Еве некои мои подгрупи:
Убави,вообразени,скапи-Со самото тоа што мислат дека цел свет се врти околу нив,кога ќе поминат на улица се слушаат воздивнувања(од машки бидејќи сакаат да ја имаат,и од женски кои се љубоморни на нејзината убавина).Таа најчесто сака нејзиното да биде последно по секоја цена,си бара партнер со што повеќе менади на банкнотите.Ваквите најчесто завршуваат сами,бидејќи целиот живот го чекале принцот на бел коњ,или пак ќе најдат коњ на бел принц само за да си ги задоволи своите високи стандарди,нормално љубов нема.Вакви за жал се се`повеќе и повеќе.
Убави,глупи-Не треба за ова да дискутирам повеќе.Служи како статуа,а не знае два реда муабет да направи.Ќе заврши како љубовница на шефот или што е најлошо-како модел што не знае да си пресмета колку и е неделниот хонорар.Ќе ја следат бисерите што ги нанижала до крајот на животот,а богами и понатаму.И ќе дојде ред некоја таква да ти наредува на работа.
Убави однадвор,грди одвнатре,опседнати со себе-Овде зборувам само за физичка убавина.Значи девојкава е авион,но кога си со неа и разговараш е многу поинаку.Наоѓаш повеќе маани отколку доблести кај неа,таа е најдобра на свет и никој друг не постои освен таа.Тесно се поврзани со првата група,само што овие завршуваат сами.На 40тина години прават пластична операција за повторно да изгледаат како што изгледале во нивните 20ти.И потоа личат на силиконски гремлини.
Убави,паметни,карактерни-Не се служат со својата убавина за да успеат низ животот,иако тој им поставува доста искушенија.Овие завршуваат убави засекогаш.Не дозволуваат убавината да им удри в глава,затоа што знаат дека е минлива.
Има секогаш многу подгрупи,ако пронајдам уште некоја ќе пишам
