Што мислите за новиот закон за сообраќај?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Овој закон тотално се коси со законот за возачка на 16 години.
На 16 години, ВТФ? И што, треба јас во град да пазам и на напалени 16 годишнаци што сакаат да стиснат на гас а не знаат како?
 
Овој закон тотално се коси со законот за возачка на 16 години.
На 16 години, ВТФ? И што, треба јас во град да пазам и на напалени 16 годишнаци што сакаат да стиснат на гас а не знаат како?
ахам,ќе треба да пазиш,ама тоа е што е.само колку што знам,мислам до 8 навечер смеат само....
 
Каде можам да се обратам и поднесам жалба до администрацијата задолжена за сообраќај?

Денеска бев да си ги земам табличките и новата сообраќајна дозвола и да не навлегувам во детаљи кога веќе дојдов на ред со уредната документација од технички преглед, одјавената стара сообраќајна дозвола, купопродажниот договор на нотар ме информираа на шалтер дека нивната колешка од друг град заборавила да ја одјави колата на компјутер и не можат тие да ми дадат таблички и нова сообраќајна.
Кога ги прашав за чаре, ми рекоа дека поранешната сопственичка треба да појде и да ја потсети службеничката да ја одјави колата.
Да не се расправам и одземам време на другите што чекаа зад мене излегов и се јавив кај сопственичката која ми кажа дека жали, но меѓутоа во моментот оди на пат и нема да може да ми помогне.
Појдов до дома и го најдов документот, односно фискалната сметка со име и презиме на службеничката што ја одјавуваше колата и се вратив пак на шалтерот. Мислам дека не треба да споменувам дека одново чекав долга редица.
Му кажав дека сопственичката е на пат и дека во наредните две седмици нема да може да појде и потсети службеничката, и дали тие можаш да се јават на нивната колешка од Скопје во истиот отсек да ја одјави колата или барем да проверат што е причината што не е одјавена и покрај докуметот што го имам на сообраќајна дека колата е одјавена.

На тоа имав пет различни одговори и ниту еден не се однесуваше на моето прашање.
Првиот полицаец во канцеларијата ми кажа дека може да е колата заложена и ако не е одјавена во полиција на компјутер ќе биде проблем.
На тоа му аргументирав дека си ги преземам сам одговорностите и ако колата е заложена ќе си го исплатам долгот и нив тоа не би требало да ги засега за да ми дадат таблички и сообраќајна.
На тоа ми одговори дека не може како што сакам јас и има закони, кога му реков да ми го приложи законот ми кажа дека нема време да се расправа со мене и не е нивна грешка туку од Скопје и ме упати кај шефот.
Шефот еден пристар човек ми кажа дека службеничката во Скопје не би смеела да ми мавне печат на сообраќајна пред да ја одјави.
Му кажав дека потполно се согласувам со тоа и додадов дека изгледа малку непрофесионално да ги обвинува неговите колеги од Скопје наместо да се јави кај нив и исправи грешката која е направена од причина што се под иста капа и играат во ист тим.
После ми одговори дека требало да сум пазел да ја одјави колата на компјутер, на тоа го прашав дали имам пристап да гледам во неговиот компјутер додека работи?
На тоа кратко одговори не знам, и тогаш ми се крена притисокот и му се развикав дека сигурно би требало од Водовод и Канализација да го знаат одговорот.
Истиот полицаец, односно првиот стана и ме викна во канцеларија и ме упати кон едно момче од 25-6 години од рамковниве браќа за да ми помогни да ја лоцираме колешката од Скопје и завршиме работа.
Проблемот беше што човекот не го владееше добро јазикот и беше пресен вработен во канцеларија.
Човекот мене ми го побара телефонот на службеничката за да се јавел и прашал, небаре колектирам броеви на службенички во МВР.
Му одговорив дека ако го имам досега сигурно ќе се јавев и го советував да се јави во подрачното МВР во Скопје и побара број на Марија Н. Клинчарова и праша што е проблемот.
На тоа ми кажа дека нема број...Во ред е тогаш му реков да ја најде колешката на Ентранет и испрати и-мејл со податоците од автомобилот.
За жал дечкото не знаеше што е Ентранет и и кажа дека такво нешто нема во МВР.
Му објаснив дека тоа е внатрешна мрежа на сите вработени и дека има адреси за сите вработени и би требало лесно да го најде.

Да не тупам многу до крај има некој абер што треба да направам да си ги земам табличките од колата и сообраќајната?
 
Дечки во новиот закон http://www.mvr.gov.mk/Uploads/ZBSP- neoficijalen precisten tekst od 20.11.2012.doc.pdf стои дека 55. ,,Возач-почетник” е секој возач на моторно возило во период од две
години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја
добил во Република Македонија или во странство. Возач-почетник е и возач на
моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката
дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за
друга категорија;

ЗНАЧИ НЕМА ПОТРЕБА ОД 21 ГОДИНА.
 
Дали возач почетник смее да вози камп приколка?
 
Каде можам да се обратам и поднесам жалба до администрацијата задолжена за сообраќај?

Денеска бев да си ги земам табличките и новата сообраќајна дозвола и да не навлегувам во детаљи кога веќе дојдов на ред со уредната документација од технички преглед, одјавената стара сообраќајна дозвола, купопродажниот договор на нотар ме информираа на шалтер дека нивната колешка од друг град заборавила да ја одјави колата на компјутер и не можат тие да ми дадат таблички и нова сообраќајна.
Кога ги прашав за чаре, ми рекоа дека ...
Како се разреши ситуацијава?
 
Како се разреши ситуацијава?

Уф ти одговорив е не знам од кој причини не сум го проследил постот или пак нешто серверот ме заебал.
Набрзинка сега за да му помогнам на останатите во слична ситуација. Инаку идиотите што работат во нашата килава администрација не ми помогнаа ништо како по обичај.
Пробувајќи да најдам нешто за поплаки налетав на страната од www.uslugi.gov.mk и таму се јавив кај една службеничка која што е задолжена за тоа.
Истата ме упати до началникот на сообраќај со име Осман Љиман ако не се лажам.
Тој ме ислуша, реагираше навистина експресно и за 15 минути ми се јави по телефан да ми каже да си ги земам таблиците.
Единствена светла точка во оваа цела администрација беше токму тој господин.

Потоа имав одново перипетии бидејќи неспособните копуци кај нас ми ја загинаа уплатницата за табли додека ровареле во документите, па одев до технички и за среќа со пријатели таму успеав да најдам копија и завршам работа.
Катастрофа, жива среќа што сум невработен. Не знам како би завршил нешто работа човек кој оди на работа и ја користи паузата за ручек или пак ги фаќа после 15 часот кога се скоро сите разбегани.

И арно ми беше попладнево, што ти текна да прашаш за ова? :cautious:
 
денес следев некоја дискусија на хрватски сајт, испаднав глуп со мислењето дека пешакот е неприкосновен на зебра... кај нив пешакот пред да стапне на зебра мора да застане и да ја процени брзината на автомобилот, т.е. да не поминува ако автомобилот вози брзо ... а ако автомобил на свое зелено згази пешак , пешакот е крив ... а кај нас кај Бисер страва да те фати, истрчуваат на пешачки... а имаше уште полошо во времето на сфрј, му ја гледав пресудата на нашиот шофер од работа што со комбе малку огребал некоја инатчика која на негово зелено упорно не му давала да помине на раскрсница... го казнија 8500 ју динари, мислам пола плата беше тоа... а утврдиле возел со брзина 8 км/ч :mad: ... а и сега има такви, ако ти е зелено и свирнеш со сирена на пешак(пешачка) знае за инат да се врати и да ти застане.. е не те пуштам
.. еве добар јапонски детски цртан фил за сообракајот
 
Уф ти одговорив е не знам од кој причини не сум го проследил постот или пак нешто серверот ме заебал.
Набрзинка сега за да му помогнам на останатите во слична ситуација. Инаку идиотите што работат во нашата килава администрација не ми помогнаа ништо како по обичај.
Пробувајќи да најдам нешто за поплаки налетав на страната од www.uslugi.gov.mk и таму се јавив кај една службеничка која што е задолжена за тоа.
Истата ме упати до началникот на сообраќај со име Осман Љиман ако не се лажам.
Тој ме ислуша, реагираше навистина експресно и за 15 минути ми се јави по телефан да ми каже да си ги земам таблиците.
Единствена светла точка во оваа цела администрација беше токму тој господин.

Потоа имав одново перипетии бидејќи неспособните копуци кај нас ми ја загинаа уплатницата за табли додека ровареле во документите, па одев до технички и за среќа со пријатели таму успеав да најдам копија и завршам работа.
Катастрофа, жива среќа што сум невработен. Не знам како би завршил нешто работа човек кој оди на работа и ја користи паузата за ручек или пак ги фаќа после 15 часот кога се скоро сите разбегани.

И арно ми беше попладнево, што ти текна да прашаш за ова? :cautious:
:pos: Си ме изнасмејал со ова болдираново.
 
Знае некој дали возач почетник воопшто смее да вози на автопат или не смее? Дали има некои ограничувања на брзината ако смее да се вози? Дај ако знае некој да ми одговори на ова, барав назад не најдов, едни велат не може, други велат дека има ограничувања на брзината...

Најглупи закони имаме, што држава ќе беше ова! :facepalm:
 
ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
(Пречистен текст од МАРТ 2014 година)

Член 240
(1) Возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите ,,А”, ,,Б” и ,,Ц”, односно од поткатегориите ,,А1” и ,,Ц1”, не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40 километри/час,ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола.
(2) Возачот од ставот (1) на овој член, не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23 часот до 05 часот, освен ако со него во возилото се наоѓа лице – возач постаро од 25 години,на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
(3) Возачот од ставот (1) на овој член, кој поседува возачка дозвола од ,,А” категорија, не смее да управува со возило чија силана моторот е поголема од 25 киловати.
(4) Возачот од ставот (1) на овој член кој поседувавозачка дозвола од ,,Б” категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати.
(5) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите од (1) до (4) на овој член.
 
Одредбиве со возач почетник и забрана за алкохол после 7, мислам дека се убедливо најдебилните,најглупите и најнепотребните закони некогаш донесени во оваа држава, ова за возач почетник мислам дека го има само во Македонија и во Србија, за други држави несум слушнал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom