Ден на победата над фашизмот

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 68 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ И НОВ
Република Македонија денеска одбележува 68 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.
BC2F28A8951A2B4CB9A378E6A07F230F.jpg

Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата.

Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на таа борба се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а во последните 18 години како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година и од него произлезениот Рамковен договор, Македонија, која е полноправна членка на Обединетите нации, денес чекори на патот кон евроатлантските интеграции.

Традиционално во македонското Собрание денеска ќе биде врачена годишната државна награда „11 Октомври“ која се доделува за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Годинашен добитник на наградата е Момир Поленаковиќ, интернист и нефролог од Скопје.

По повод празникот ќе биде одржана Свечена академија на која ќе се обрати премиерот Никола Груевски, а владина делегација во чиј состав се вицепремиерите Владимир Пешевски и Абдилаќим Адеми и министерот за образование Никола Тодоров ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта и на гробот на генерал Апостолски.
 
Дозволени се Бугари на темава? :kesa:
 
Слава им на сите борци против Фашизмот и Нацизмот и никогаш да не се повтори.

Ура, Ура, Ура.
 
Добро е да расчистиме и некои вештачки наметнати дилеми за карактерот Македонското партизанско движење.

Тоа во основата и пред се е народно-ослободително, национално движење, а дури потоа се друго вклучувајќи и идеолошко-политичко.

Во Македонија во 1944 година во тек е британската мисија БРЕСОНЕСЕ, на чело со капетан Мекдоналд, припадник на Управата за специјални операции. Како што стои во извештајот на Мекдоналд, од јануари до средината на април 1944 година, мисијата била во Грција, меѓу планината Кајмакчалан и реката Вардар, а подоцна, северно од Охридско Езеро, сé до октомври, кога мисијата завршува. Нејзин плод е извештајот во кој, во рамки на оцената на британската мисија за политичката ситуација во Македонија, се вели:

"Македонското партизанско движење во својата основа, пред сé, е националистичко, а потоа комунистичко движење. Во нивната пропаганда за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија зад партизанското движење... Нивните лидери сериозно сметаат дека Грција и Бугарија ќе и отстапат територии на нова Македонија. Според нив, границите би се протегале од реката Места до Охрид и од Солун до Куманово. Јас би нагласил дека ова не е некое мудрување, туку сериозно е поставено од Апостолски (Михајло Апостолски), Абас (Цветко Узуновски) и другите“.

Мекдоналд нагласува дека партизанските лидери од Македонија, во исто време, ја сфаќаат „неопходноста да бидат член на силна федерација на југословенските држави“. Тоа, според него, е последица на фактот што Македонија со векови била цел на различните балкански држави, па оттука, лидерите на партизанското движење знаат дека самите Македонци не се доволно силни за да ја задржат својата независност и ќе "треба да се потпрат на силна Југославија“.

Што се однесува до самите партизани, тој наведува дека тие многу страдаат во зимата: "Две третини од бригадата се без чизми и многу од нив се без чевли или какви било чорапи. Многу починаа од смрзнатини".

Мекдоналд се осврнува и на грчко-македонските односи. Врските меѓу политичките и воените лидери ги оквалификува како "блиски и срдечни":

"Нашите партизани постојано покажуваат одвратност кон неактивноста на андартите, а од друга страна, тие зборуваат многу убаво за грчкиот народ, кој ги хранеше преку целата зима и се грижеше за ранетите... Под режимот на Метаксас, македонскиот јазик бил целосно забранет... Македонските територијални барања вклучуваат дел од Солун и северно од него. На ова ќе се осврнам подоцна. Јас многупати го покренав прашањето на грчката подготвеност да изгубат територија во корист на Македонија", запишал Мекдоналд.

Тој додава нешто што кај денешниот просечен Македонец веројатно ќе предизвика позитивно изненадување. Партизанскиот план бил да се спроведе слободно гласање на територијата на Македонија за границите меѓу идните држави на Балканот:

"Партизаните сметаат дека во однос на тоа не би требало да има проблеми, бидејќи границите ќе бидат поставени според слободното гласање на народот. Слободното гласање би ги решило сите проблеми и е постојано повторувана тема од македонските партизани. Ист е случајот и со Албанија. Трите партизански движења, албанското, грчкото и македонското, навистина имаат многу силни заеднички врски, не покажуваат страв или сомневање едно од друго и активно и подготвено соработуваат“, истакнува британскиот разузнавач.

Во поглед на гласањето за нови граници на Балканот, особено меѓу Југославија и Грција, Мекдоналд ја навел и забелешката дека Цветко Узуновски-Абас признал дека Грците сé уште не се согласиле во однос на гласањето, но сметал дека „тоа е само академски“ и изгледал убеден дека на крај Грците ќе се сложат со предлогот. Но, како што Британецот иронично забележал, "Абас изгледа премногу буквално ја сфатил Атлантската повелба" потпишана во 1941 година, првично само од Винстон Черчил и Франклин Рузвелт, за повоеното уредување на светот.

Британските членови на мисиите во 1943/1944 година немаат дилеми и колебања околу тоа кои се и што се Македонците. Меѓутоа, посебно е карактеристично што на членовите на мисиите им било сугерирано да не се мешаат во политичките работи на Македонија и да избегнуваат комуникација во која би споменувале нешто во врска со иднината на земјата по ослободувањето. Инаку, за цело време, сите членови на мисиите, кога зборуваат за Македонија мислат на целата нејзина територија, сеедно на која држава и припаѓаат одредени делови во тој момент. Некои од нив, како Артур Еванс, кој бил испратен во Егејска Македонија, претходно биле брифирани дека ќе сретнат само Грци. Но самиот вели дека наместо тоа, дошол во непосреден контакт со Македонци. Членовите на мисиите тоа и го истакнуваат - дека жителите едноставно не се чувствуваат Грци.

Американците преземаат мисии подоцна, кон средината на 1944 година, но и нивниот заклучок е ист - нема дилема кои се луѓето што живеат на таа територија и за што се борат.

- Тие знаат што се случува и за што се борат македонските партизани. Еден од нив вели:

"Неформирањето македонска држава е една од грешките на историјата, односно историски лапсус. Еден фер плебисцит би резултирал со слободна Македонија". Меѓутоа, истиот известувач додава дека не може да замисли да егзистира независна Македонија, сеедно што, како што вели, и самиот го посакува тоа, бидејќи тоа барање би било сосила задушено од Грците од цела Грција, кои би се кренале на нозе.

Известувачот додава и дека причината за тоа е што со евентуалното губење на Македонија, Грција, која е доста сиромашна земја, би била уште посиромашна бидејќи би останала без најпродуктивната територија. Според истиот Американец, барањето на Солун кај Грците би предизвикало бес, што би резултирало со крвава и жестока војна.

Кога сето ова ќе се сумира, станува јасно дека на големите сили им е познато што и како се случувало во Македонија, оттука и заклучокот дека македонското партизанско движење, пред сé, е национално, а потоа комунистичко.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=721192334&id=9&prilog=0&setIzdanie=22320
 
Misirkov: Темата нели е за фашизмот, пак, гледам се зборува само за Бугарија, сеедно Бугарија создала оваа идеологија?!

1 - Бугарија не окупира Македонија, а Германија окупира во 1941 Југославија (тогаш нема Македонија, има Бановина) и Грција, додека сте лажел дека Бугарија била окупирана, таа само администрира, дури и граѓаните немале бугарски пасоши (мислам за темата со Евреите)

2 - Македонецот Никола Парапунов?! Член на БКП (бугарска комунистичка партија), комунистите немаат татковина, тие се интернационалисти! Антифашистичкото настани имало во цела Бугарија (најмногу во софиската и северозападна Бугарија)

3 - Јас незнам какви репресии имало врз Македонците?

4 - 1944 не македонските "војводи" ослободија Македонија, а советската армија, суштина
тоа беше ново ропство.

5 - Пак прашувам, оваа тема за фашизмот ли е или за Бугарија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom