - Гимнастика, Атлетика, Спортски игри (Кошарка, Ракомет, Одбојка и Фудбал) сите по 4 години.
  6. ахххх ке забораев тренирав и бејзбол некои извесни 7/8 месеци.
  7. п.с. се важи рекреативно (екстремно) скијање како спорт? - 6 години
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom