За кој како си ја сфаќа целата таа работа околу модата,трендот,среденоста и факторот убавина .
Има луѓе што си ја сфаќаат модата како начин на доживување на луѓето то ест впечатокот што ќе им го остави таа на другите луѓе одоколу. Прости примери гледате секој ден во вашето секојдневие,а да ви помогнам: дома нема за леб да јаде,а се исфолирал со својот стајлинг,опнал убави патики,фармерки,блузи,златни ланци,очила и мобилни(не мора тоа да е марка,важно тој остава впечаток на богаташ), друга пак со нападниот и невкусен (барем за мене) стил мисли дека остава впечаток на опасна,привлечна и посакувана женска,трет пак отепан турбофолкер се облекол ко рапер во душата да е, и така натаму и сето тоа го прави магијата наречена ефект на облека и стил.
Така да, убавината е фактор,бидејќи колку сакате одрекувајте,ама таа е она што човек го забележува на прв поглед,она што привлекува внимание,она што остава впечаток.
А облеката и убавината заедно се тандем на целосниот изглед.