Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Вака на хартија кога ќе напишеш можеби и не звучи ништо импресивно ова на Хрватска, но малце ако земеш да ги проанализираш работите и да ги изгледаш натпреварите како што треба, ќе видиш дека ваква споредба во најмала рака е смешна, а ако ја споредуваш играта на Хрватска со таа на Англија, тогаш ја и ти немаме што понатаму да дискутираме. Доволно е да ти кажам дека до сега Хрватска кај што нема пораз, туку не беше од ниту еден противник надиграна. Во моментов играат егал финале со Франција. Али добро, секој различно гледа на работите.А што ќе кажеш за успехот на Хрватска? Не се провлекоа со Данска и Русија кои со Шведска се најслабите европски репрезентации на првенствово? Немаа исто така лесен пат до финале? Не беа надиграни од Англија цело прво полувреме додека не паднат физички енглезите? Еве денеска ако го кркнат 3-0 шо прајме и нивниот "успех" ќе биде илузија?
Вака на хартија кога ќе напишеш можеби и не звучи ништо импресивно ова на Хрватска, но малце ако земеш да ги проанализираш работите и да ги изгледаш натпреварите како што треба, ќе видиш дека ваква споредба во најмала рака е смешна, а ако ја споредуваш играта на Хрватска со таа на Англија, тогаш ја и ти немаме што понатаму да дискутираме. Доволно е да ти кажам дека до сега Хрватска кај што нема пораз, туку не беше од ниту еден противник надиграна. Во моментов играат егал финале со Франција. Али добро, секој различно гледа на работите.
Остај ги брат гледаш во еуфорија се, Англија имала успешно првенство
Колку е плиток човечкиот мозок, особено се гледа на вакви работи. Англија стигнала до 1/2 финале и готово е, успешни се, одлична генерација, настап на векот не ти знам што. А во реалноста кутрите појма немаат, едноставно имаа малку повеќе среќа за да ги засенатрезултатите на нивните претходни генерации кои испаѓаа од групите или евентуално во 1/8 финале од Исланд
@callejón de la muerte се губиш целосно, не знаеш ни самиот што сакаш да кажеш. Прво склопи една логична реченица, биди малку попрецизен во ставовите па после тоа можеби ќе разговараме. Вака изгледаш како полуписмен старец кој се докопал до интернет, ништо повеќе.
Пополека малце, земи воздух, и пробај да напишеш пост каде што нема да ги скриеш глупостите што ги тресеш со арогантноста во начинот на пишување. Не правиш муабет со кретени кои не те разбираат, за вакви работи да ти проаѓаат незабележително.
Буквално освен првото полувреме, во останатиот дел од натпреварот со се дополнителните 30 минути Англија беше тотално РАЗМОНТИРАНА од страна на Хрватска. Кејн дали бил трагичар или не, ама баш никого тоа не го интересира. Во 1/2 финале велесилата Англија успеа само ЕДНАШ да шутне во рамките на голот на Хрватска.
За земјите што ги ругаш, кои испаднаа во групна фаза или во 1/8 финале со што сакаш да им го омаловажиш успехот во споредба со Англија која стигнала во 1/2 финале ти нема никаква врска. Шпанија како репрезентација самата си се саботираше на ова првенство со тоа што одлучи на два дена пред истото да го отпушти селекторот, на Германија им се одби од глава егото и тоа што се шампиони каде во секој натпревар од групата влегоа со помисла дека веќе им е добиен натпреварот.
Иако ова не е оправдување, ниту тема на муабет, не знам зашто доби причина да ги споредуваш кога муабетот беше Англија. Ова 1/2 финале на Англија е илузија, "успех" кој се заснова на среќа и добивање на полесниот пат од ждребот, отколку успех кој се засновал на играчкиот кадар или игрите што ги прикажале во ова натпреварување.
Ама Хрватска има поквалитетен состав, поискусен и подолго време играат заедно, за разлика од Англија. Ако го ставиме тоа на Кантар, некако, 2 места ранг на Сфецко не е некоја голема разлика![]()
нез дали е официјално, ама јас овој тим го видов..![]()
Озбилно ова е тимот избран на Светското ???
Sent from my iPhone using Tapatalk