Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Грд почеток на сезоната, ќе треба време овој ростер да се уигра.

Загрижувачки изгледаат работите, ама подобро што уште веднаш на почеток се гледаат јасно слабостите. Како прво, екстремно малку поени се даваат од под кош. Една од најголемите причини е тоа што Вестбрук никој не го чува на периметар, и неговиот човек удвојува други играчи во пик&ролови итн.


Ник хејтерот не е далеку со овој опис во видеово:


Ама не е само до Вестбрук проблемот. На втората утакмица погледнете ги бокс скор статистиките, најмногу +/- делот:

russ-defensive-rating.png



Уште една работа што е јасна после почетоков, не само првиве две утакмици туку претсезоната - судиите некако многу судат за противниците. Посебно се гледаше ова на утакмицата со Феникс. За исти ситуации во кои судеа фаули против Леброн, потоа не ги судеа во негова корист кога тој беше во напат во парелни ситуации. И општо некако имам чуство дека лошо се суди на штета на Лејкерс.

Не дека судењето беше одлучувачко, Лејкерс губат затоа што лошо играат. Само сакав и судењето да го спомнам.


Многу работи има што ќе мора да се адаптираат и менуваат.
Ќе има многу работа Вогел тука.
 
Вестбрук беше скроз погрешна одлука за состав на кој очајно му фали шут, сами се упукаа во нога... Не ми се пишува подетално, а и нема зошто. Готово е, толку беше.

Ај јбг, повеќе среќа следнава сезона... Ако не и рибилд, не би бил против посебно ако може да испадне нешто многу добро на пазар за АД.
Барем последнава утакмица е...


 
Не сум сигурен дали изборот ми се допаѓа или не... Ама ај со среќа. :)
 
... Тоа е страшниот дел. :(

Она малку што прочитав, Антето го фалел за дефанзивни совети.
Многу ме нервира што играчите како ЛеБрон си играт генарални менаџери,го сакал оној тренер,оној играч па не му се допаѓа тактиката па се нешто му фали..Фала му за титулата ама мислам дека многу лошо влиае на целокупниот Лејкерс..Мислам дека е време да се отарасиме од него,јесте да е суперстар ама претерува премногу.
 
Реално тешко да го разменат Вестбрик за нешто асално, и реално тешко дека следнава сезона ќе се дешава нешто позитивно од аспект на титула (ако воопшто и успешна игра). Така да... Да, и јас би го трејдал Леброн за добри асети, играчи и пикови, и би се обидел да направам тим окулу АД после наредната сезона кога на Вестбрик ќе му истече договорот.
 
Тешко АД е склон на повреди, штета што таков талент е уништен. Кевин Лав нема среќа, ама овој дабетер нема. Се надевам дека сега нема пак старачки дом да соберат Лејкерси, туку дека ке склопат сериозен тим, мада како имаат мал простор во буџетот, мислам дека директен влез во плеј офот е максимум следната сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom