Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
ThA-BiTcH напиша:
Patuvam sama.
Patuvam vo vecnosta.
Patuvam vo beskrajnata tishina.
Patuvam niz lavirintot od zivotot,so bezbroj vrati na denesnicata.
Patuvam sama so mojata nadez.
Patuvam vo sonot sto go sonuvam.
Patuvam na kriljata od veterot.
Patuvam so mislata na tvojata nasmevka.
Patuvam vo mislite moi.
Patuvam do tebe da stignam,
na ovoj pat so pocetok na krajot,
i so kraj na pocetokot.
A tamu,
skrieni vo dalecinite na nezaboravot, dlaboko vo dusata,
vrezani vo srceto.
Ostaveni na milost i nemilost,
od vremeto sto pominuva,
stojat pesnite moi.
Pesnite od ljubovta moja inspirirani,
pesni so ljubov napisani,
na prijatelstvoto posveteni.
Iskreni prijatelski cuvstva,
na list hartija pretoceni,
samo za tebe vecen prijatelu moj.

Тhats more like it!! :wink: А да ме искритикувавте за мојата? Еднаш си ја избришав по грешка па одново ја постирав :pos:
 
Goddess of Chaos напиша:
Тhats more like it!! :wink: А да ме искритикувавте за мојата? Еднаш си ја избришав по грешка па одново ја постирав :pos:

prekrasno e srcka!:)
 
Галебот првна со крилјата,
а езерото брануваше,
како кога камен ќе го погоди...!
 
ТЕМНИНАТА ИМА ОДГОВОР НА СЕ


Густата темнина во собата и ги обвиткуваше порите. Всушност не беше толку темно...недалеку пред нејзе стоеше кадифено црвена ламба распрскувајќи кротка светлина. Галеше со поглед. Сеуште вкочанета и со заледен поглед седеше на своето место иако се чувствуваше како да скока од мост. Некој внатрешен оган ја гореше се повеќе, сакаше да ја предизвика да стане, да се бори да го изгасне. Се поднавали наназад и тивко издишувајќи ги затвори очите.

Се беше црно а сепак толку јасно ги оцртуваше работите, какви што се. Разлеаната темна шминка уште повеќе и го обли лицето и допре до зажарените црвени усни кои ја вкусија слатката болка на нечисти солзи. Тие солзи напразно се вжештиле многупати додека да најдат целосен изговор за нивно ослободување. А сега ја најдоа вистинската причина во залутаните спомени. Одеднаш тихо размислувајќи...пред очи и излезе детството и ја разбранува. И ги врати сите позлатени розови моменти на среќа и невиност проткаена со по некоја чиста капка солза и мртов цвет испуштен од детска рака. Цветот некогаш означуваше потценувачка осаменост а понекогаш насмеано небо. Тие спомени веќе не сакаа да бидат таму, не можеа да најдат место меѓу сите тие заебани лаги и обвинувачки пропусти. Тоа ја потсети и на првите осамени и студени души кои ја пресретнаа на патот и заедно со нејзе расцутеа.

Горчливо се насмеа и нагло ги отвори очите. Ширум. Во нивниот сјај се гледаше нежност што паднла во калта и останала заборавена. Била роза со меки сјајни ливчиња што секојдневно пие од сончевата радост но се претворила во бесмислен отпадок...на овој тивок ден конечно се осуди детално да пробуричка по тие стари рани и да ги разгледа проблемите какви што се, без покажување на слабости. Одеднаш, се насмевна. Се насмеа искрено. Веселиот звук се разнесе низ темнината...сакаше да ја распара. И пак нагло престана. Се чувствуваше како огледало пред кое поминуваат сите спомени а таа одново ги преживува и интерпретира. Кога ќе се потсетеше на оние ронки среќа и радост обвиткана со спокојство се смееше и добиваше надеж. Потоа пак мрак, пуст и остар. Празнина која ја топи белината на убавите чувства...ги заплеткува во елегантна пајажина и ги измачува се додека не го изгубат сјајот и се претворат во суво чувство на вина. Огледалото се скрши, не издржа. А таа повторно остана празна. Барем чувството на вина ја копкаше одвнатре и ја тераше да размислува, така ја одржуваше во живот. Кога и тоа ќе престане настанува рамнодушна едноличност што се развлекува низ сите животни процеси...
Сите тие чувства и ги разбуди темнината во собата прошарана со слабите зраци што доаѓаа од кадифено црвената ламба. Обожаваше да се измачува на тој начин, со стари чувства и размислувања.

Болката веројатно ја правеше среќна, ја тераше и после сите тие темни мисли да се надева и да создаде нов бран на топли идеи и емоции. Најверојатно нема да се остварат но барем ќе послужат како средство за смирување во моментот. А иднината, сеуште засенета од минатото одблескуваше во капката - се лизна и го навлажни подот. И на крајот повторно истото, повторно лажно ветување за подобрување, повеќе храброст, поголема сила. Што ќе ја произведе таа сила, кога нема обезбеди услови за вистинско подобрување на можностите и проширување на видиците? Затоа страдаше толку, сакаше да се измени од корен а стасуваше само до средината, не знаеше како да ја искористи сета сила што ја имаше и како да ја насочи кон целта. А најлошо беше што беше свесна и за тој проблем но секогаш го оставаше за подоцна. Се потпираше врз времето, тоа и беше најдобар придружник, и најдобар изговор. Секој ситен украсен детал во нејзината внатрешна уништена убавина беше подеднаков важен за понатамошно изградување на личноста, но кој да го сфати и приспособи тоа. Нејзина, единствено нејзина беше вината што постојано потклекнува со убав збор и топла насмевка а добива студен челичен удар. Всушност не секогаш воопшто имаше храброст да направи или изрази нешто, понекогаш само молчеше и набљудуваше обвинувајќи се. Каква двосмисленост, каква чудесна спротиставеност на неколку светови се проѕираше од нејзе! Чудесно надежно суштество.

Веќе беше доцна…тишината лебдеше наоколу a тоа ја иритираше. Не заборавај дека не потклекнувам под ничија моќ, помисли. Грубо ја изгасна ламбата со своите нежни правливи раце и исчезна во молкот. По неколку минути двоумење низ меката темнина ја отвори вратата и блесок светлина ја проголта.
 
Есенска симфонија

Си видел ли лист? Сув, жолт, есенски лист кој моли да преживее уште еден меланхоличен ден..

Лист кој набрзо по неговата молба е понесен на крилјата на оној ѓаволски ветер...

Лист кој залудно моли, кога никој не го слуша...

Лист, кој е на патот кон некој друг свет, најверојатно правливата
улица, каде ќе запознае нови такви листови како него...

Лист, кој таму, баш кога ќе добие една воздишка надеж - завршува под нечии стапала чиј сопственик никогаш и не се сетил дека тоа што го направил боли, дека повредил "некого", дека и неговата душа еден
ден ќе биде таков лист...

Лист, чија смрт одѕвонува во ушите на неговиот убиец, како најдобра есенска симфонија!

Таа есенска симфонија беше единственото задоволство кое го уживав во тој најтажен период од годината, но одеднаш, почнувајќи од моите нозе, почнав да треперам. Да треперам баш како тој лист додека лебдеше во прегратката на ветрот и тогаш ветрот ми шепна дека понекогаш и надежта има краток здив, па истиот момент се најдов на правливата улица на ЉУБОВТА, каде се изгубив меѓу зградите и куќите од тага, болка, осаменост, очај, потреба, солзи...

Тогаш таквата моја патетична изгубена состојба, кулминираше кога еден "човек", стапна врз мене не водејќи сметка за мојата душа која го обожуваше, а ТОЈ најверојатно како во секоја есенска симфонија, уживаше во тонот со кој мојата душа се закопа во правта на ЉУБОВТА...
 
Офчар напиша:
прозните ваши обиди.. ама ако, никој учен не се родил.. трудете се, трудни нема да останете ;)

хехехе, тогаш не ни ги читај нашите прози, туку иди пишувај си таму кај твоето, па фали се низ форум што и како си напишал:wink:
 
ThA-BiTcH напиша:
хехехе, тогаш не ни ги читај нашите прози, туку иди пишувај си таму кај твоето, па фали се низ форум што и како си напишал:wink:

и ќе се фалам.. пошо има за шо да се фалам.. ама не е ни време ни место, нели ;)
 
Офчар напиша:
Троа патетично е, све без исклучок.. :icon_roll

И твоето е троа патетично, ама никој ништо не ти рекол офчаре!:wink::hump:
Супер ви се прозниве искри, вие само пишувајте не го слушајте офчаров.:baeh:
 
The`bItCh напиша:
И твоето е троа патетично, ама никој ништо не ти рекол офчаре!:wink::hump:
Супер ви се прозниве искри, вие само пишувајте не го слушајте офчаров.:baeh:

Нешо фејворит сајт.. чек не ми текиња.. ;)
 
Еве нешо патетично и од мене.. од пред 2-3 години.. Андроник, се сеќаваш?! Леле.. срамотилаци.. ама имаше добар фидбек :) пред да читете, палома обавезно.. не е офчарон смешен само, море ;)

(објавено беше на Багра)

Искра на сеќавање



Сте поминале ли покрај раскрсницата меѓу Партизанска и Рузвелтова? Место кое сите го знаат по колпортерите кои во секое време од денот се на работа... но и по многуте просјаци. Луѓе кои маката ги натерала да молат за корка леб.

Секое поминување покрај таа раскрсница ме натажува. Ме потсеќа на една судбина, една тажна судбина, судбината на малиот човек кој сите го знаеја како Саше.

Саше беше едно оние деца родени на улица. Беше од ромско семејство. Всушност и не се викаше Саше, но така го викаа. Целиот свој живот не го дозна роденото име.

Мајка му кога го родила го користела како средство за работа. Го терала бебето да плаче за да и се смилостиват минувачите. Така успевала да измоли по некоја монета за леб.

Како што растеше Саше, така сите почнаа да забележуваат дека беше поинаков од другите деца. Физички беше послаб; на 5 години сеуште изгледаше како бебе. Зборуваше забавено и понекогаш бесмислено. Немаше сомнеж: Саше имаше пречки во развојот. Беше ментално ретардиран.

Но тоа не го правеше помалку вреден од другите. Тој сеуште го имаше најнежниот поглед на светoв. Неговите крупни очи ѕиркаа како два костена од слабичкото лице. Неговата насмевка беше највеселото нешто што сум го видел.

Саше знаеше и да пее. Кога се собираше целото семејство навечер под дрвјата, сите се расплакуваа кога малиот славеј ќе ја запееше Едерлези.

Дојде времето кога сите негови врсници се запишуваа во училиште. Знаејќи го проблемот на своето дете, родителите на Саше рeшија да го институционализираат. Но, тие беа Роми и немаа воопшто средства и сите врати за нив беа затворени.

Немајќи друг избор, решија да го препуштат Саше сам на себе. Го оставија на раскрсницата на која просеа. Заминаа дома, а Саше не можеше да го најде патот. Следното утро семејството не се врати. Воопшто не се вратија, никогаш. Саше не можеше тоа да го разбере, мислеше дека така треба да биде.

Неколку дена по ред просеше сам, но не знаеше што да прави со парите. Спиеше покрај дрвјата. Беше прегладнет и исцрпен. Да не се најдеше еден милостив човек во близина, Саше немаше да преживее.

Тоа беше продавачот во книжарницата. Секој ден поминуваше покрај местото каде што Саше спиеше. Го гледаше детето препуштено само на себе. Отпрвин го игнорираше, но еден ден се сожали. Го зеде со себе. Му купи чоколадо. Никогаш Саше немаше пробано чоколадо. Иако отпрвин му се слоши, подоцна си побара уште едно. Не знаеше повеќе од две-три фрази на македонски, па комуницираше со мимики. Но беше впечатливо дека не е како другите деца. Сепак, тој беше мило и нежно дете, кое сакаше да си игра како и другите. Зема еден балон од книжарницата и го галеше. Го милуваше како да е нешто најсвето. Два часа не се оттргна од него. Од време на време му се насолзуваа очите, но потоа се смешкаше како ништо да не му е. Во себе страдаше, но не знаеше да тагува. Саше беше најведрото дете кое го имав видено.

