- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Охридската школа - светилник на Кирилометодиевската традиција
И двајцата македонски првоучители во Охридската Школа, родоначалници на средновековниот однегуван книжевен збор, ја вдлабиле сопствената традиција длабоко во Македонија
Вера Стојчевска - Антиќ
"Светите книги за таквите пеат пофално зборувајќи: "Ќе се изнајде премудроста на древните, поживејте во пророштвата, сочувајте ги повестите на знаменитите мажи и излезете во симболите на приказните, послужете меѓу големците и јавете се пред игумените, минете преку земјите на туѓите народи, и доброто и злото во луѓето ќе биде искушано низ вас° - Од "Похвалното слово во спомен на светите и преславни учители Кирил и Методиј" - Климент Охридски
Кирилометодиевската традиција во целиот словенски свет ја обелодени основата на литературниот старословенски јазик - јужномакедонскиот дијалект од околината на Солун. Родени во овој знаменит град, конгломерат од разни претставници на народи,
Браќата просветители и светители, Кирил и Методиј, го понесоа факелот на светлосниот пламен, почнувајќи од Солун, преку Цариград, Олимп, Арапскиот халифат, Хазарската држава, Моравија, до Рим (еден од врвните европски центри), и потоа назад во Моравија. И двјацата Браќа ги изодија земјите на Азија и Европа и ги вредија словенските народи во културните текови на Европа. Самите, со својот беспрекорен пример на епохални затемелувачи на писменоста и просветата. Нивните дела ги издигнаа и во 20. век за копатрони на Европа, заедно со Свети Бенедикт.
Во последната високо вреднувана Моравска мисија, рамо до рамо со Просветителите, чекореа и работеа младите ученици, светите Климент и Наум Охридски. Во опширните житија на Кирил и Методиј, како и во истото на Свети Климент Охридски, не се апострофирани нивните имиња, што говори за нивниот порив да дејствуваат без потреба од слава, а историските факти ја потврдуваат нивната заслуга за текот и успесите на Моравската мисија. Не случајно, светите Кирил и Климент, а најверојатно и Наум, добиле повисоки црковни чинови во Рим, кога присустувале на свечените служби во чест на пренесените мошти на папата Климент Римски, од Херсонес во Рим.
Меѓутоа, историските извори со несмален пиетет говорат за формирањето на една висока школа во Западна Македонија, поточно во омилениот град на Светите Климент и Наум Охридски, во Охрид, чија основа ја положува оо просветна знајност - Свети Климент Охридски. По неуспехот на Моравската мисија, по смртта на Свети Методиј во 885 година во Моравија, учениците мораа да го бараат спасот вон границите. Меѓу највредните, Светите Климент и Наум Охридски ја развиваат својата дејност прво во Бугарија, а потоа во Западна Македонија. Многу бргу, во 886 година, во Охрид се јавува првоучителот на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски, кој ја пренесува целокупната Кирилометодиевска традиција од Моравија. Во овој центар ќе се школуваат голем број постари и помлади ученици и неграмотните луѓе во епархиите набргу добиваат школувани кадри. Овде, неколку векови по смртта на првоучителите, се негува глаголската писмена традиција, покрај кирилската.
Значи, изгаснатиот подем од Моравија се пренесува во Македонија, а самата Охридска школа не го добива својот тесен локалитет во Охрид, туку многу пошироко во Западна Македонија. За разлика од овој центар, во Источна Бугарија, се развива Преславската книжевна школа, со целосна кирилска традиција.
Не е важна само учителската дејност на првоучителите. Свети Климент Охридски во Охрид го основа расадникот на Македонската православна црква, со сестраната помош на собратот Свети Наум Охридски, кој по назначувањето на Свети Климента за прв словенски велички епископ, неговото учителско место во 893 година го наследи Свети Наум Охридски. Затоа, формирањето на Охридската патријаршија, на чело со царот Самоил во 10 век, беше логична последица за пионерските потфати на Светите Климент и Наум Охридски.
И двајцата учители се прославија и со својата книжевна дејност. Свети Климент Охридски, високо образуван, трудољубив безмерно, а над сў талентиран писател и поет, ги постави темелите на средновековната македонска книжевност, со врвни дела, кои ќе ги препишуваат и практикуваат сите словенски средини. Практичен по дух, со своите бројни поучителни слова слезе во рамништето на полуобразованите или воопшто необразованите сожители, со цел да им го доближи христијанскиот збор. Во похвалните слова авторот е ослободен од таквата намена и ги истакнува вредностите на знаменитите мажи, Кирил и Методиј. Посебно антологиско место во средновековната книжевност добива "Похвалата на преблажениот Кирил Филозоф". Стилскиот израз открива автор со длабоки познавања на достоинствата на византиската книжевност, но применети во висок индивидуален белег, кој го открива вродениот талент. Во последно време во науката нараснува бројот на подржувачите на мислењето дека и двете опширни житија на Светите Кирил и Методиј се дела на Свети Климент Охридски.
Во науката долго време се претпоставуваше дека и неуморниот Свети Наум Охридски е книжевен автор. Последниве години и ова мислење е потврдено со откривањето на негови вредни химнографски дела. Ако тој лично го поттикнал епископот Константин Брегалнички да го напише "Поучителното евангелие°, не можел да не се прифати и лично за делото што го негувал. Меѓу поновите негови творби е "Канонот на апостол Андреј", напишан според сите критериуми на овој црковно-книжевен род. Тој ја воспева дејноста на апостолот, кој под закрилата на Исус Христос, ги разбудил паганците и им влеал во душите нова вера.
И двајцата македонски првоучители во Охридската школа, родоначалници на средновековниот однегуван книжевен збор, здрави втемелувачи на Македонската православна црква, цврсти градители на цивилизаторскиот културен од, ја вдлабиле сопствената традиција длабоко во Македонија. Денешниот пиетет кон нив го оправдува нивниот скромен изоден пат и наследството вкоренето во луѓето и во нашата земја.
(Utrinski vesnik No. 1847 ponedelnik, 08 аvgust 2005 godina)