Остај ги брат гледаш во еуфорија се, Англија имала успешно првенство
Колку е плиток човечкиот мозок, особено се гледа на вакви работи. Англија стигнала до 1/2 финале и готово е, успешни се, одлична генерација, настап на векот не ти знам што. А во реалноста кутрите појма немаат, едноставно имаа малку повеќе среќа за да ги засенат
резултатите на нивните претходни генерации кои испаѓаа од групите или евентуално во 1/8 финале од Исланд
@callejón de la muerte се губиш целосно, не знаеш ни самиот што сакаш да кажеш. Прво склопи една логична реченица, биди малку попрецизен во ставовите па после тоа можеби ќе разговараме. Вака изгледаш како полуписмен старец кој се докопал до интернет, ништо повеќе.
Да, до полуфинале, нешто кое не успеале да го направат 28 други учесници а некои како Холандија, Италија не стигнаа ни до прилика за тоа.
Повторно употребуваш зборови каде што не им е место, мене ми е жал за тоа но треба да си до толку фиром и да прифатиш добронамерна забелешка. Изнесувањето на обичен факт дека 1/2ф. е успех за било која селекција не е
еуфорија туку едноставно и банално утврдување на факти.
Англија како екипа е сепак tier 2 заедно со Хрватска, Уругвај или Колумбија а тоа го прави нивниот пласман во 1/2ф. уште позначаен и заедно со успесите на младинските категории е повод за оптимизам, фактите се тие.
Не можам да тврдам дека си србоман, но тоа што сакаше да го омаловажиш спектакуларниот успех на Хрватска упатува на тоа, можеби и грешам. Потценувањето пак на успехот на Англија е класичен фиромски ирационален момент, истиот муабет го слушнав од еден куп луѓе.
Пополека малце, земи воздух, и пробај да напишеш пост каде што нема да ги скриеш глупостите што ги тресеш со арогантноста во начинот на пишување. Не правиш муабет со кретени кои не те разбираат, за вакви работи да ти проаѓаат незабележително.
Буквално освен првото полувреме, во останатиот дел од натпреварот со се дополнителните 30 минути Англија беше тотално РАЗМОНТИРАНА од страна на Хрватска. Кејн дали бил трагичар или не, ама баш никого тоа не го интересира. Во 1/2 финале велесилата Англија успеа само ЕДНАШ да шутне во рамките на голот на Хрватска.
За земјите што ги ругаш, кои испаднаа во групна фаза или во 1/8 финале со што сакаш да им го омаловажиш успехот во споредба со Англија која стигнала во 1/2 финале ти нема никаква врска. Шпанија како репрезентација самата си се саботираше на ова првенство со тоа што одлучи на два дена пред истото да го отпушти селекторот, на Германија им се одби од глава егото и тоа што се шампиони каде во секој натпревар од групата влегоа со помисла дека веќе им е добиен натпреварот.
Иако ова не е оправдување, ниту тема на муабет, не знам зашто доби причина да ги споредуваш кога муабетот беше Англија. Ова 1/2 финале на Англија е илузија, "успех" кој се заснова на среќа и добивање на полесниот пат од ждребот, отколку успех кој се засновал на играчкиот кадар или игрите што ги прикажале во ова натпреварување.
И ти употребуваш зборови на кои не знаеш или не можеш да им најдеш место. Англија беше единствена која во подолг период (едно добри 60 минути) ја надигра Хрватска. Дури и во финалево Хрватска имаше само еден краток блекаут период од 10 минути кој што французите го казнија со 2 гола, затоа се и број 1 затоа што казнуваат и најмал пад во концентрација, за разлика од Кејн. Останатите 60 минути припаднаа на Хрватска која се разигра и беше подобар противник, создаде повеќе шанси и дадоа гол во продолжението, фер ситуација и си поминаа. Размонтирање е она што Хрватска им го направи на Аргентина, дали можеш да направиш разлика?
Ги интересираше хрватите кога сите ја видоа топката во гол, среќата со стативата и реакцијата на Субашиќ заедно со чудната тракторија на топката беше од одлучувачки значај за текот на мечот, дали тоа за тебе е небитно е најмалку битно, тоа е факт, тоа се случи, го реши финалистот.
Интересно, бараш алиби за Шпанци кои треба да го газат Мароко со петарда а не да спасуваат глава во последни секунди и се вртат како дервиши во џамија со Русија, селекторот го смениле пази wow, Германците имале проблем со его, на Аргентина не им се погодила временска прогноза, Италија не знам Марс не бил во конјукција со Сатурн, значи бараш алиби за тешки бламажи а правиш глупи спинови за да омаловажиш пласман во 1/2ф.
Ама Хрватска има поквалитетен состав, поискусен и подолго време играат заедно, за разлика од Англија. Ако го ставиме тоа на Кантар, некако, 2 места ранг на Сфецко не е некоја голема разлика
Ранкингот на Фифа е нејасен, Полска пример била 7 место на таа листа и носител беше на група а една работа беше извесна и јасна дека ќе испаднат во група, колку е Полска појака од Шведка или ете дури и Русија не знам, така да тој ранкингот на кој сметаат и пријателски е несериозен.