Продавачот беше вчудоневиден кога го чу како пее. Одеднаш Саше ја запеа Едерлези, единствената песна што ја знаеше. Кога пееше не забавуваше со гласот. Воопшто не делуваше како ретардирано момче. Напротив, тоа беше милозвучно пеење. Пеење кое би омекнало и срце од камен, пеење кое би го пленило и најнамуртениот човек на светот.

Саше во себе имаше позитивна енергија. Имаше голема и добра душа. Наместо да бега од кучињата тој ги галеше; наместо да се срами од луѓето кои му даваа пари кога просеше, тој ги гушкаше силно и со многу љубов. Да, не ги разбираше работите, но имаше чиста и невина душа.

Попладнето за првпат се возеше во автомобил - продавачот го носеше дома. Како само го лепеше лицето на прозорот... Се радуваше на се што ќе видеше - автобусите, велосипедите, продавниците, семафорите. Едноставно ги сакаше работите такви како што се. Во неговото срце имаше повеќе љубов отколку во било кое друго.

Кога стасаа кај продавачот дома, Саше за првпат виде телевизија. Не можеше да престане да се смее. Му се смееше на телевизорот, и се смееше на тоалетната школка, му се смееше на огледалото.

Продавачот живееше сам. Не му пречеше привремениот гостин. Откако го избања и преоблече, му даде на Саше да јаде. Се шлапкаше во манџата и цело време се смееше. Приредуваше смешки на кои никој не би останал рамнодушен.

Следниот ден беше сабота. Затоа продавачот се реши да го одведе Саше на игралиштето да игра со другите деца. Некои беа поголеми од него, некои помали, но сите го прифатија. Сите се смееја кога тој главечки паѓаше од клацкалката. И тој се смееше со нив, и пак се качуваше.

И саботата помина во одлично расположение.

Во неделата продавачот се реши пак да го одведе Саше на игралиштето. Додека Саше играше со децата, продавачот замислено седеше на клупата. Разислуваше. Знаеше дека не може да го задржи детето. Така замислен на клупата седеше се додека не се стемни. Дури по некое време се освести дека е доцна и треба да оди дома. Го побара Саше но него го немаше...

Во меѓувреме две момчиња, значително поголеми од Саше дојдоа на игралиштето. Почнаа да го исмејуваат заради неговото однесување. Го навредуваа и задеваа. Додека продавашот седеше замислен на клупата, тие го беа одвлекле Саше далеку од игралиштето, позади некои гаражи. Тој не знаеше што се случува и непрестајно се смешкаше. Одеднаш, едното од момчињата го зграпчи, а другото го удри во лицето. Насмевката исчезна, а од очите почнаа да извираат солзи... Потоа момчињата го расоблекоа. Го легнаа така полугол на земја и непрестајно го клоцаа. Врисоците кои ги испушташе Саше како да не постоеја за луѓето од зградите. И кога веќе престана да пружа отпор, едното од момчињата започна да го силува. Ситното тело на Саше веќе беше изнемоштено. Не можеше ништо да направи. Кога едното момче заврши, на ред дојде другото. Цели два часа се менуваа. Саше веќе беше паднал во несвест. Вечерта двете момчиња неговото тело го фрлија во грмушките и со смеење и задоволни лица си отидоа дома.

По некое време, во најдоцните часови, улиците беа пусти. Само еден човек избезумено трчаше насекаде. Тоа беше продавачот кој го бараше Саше. Случајно го забележа во грмушката... од таа глетка се вџаши.

Парталавата облека го покриваше малото тело. Саше се тресеше. Неговото лице беше облеано во крв, но кога го виде продавачот собра сили да се насмевне. Продавачот со насолзени раце го зема во раце. Го погали по разбушавената коса и проба да го утеши. Тогаш, од немоќното грло се слушна мелодијата на Едерлези. Саше за последен пат пееше. Чиниш неговата песна сеуште се слуша...

Додека продавачот го носеше во раце, песната полека замираше. Саше испушташе здив. Кога продавачот стигна дома, го положи безживотното тело на Саше на подот, седна покрај него и заплака. Само тоа му преостануваше...

Кога поминувам покрај раскрсницата меѓу Партизанска и Рузвелтова ми се насолзуваат очите. Сега знаете зошто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom