„ГЛОУБ ЕНД МЕЈЛ” ЗА МАКЕДОНИЈА-Нема запирање за булдожерот наречен рамен данок

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Една од првите работи што се направија во Македонија по минатогодишното доаѓање на новата власт се радикалните даночни реформи. На 1 јануари 2007 година во земјата беше претставен рамниот данок од 12 проценти и за персоналниот данок и за данокот на добивка. Македонија го следи курсот на Грузија, која го воведе истиот данок пред две години. Во јануари 2008 година Македонија ќе го намали данокот на 10 проценти, со што ќе стане една од земјите со најниски даночни давачки во светот. пишува новинарот Нил Рејнолдс во канадскиот весник „Глоуб енд мејл” во статијата за даночните реформи во повеќе земји.
Земајќи ја Македонија како прв пример, Рејнолдс вели дека „сумите што буџетот на Македонија ги добива на име на даноци скоро сигурно ќе растат. Новиот млад премиер Никола Груевски (36) кој се залага за слободен пазар вели дека оваа реформа ќе го намали затајувањето на даноци и ќе ги охрабри луѓето да ги исполнат своите обврски кон државата.
Русија во 2000 година драстично го намали персоналниот данок од 40 на 13 проценти и ниските даночни стапки им ја олеснуваат работата на собирачите на даноци. Во првата година од примената на новите даночни стапки, државните приходи на Русија пораснале за 25 проценти, во втората исто така за 25 проценти, и за уште 15 проценти во третата година. Луѓето кои најмногу се противеле на давачките, сега доброволно ги плаќаат.
Со рамниот данок од 10 проценти, Македонија ќе им се придружи на другите две земји со најниски даноци на светот, Киргистан и Казахстан, додека Узбекистан има 10 проценти персонален данок, но го задржува 18-процентниот данок на добивка”.
Во својот напис Рејнолдс пишува дека други земји кои се натпреваруваат за титулата држава со најниски даноци во светот се Грузија и Русија со 12 односно 13 проценти, и Украина со 13 проценти. „Црна Гора, уште една млада држава од Балканот, воведе рамен данок на добивка од 9 проценти, додека Бугарија е блиску со рамен данок на добивка од 10 проценти. Но, во овие две земји остануваат прогресивните даночни стапки за персоналните доходи. Монголија усвои 10 процентен персонален данок, но данокот на добивка и остана прогресивен.
Низ светот, трката за воведување рамни даноци станува се поостра. Дури и земјите кои ги отфрлаат рамните даноци, ги намалуваат даноците. Полска мина три четвртини од патот, со воведувањето на рамен данок од 19 проценти за сите добивки, дивиденди и самовработени лица. Шпанија промовираше рамен данок од 18 проценти за сите добивки од штедењето. Оваа година Исланд воведе рамен данок од 32 проценти, кој е висок бидејќи ги вклучува и општинските давачки. Во оваа островска земја, добивката, дивидендите, каматите од заштеда и од изнајмување имот се оданочуваат со рамна стапка од 10 проценти.


Данска – Гинисов рекордер во оданочувањето

Според Гинисовата книга на рекордите, Данска има највисоки даноци во светот. Нејзините граѓани плаќаат 68 проценти од своите тешко заработени круни. Во Данска најнискиот данок е 42 проценти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom