Не, во ред е тоа и разбирам. Ама имаш и друга страна.
Еве јас барам работа, и аплицирам по огласи. Гледам оглас и ми кажуваат дека се работи и втора смена. Е сега, јас можеби би работел втора смена (веројатно за амерички клиент) доколку платата ми е поголема 300-400 евра од таа што би ми била во прва. Па така, аплицирам во неколку фирми, терам процес, поминувам интервјуа.
Добивам 3 понуди, од кои 2 се во прва смена и едната е во втора. Ама разликата во плата и останати услови за работа е никаква или маргинална. Секако дека ќе ја изберам понудата што е поповолна за мене, и фирмата нема зошто да ми се лути.
Тоа што нудите работа само и стриктно за втора смена е маана на работното место, за која веројатно сте свесни. И таа маана треба да ја компензирате некако, да ги продадете другите поволности и предности, за некој ако има избор (а фала богу секој сака такви вработени, ако нема, значи и не го бива толку) да ја избере вашата фирма.